|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мајка создава уметност на чинија од оброците од ќерката

Марина Кљајиќ Петковски, 2.8.2021
Доколку готвењето е ваша страст и уживате во готвењето за другите, веројатно се гордеете со тоа како ги презентирате вашите оброци. Но, дали го претворате појадокот, ручекот и вечерата во полноправен уметнички проект?

image
/11


39 годишната Кристина Питроповска од Ресен, дипл. економист, мајка на Димитриј (16 години) и Илијана (скоро 2 години), секојдневните оброци ги претвора во неверојатни уметнички дела. Од портрети на животни до ликови од цртаните филмови , секој впечатлив оброк не само што изгледа неверојатно креативно, туку и се состои од здрави состојки.

Таа секојдневно споделува фотографии и рецепти од креативните чинии на инстаграм профилот 

Рингераја: Претпоставувам се согласуваш дека еден од најголемите предизвици на мајките е да ги хранат здраво своите деца. Како дојде до идеја за да создаваш вакви оброци?  
Кристина:Секако се согласувам. Најголема грижа за мајката е што да му се понуди на детето да јаде и да не биде гладно. Јадено дете-мирна мајка.  
Идејата за моите креации дојде спонтано барајќи начин како да ја натерам мојата ќерка да јаде. Тогаш кога почнав таа беше 12-13 месеци и воопшто не беше заинтересирана за храна. Пробав се да ја натерам да јаде и некако со креациите во чинија најмногу успеав.  
Рингераја: Мајка си на две деца, тинејџер и тодлер. Како е да се биде родител на деца со поголема возрасна разлика?  
Кристина: Па разликата од 14 год и 2 месеци е голем предизвик. Потребите и грижата за децата е огромна, но различна. Од една страна се грижам за Илијана дали е јадена, чиста, ја чувам да не се повреди бидејќи е многу темпераментна... Од друга страна за синот кој е веќе 16 години покрај основните потреби, се грижам каде е, со кого е, кога ќе се врати од вечерно излегување, да не посегне по некој порок, дали внимава играјќи кошарка или возејќи мопед или велосипед. Кај него и обврските и грижата се поголеми, иако додека се мали децата сакаме само да пораснат.  
Но истовремено оваа разлика многу убаво ја прифативме сите. На еден мал, бесен тодлер сме тројца возрасни. Исто така имав доволно време да се посветам на синот додека растеше, а сега можам повеќе да бидам со ќерката. 
3

Рингераја: Какво е твоето трудничко и породилно искуство? Твојот став за доењето?  
Кристина: И двете бремености и породувања ми беа како на филм (имам умни деца кои не ја мачеа Мама, ха, ха, ха) . И двата пати сите 9 месеци ги поминав на нога. За првата бременост очекувано бидејќи имав само 22 год , но за втората искрено со 37год. на почетокот малку бев исплашена, но поминав полесно отколку што очекував.  
Доење... Најубав период за една мајка, во кој сеуште уживам. Фактот што Илијана на 21 август полни 2 години а уште е страствен цицач мислам го опишува мојот став за доењето. А колку е здраво доењето можам да кажам само дека Илијана веќе 2 год ќе полни а не знае зошто служи докторскиот сет за играње. Инаку синот го доев 11 месеци и ми е мака што не траеше подолго, а со ќерката ќе видиме до кога. 
Рингераја: Од кога почна со дохрана кај децата?  

Кристина: За синот од 4 месеци што мислам дека избрзав. А ќерката од 6++ месеци. 

Рингераја: Кога станува збор за исхраната, што е она што според тебе е поинаку со второто дете за разлика од првото?  
Кристина: Со оглед на големата разлика, многу работи се изменети. Сега живееме во едно ново време преплавени со информации, достапни производи кога можеме да им овозможиме на децата повеќе. За второто дете повеќе внимавам исхраната да биде здрава, разновидна, да не внесувам непотребно  шеќери, сокови, пржена и зачинета храна. Не дека синот го хранев нездраво, но сепак сега повеќе внимание посветувам на тоа. Сега со дохрана почнав подоцна, наоѓам лесно рецепти за здрави оброци, дојам без грижа дека е голема... 
Рингераја: Од каде наоѓаш инспирација за ваквите оброци?  
Кристина: На почетокот од интернет пред се Instagram, Pinterest, Facebook, од мајки кои се занимаваат си креирање на оброци. Но како што минува времето идеите сами доаѓаат. Го спремам јадењето и веќе го замислувам како може да биде декорирано во чинијата. 

