|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

ЉУБОВТА ПОБЕДУВА СE! - прв мјузикл за деца

Три Стар, 21.5.2015
Во петок, 22 мај во 14 часот, ќе се изведе првиот македонски мјузикл за деца со наслов “Љубовта победува сe” на сцената на Театар Комедија

image
/11


 

Зад оваа идеја стои скопската градинка Раде Јовчевски Корчагин на чело со директорката Злата Николиќ. Целата реализација е благодарение на посветеноста на сите вработени во градинката, а се со цел создавање на здрави и културни генерации. Мјузиклот е според идејата на Злата Николиќ и според сценарио и режија на Афродита Кирјаковска. Автор на музиката е Борислав Јоргушески, а за костимографијата и кореографијата се погрижија Ратка Џамбазова Коцев и Ема Достинова. Зад продукцијата се потпишува ДО РЕ МИ, гитара Виктор Захариев и координатор Лидија Поповска.
Главни јунаци се секако децата од градинката кои ги играат улогите за овошјето и зеленчукот. Останати носители на дејството се Кралот Кромид-Кире Ристески, Кралицата Јаболко-Анастасија Низамова, Учител-Светлана Лукарова, Раскажувач-Илина Матеска, Сестра-Божана Гошева, Брат- Симеон Гошев и Хор-Воспитувачите од градинката.

Овошјето на чело со својата кралица-Јаболкото и зеленчукот со својот крал-Кромидот, се натпреваруваат “Кој е поважен за децата и нивното здравје”. Додека тие војуваат, братот јаде нездрава храна од која се разболува. Сестрата ги моли овошјето и зеленчукот да му помогнат во исхраната на братот за тој да оздрави. Така и се случува благодарение на љубовта, овошјето и зеленчукот се здружуваат, му помагаат на братот да се храни правилно и да оздрави. На крајот ЉУБОВТА ПОБЕДУВА СЕ!
Ваквата иницијатива и посветеност за правилниот развој на децата, не убедува дека од првата инстанца на воспитна институција излегуваат правилно оформени здрави луѓе.


Лице за контакт:
Борислав Јоргушески
078 313 607

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Група: Хуманитарна помош за настраданите
Ве известуваме дека на социјалната мрежа „Фејсбук“ веќе активно и континуирано функционира групата Humanitarna pomos za ...
3
Кравичката Алми Ви носи специјална награда!
Во секој од петте натпреварувачки денови, во непознат час, некаде на екранот ќе се прикаже СПЕЦИЈАЛНА АЛМИ КРАВИЧКА. Што...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?