|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мајки откриваат што ги изненадило по породувањето

Редакција Рингераја, 1.8.2022
Мајчинството е едно од најубавите животни искуства. Колку и да читате и да слушате туѓи искуства, има работи што ве изненадуваат по првото породување

image
/11



Неколку жени решија да ги споделат нивните искуства за промените што им се случиле во животот откако станале мајки.

Не сум повеќе гадлива

Пред две години не можев да замислам дека секој ден некому ќе му го бришам носот или ќе му менувам пелени. Тие „непријатни“ работи сега ги правам секој ден и не ги доживувам толку негативно.

Се заљубив на прв поглед

Кога бев бремена ми кажуваа дека ќе го сакам бебето повеќе од себе. Тоа ми звучеше неверојатно. Ми беше тешко да поверувам дека е можно да си посветен на некој друг на таков начин. Покрај тоа, иако отсекогаш сум сакала свое семејство, никогаш не сум бил од оној тип на жени кои сакаат да менуваат пелени и да стојат над шпорет. Бев скептична. Меѓутоа, кога бабицата ми го стави бебето на гради, тоа беше љубов на прв поглед во истиот миг.

Уште изгледав како во шестиот месец од бременоста

Сите мајки го знаат ова. Многу е непријатно. Знаев дека ќе имам вишок килограми по породувањето, но бев затечена од фактот дека во првите неколку недели изгледав како тесто во рерна. Матката се шири во бременоста, па треба да помине време додека с? е врати на свое место.

Доењето е една од најтешките работи што сум ги направила во животот

Иако доењето звучи како природен и едноставен процес, мене ми беше многу напорно. Морав да внимавам што јадам и што не смеам да јадам за да имам млеко. Исто така, беше тешко да ги усогласам моето време со потребите на бебето за јадење во одредено време. Покрај психичкиот стрес, доењето исто така физички исцрпува.

Не знаев колку е прекрасна детската прегратка

По природа сум нежна и сакам да се гушкам со сопругот. Но ништо не се споредува со гушкањето со бебето. Тоа навистина е единствен момент кога некому безусловно му се предавате. Кога син ми ќе ги стави рачињата околу мојот врат и ќе ме бакне во образ... тоа е совршенство!


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
4
Дознајте каква боја на очи ќе има Вашето д...
Изгледот на детето секако зависи од комбинацијата на генетскиот материјал од родителите. Родителските гени се мешаат, а ...
4
Педијатарот и родителите
Педијатарот, секогаш за свои партнери ги има родителите бидејќи имаат заеднички интерес, а тоа е здравјето на детето
4
Претоплувањето на децата е опасно!
Прекумерната топлина не е помалку опасна од студот и тоа треба да го знаат сите родители. Битно е да одржувате оптимална...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?