Рингераја: Дали децата учестуваат во готвењето и декорирањето? 
Кристина: Искрено синот не. Има други интереси и афинитети. Може да купи некоја намирница со сопругот или да каже некоја идеја. А ќерката е со мене цело време. Со неа ги подготвувам најчесто. Се качува на стол во кујната и ми помага. Ми подава, фрла во ѓубрето тоа што не треба, ми дегустира... Цело време зборувам што правам и веќе и таа разговара со мене. Знае каде треба окото, ушето или цвеќето да се стави. Ги препознава ликовите и предметите. 
Рингераја: Колку време одзема креирањето на еден оброк?  

Кристина: Има оброци кои ги спремам за 2-3 минути. Пример Дино од лубеница пред некој ден. Некои одземаат 20-25 мин, но воопшто не ми е тешко, напротив ме исполнува и радува, посебно кога ќе ги направам баш онака како што ги замислувам. 

Рингераја: Што од намирници најчесто избираш во создавањето на креативните оброци? Која храна е подобра за декорирање?  

Кристина: Пред се здрава и разновидна храна. Често белото брашно го заменувам со хељдино, интегрално или овесно, маслото со путер, шеќерот со малтекс или сируп од урма, какаото со рогач...Многу користам наут, просо, тиквица, морков... Инаку подобра храна за декорирање е свежото овошје и зеленчук. Но често правам и мешавини, како и креации од зготвена храна. Но која креација да ја видите ќе забележите дека е здрава и избалансирана според потребите на детето. 

Рингераја: Имаш ли некоја омилена декорација? 
Кристина: Имам омилени повеќе. Некои заради изгледот, а некои заради што на Илијана и се допаднале по вкус. Овие 4 ги издвојувам како мои фаворити.  
1
2
3
4

Рингераја: Што им е омилена храна на децата? 
Кристина : Хммм... Моите деца обожаваат зеленчук и овошје.За синот кој до скоро јадеше се и разновидно, сега можам да речам дека е многу изменет во исхраната. Се трудам сеуште да внесува здрави намирници, но сепак омилена му е пицата.  
На Илијана која јаде повеќе работи, но минимално омилено јадење кое го јаде без молење и целосно ( покрај овошјето) е палачинка од јајце, тиквица и морков со рендана моцарела. Неколку пати ја имам постирано на мојот профил. 
Рингераја: Има ли нешто што и покрај трудот сепак остана како непожелна храна за нив?  

Кристина: И двајцата не се големи љубители на месо. Најчесто го давам во чорби. Синот не јаде киноа, хељда и тиква кои Илијана пак ги обожава. Таа пак не јаде леб. Не дека го форсирам лебот ( житарки прима варени од цело зрно за доручек со овошје), но чудно бидејќи обично децата го сакаат. 

Рингераја: Дали за родендени на децата си им креирала вакви оброци?  
Кристина: Искрено не. Но многу сакам. Нешто планирам дали за роденден/именден ќе видиме.  
Рингераја: Што за тебе претставува мајчинството?  

Кристина: Мајчинството не се опишува, само се доживува. Период кој почнува кога тоа мало суштество наречено бебе се раѓа и го зазема целото ваше внимание, ве учи на една безусловна до тогаш непочувствувана љубов и станува оска на вашиот свет. Период кој бара огромна посветеност, пожртвуваност, љубов, смиреност, со цел да ги извадиме децата на прав пат. Да им дадеме крилја за сами да се снаоѓаат во животот, а истовремено да знаат од каде потекнуваат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
6
Интервју со Елена Мазниковска: Станав мајк...
Елена Мазниковска е сопруга, мајка и блогерка. Ви ја претставуваме нејзината страница на Инстаграм и ви ја споделуваме н...
5
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Како да препознаете дисхармоничен развој к...
Со навршени 2 години пред родителите се појавуваат многу прашања кои многу често си ги поставуваат за растењето и психом...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?