Anonimen во 14:09
на тема Хипофиза аденом и терапија
“Отсекогаш, најмногу од се друго, сакав да имам семејство. Тоа беше она за кое сонував уште од малечка”- изјави таа за весникот Scottish Daily Record reports.
Во Август 2008 година, Телфер почнала да се чувствува лошо. Нејзините родители ја однеле на лекар, каде било установено дека таа има рак-Hodgkin’s lymphoma.
Почнувајќи од jануари 2009 година, таа почнала да прима хемотерапија на две недели, цели 6 месеци. Процесот бил премногу болен, изјави таа, но во месец август истата година, таа била излечена и подготвена нормално да продолжи со својот живот.
Кога болеста се вратила следната година, таа била принудена на премногу јака хемотерапија, која траела напорни 90 часа во изолација на три пати. По сето тоа не знаела дали ќе биде здрава, но се чувствувала подобро. Почнала да излегува со пријателите на пијалок и една вечер го запознала нејзиниот партнер Стефан. Во мај 2010 година, среќната двојка била израдувана од докторите на Телфер дека болеста ја нема, но нивните соништа биле урнати со веста дека е неплодна.
American Cancer Society вели дека тешко е да се предвиди дали жената ќе биде во можност да има деца по хемотерапијата. На тоа најмногу влијаат лековите кои се примаат. Статистички околу 50 % од жените, за жал, остануваат неплодни.
Докторите на Телфер и соопштиле дека нема да може да има деца во иднина. Таа вели: “Секако, губењето на плодноста е мала цена, за да ми го спасат животот, но навистина бев премногу разочарана.”
Но ете, по две години, таа дознава дека е бремена и го носи на свет синчето Харис на 27-ми ноември, 2011 година.
“Животот е фантастичен. Никогаш не сум била посреќна. Тој е право волшепство, чудо.” – вели Телфер.
Среќната двојка планира и второ дете.
Ова нека биде поттик за сите кои се борите со некаква болест и кои се соочувате со неплодност! Чудата се случуваат!
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Ќотекот како воспитна мерка беше наслов на дискусија на еден наш форум...
Елена Џебр: Дали ќотекот е воспитна мерка?
Во минатото удирањето на децата како дисциплинска мерка било нормално,...
Болна исповед: Родив мртвороденче
Прекрасен инстаграм профил кој привлекува внимание е @kidslovetravelin...
2021: Бебе родено со антитела на коронавирус
Во Бугарија е родено бебе со антитела на коронавирус. Мајката се зараз...
Сексуална активност и оргазми за време на бременоста?!
„Сексот за време на бременоста е добар за вашето тело, за вашата самод...