|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мајчиното млеко е незаменлива храна за доенчето

Редакција Рингераја, 6.4.2015
Иако доењето е природна појава - не треба да сезаборави дека е потребно трпение и вештина за да се научат и бебетои мајката на правилно доење. Прочитајте ги советите за успешно доење

image
Доење
/11


Мајчиното млеко поради својот состав и квалитет е незаменлива храна за доенчето.Веднаш по породувањето започнува да се воспоставува лактацијата кај мајката. Првото млеко кое се нарекува колострум и започнува да се лачи уште во последните три месеци од бременоста и е богато со многу антитела. Цицањето е најголем поттик на надоаѓањето на млекото поради што е значајно доенчето да се стави на дојка што порано. Иако станува збор за природна појава - не треба да се изуми дека е потребно трпение и вештина за да се научат и бебето и мајката на правилно доење. Доењето го поттикнува и лачењето на окситоцин кој пак предизвикува контракции на матката и побрзо враќање во првобитната состојба, но и го стимулира доењето.

Доколку млекото не се исцицува доволно од страна на бебето, доаѓа до застој во каналите на дојката и можни компликациии како што е - воспаление на дојката и разранети брадавки (рагади). Со упорно и редовно доење, овие компликации можат да се избегнат.

 

                  Предностите од доењето за бебето:

 

  • содржи се што му треба на бебето во првите шест месеци
  • лесно е сварливо и предизивикува помалку стомачни тегоби како грчеви
  • тоа е бактериолошки исправно и го штити бебето од дијареа (пролив)
  • го подобрува имунитетот на бебето, инфекциите се поретки кај овие бебиња
  • го унапредува севкупниот развој на бебето
  • блискиот контакт со мајката го унапредува емотивниот и психичкиот развој на бебето
  • го намалува ризикот од хронични заболувања понатаму во животот (алергија, aстма, дијабет, гојазност и разни инфекции)
  • Нема “слабо” или “лошо” млеко, тоа е секогаш чисто, топло и спремно


Предностите од доењето за мајката

  • Психолошки ефект (мајката се чувствува среќна и задоволна);
  • го потпомага намалувањето на крварењето од матката по породувањето
  • има ограничен контрацептивен ефект (потребна е консултација со гинеколог)
  • го намалува ризикот од одредени заболувања кај жената (карцином на дојка и на овариуми, остеопороза);
  • мајката има повеќе време за одмор
  • едноставно е и ефтино.

 

Како до успешно доење?

  • Оптимално е првиот подој да се случи што порано, во првите 24 часа по раѓањето. Првите недели се пресудни за успешно восоставување на доењето.
  • блискиот контакт на мајката и бебето непосредно по породувањето и честото доење се најдобри поттикнувачи на доењето
  • во почетокот бројот на подои е од 8-12 во текот на 24 часа,дојката се нуди на секој знак на барање на детето
  • Кон крајот на третата недела се воспоставува правилен ритам на доењето, помеѓу 4. и 6. недела бебето обично престанува да бара да цица ноќе, а бројот на подои обично се намалува на 6 до 8подои на ден
  • подоите обично траат 10-20 минути, но треба да се остави бебетосамо да одреди колку долго ќе цица; важно е да цица доволно
  • долго за да може да го исцица т.н. “последно млеко” кое е богато со масти и со калории
  • во првиот месец се нудат двете дојки, а потоа може да се користисамо една дојка за еден подој
  • пред секој подој дојката треба да се измие со топла вода без сапун, а после подојот да се измијат со вода и благ сапун и да се просуши со тапкање со чиста крпа или да се исуши на воздух
  • болните брадавки (рагади) не се причина за престанок надоењето. Проверете дали е добра поставеноста на бебето на дојката
  • за да не дојде до застој на млекото во дојките, ставајте го штопочесто бебето на дојка, а после секој подој испразнете ја дојката. Топли и суви облоги и удобен прслук, како и редовно измолзување на млекото ќе ви ги намали тегобите
  • мекоста на дојките не значи дека немате доволно млеко;
  • да не се нуди шише или цуцла, затоа што тие ќе го  збунат вашето бебе.
  • емоционалната поддршка од целото семејство ќе ви ја зголеми самодовербата и истрајноста
  • прифатете ја секоја помош во водење на домаќинството, за да имате што повеќе време за одмор.
  • исклучиво само мајчино млеко се препорачува во првите 6 месеци од животот, а потоа се продолжува со доење барем до наполнети12 месеци, а според Светската здравствена организација (СЗО) до 24 месеци.

 

Правилно доење на бебето

За време на доењето мајката треба да биде опуштена, удобно сместена, а во просторијата каде се дои треба да има пријатна атмосфера, да биде благо осветлена и проветрена;


Детето поставете го правилно на дојката, така да:

  • бебето ја опфаќа брадивицата со широко отворена уста
  • брадата е залепена за дојката
  • рамениците и градите на бебето се свртени кон мајката
  • долната усна е превртена кон надвор
  • брадавицата и темниот прстен околу неа се во устата на бебето
  • мајката не чувствува болка при доењето

Најдобри знаци дека доењето е успешно се:

  • има 6-8 добро намокрени пелени дневно и најчесто 2-5 златно-жолти столици во текот на 24 часа,
  • бебето просечно напредува 140-180 грама неделно, односно 450-700 грама месечно.
  • цица секои 2-3 часа
  • има еластична кожа со добра боја,
  • изгледа здраво и задоволно, активно е, весело и има добар мускулен тонус

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
4
Мајчината прегратка го врати бебето во живот
Мајката Kate Ogg родила близнаци, меѓутоа докторот и соопштил дека, за жал, едното бебе е мртво
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
3
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?