|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Логопедски игри за деца со развојни потешкотии

Мр. логопед Светлана Трнинкова, 18.7.2020
Логопедски игри за развивање на сознајните функции и способности на мозокот кај децата, или развивање на елементарните гностички функции

image
/11


Прво ниво на развивање на сознајните функции

Играта има 18 форми.

3 кругови, 3 квадрати, 3 триаголници, 3 ѕвезди, 3 цвета, 3 деца. Сите форми се во 6 бои и три големини. Големо, поголемо, најголемо.

Ова се боите кои треба да ги има. Сина, зелена, бела, црвена розева и жолта.

Димензиите на формите треба да се на големите 3см, поголемите 5 см и најголемите 10 см.

Следува првото и основно ниво на сознајни барања по кои детето треба да постапува. Ако има потешкотии се работи дел по дел на секое барање и се фаќа раката на детето. Се кажуваат кратки, јасни и конкретни реченици.

1. Подели ги сите форми врз основа на бојата и стави ги на различни купчиња.

2. Стави ги на посебни купчиња формите врз основа на големината без разлика на бојата.

3. Собери ги на куп сите мали форми на фигури без разлика на боја.

4.Собери ги во купче сите форми на фигури со средна големина.

 

Од купот на помешани форми на фигури врз основа на вербален налог се бaра од детето да извлече само една форма на фигура.

5. Пронајди една мала жолта ѕвезда.

Му се посочува на детето да  помине врз краевите на формата, да ја спореди со некој предмет од нашата непосредна околина. Како мало столче, како куќа, како топка.

 

Второ ниво на вежби за развивање на сознајните функции

Оваа вежба веќе е посложена и за неа се потребни развиени говорни способности деца од 7 годишна возраст и нагоре. Не се исклучува можноста да се изведува и со деца кои имаат забавен психомоторен и говорен развој кој не одговара на соодветната календарска возраст но и децата со посебни потреби со лесна ментална заостанатост со календарска возраст и над 10, 11 и повеќе години. Чекор по чекор со помош и поттик се подобруваат сознајните способности на децата. Логопедот, родителите и дефектолизите реедукатори знаат дека трпеливоста и упорноста во работата со децата ги дава соодветните резултати. Нека се тоа и мали чекори, но тие се многу важни за психомоторниот развој на детето.

Материјалот кој е потребен сами го изработуваме од цврст картон или листови А4-формат во разни бои и по дебелина се разликуваат од обичната бела хартија која ја користеме за печатење.

6 кругови, 6 квадрати, 6 триаголници. 6 ѕвезди, 6 цветови, 6 момчиња. Сите форми се во  3 големини како и предходно и во 6 основни бои бела, црна,црвена, зелена и сина  и жолта. Големината ја дефинираме со зборовите – големо, поголемо, најголемо.

За изведување на овие вежби имаме  и соодветни наредби кои децата ги извршуваат самостојно или со помош и поттик.

1. Измешаните форми подели ги според соодветниот облик - кругови, триаголници, квадрати, ѕвезди, цветови и момчиња.

2. Измешаните форми подели ги според соодветната боја.

3. Подреди ги формите една по една според големина, па така да се подредат триаголниците според големина квадратите според големина, круговите според големина, цветовите според големина, момчињата според големина.

На помалите деца и со потешкотии им се дава да подредуваат по 2 до 3 форми ништо повеќе. Ако им се даваат повеќе барања тие ќе се исфрустрираат и ќе доживуваат неуспех, и брзо ќе се откажуваат од доаѓањето до соодветно решение. Ова се само основни примери за дадени барања, понатаму останува барањата да се индувидуални и според креативноста на стручните работници. Богатење  со нови поими и сознанија за се она што го опкружува детето станува психички стабилно и верува во своите способности. Резултат е позитивната слика која ќе ја изгради за себе како личност, која се адаптира и одговара на барањата од социјалното опкружување.

 

Изработил - Мр Логопед, Дипломиран дефектолог реедукатор олигофренопедагог, Светлана Трнинкова

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најлудите свадбени фотографии
Младенците се трудат да изгледаат совршено на фотографиите од венчавката. Погледнете што значи кога за време на фотограф...
4
Права на децата низ илустрации
Децата имаат права затоа што се деца и не треба да ги заслужат своите права. Наша должност е да ги научиме на нивните пр...
3
Марија Монтесори: Методи на воспитување на...
Методите на Монтесори врз развојот на децата лежат на нивната природна интуиција и креативност. Набљудувајќи ги децата, ...
3
Се викам Љубов
Сакам да дојдам изненадно, кога не се надевате, сакам да ви го одземам здивот и моќта за говор.
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?