|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Мајчината книшка се враќа во употреба

Редакција Рингераја, 13.6.2012
Мајчината книшка која беше задолжителна пред десетина година за секоја бремена жена, повторно ќе се воведува. Министерот Никола Тодорв објасни дека ова се прави со цел да се подобри здравјето и квалитетот на животот на трудницата и новороденчето

image
/11


 

 

Со цел да се следи здравјето на жените, секоја трудница ќе треба да поседува мајчина книшка, документ кој задолжително се употребуваше пред десет години, најави вчера министерот за здравство Никола Тодоров.

Обновувањето на овој документ го објасни со фактот дека користењето на овие книшки дало резултати.

- Целта ни е да се подобрат здравјето и квалитетот на животот на бремената жена, како и да дојде до намалување на здравствените ризици за здравјето на мајката и на доенчето. Kнишката е еден вид протокол кој ги предвидува сите чекори што треба да се преземаат во текот на бременоста и ниту еден не треба да биде пропуштен. Ќе имаме здравствени информации за секој стадиум и секоја фаза од бременоста. Ќе се следи континуирано и може многу полесно да се преземат сите потребни мерки што ќе се утврдат во текот на прегледите што ќе се прават - истакна Тодоров.

Мајчината книшка, заедно со предвидените редовни прегледи, е една од формите за борба против смртноста на доенчињата, која според статистиката, во првите месеци е во пораст. Според него, податокот за смртноста на доенчињата во првиот квартал е загрижувачки иако вели дека податоците се само за првите месеци и оти треба да се направат анализи на годишно ниво и да се најдат причините за тоа.

Тој објасни дека 10-ина доктори за целата територија се малку и оти за надминување на оваа состојба дадени се согласности за прием на нови доктори на Kлиниката за онкологија и дека наскоро тоа ќе се направи и на Институтот за патологија.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненадени кога ќе дознаат дека технички сe уште можеби н...
7
Природно, со епидурал или царски рез. Што ...
Породувањето е еден од најважните моменти во животот на една жена.
6
Јајцата се најполезна храна за трудниците
Јајцата се најполезната храна за бремените, бидејќи ја намалуваат веројатноста за предвремено породување, за мала тежина...
5
Бременост по недели
Сакате да дознаете што се случува со вашето тело, како бебето се развива и расте, како и што се врти низ главата на идни...
4




Анкета

Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16

Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.