|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Интервју со Проф.Др. Ферид Мухиќ

image
/11


Единственото нешто што ни остана во овој наш отпаднат свет, од благословениот од Творецот, начин на постоење во рајската градина, е семејството.
Од самиот момент на нашето отпаѓање како човештво - преку прародителите Адам и Ева - од нашиот Творец и од Неговото Царство, па низ сите векови, семејството ни ја сведочеше, не поучуваше и не воведуваше во врвната смисла, сила и мотив на постоењето - љубовта.
Во својата книга “Уметноста на љубовта” Ерих Фром ќе напише:

“Љубовта е активна сила на човекот, сила што ги пробива ѕидовите кои го раздвојуваат човекот од неговите ближни, која го соединува со другите.” 

 

 

Рингераја: Секој човек има свои приоритети и ги подредува работите по важност. Од претходниот разговор сфатив дека Вас како и најголем број луѓе во Македонија и во светот, најважно Ви е семејството. Заради Вашата презафатеност, ангажираност, како успевате да ги подредите Вашите приоритети?

Проф. Ферид Мухиќ:  Прецизна и јасна свест за приоритетите е основа не само за добар живот туку претставува нужен услов и за самиот опстанок! Семејството е онаа основна клетка, прото-нуклеусот на општеството, темел на идентитетот на поединецот, изворот и основата на неговата виталност, оптимизмот и дотолку, негов највисок приоритет. Оваа највисока позиција на семејството на листата на приоритетите е императивна. Таа не остава простор за супституирање, комбинирање, рокади! Првото место на семејството е секогаш прво – семејството е претплатено на првата позиција на ранг листата на приоритетите на секој човек кој сака да остане “татко“, “син“, “сопруг“, “брат“, “чичко“, “вујко“... односно “мајка“, “ќерка“, “сопруга“, “сестра“... Тука значи нема никаков избор! Како да се подредат приоритетите за овој апсолутен императив тотално е ирелевантно! Секој нека го најде својот модел.     

Рингераја: Како животното искуство и превисоката едуцираност Ви помагаат во раководењето со семејството и кариерата?

Проф. Ферид Мухиќ:  Едуцираноста и животното искуство често стојат на спротивни позиции. Најдобро е кога тие ќе се обединат во единствена акција, кога ќе се усогласат. Тогаш се реализира синергија, силите се обединуваат и најдоброто решение за најтешки проблеми најбргу се наоѓа. Кога сепак ќе се најдат во непомирлива кавга, кога компоромисот не е можен, јас му давам предимство на животното искуство над образованието. Но, тоа се ретки ситуации. Најчесто образованието претставува голем сојузник и помошник во регулација на семејните работи и со голема сигурност го води семејниот брод низ сите искушенија.

Рингераја: Вие сте многу силна личност и знаеме дека тоа може да биде голем притисок за семејството, поточно за децата. Како ја балансирате љубовта, насочувањето на семејството и желбата на децата за кариера?

Проф. Ферид Мухиќ:  Под големи стебла тешко виреат фиданки. Во основа тоа е вистина. Па сепак, луѓето не се стебла, не се билки. Авторитетен родител, сеедно, таткото или мајката, може свесно да го релативизира својот доминантен карактер. Галење и играње со децата, непретенциозни и ведри дружења на целото семејство, бездруго се најдобар рецепт да ги ослободите децата од притисокот на родителски авторитет дури и на најсилна личност. Консултирање со децата, разбирање на нивните мотиви и безрезервна подршка во нивните амбиции кои се општествено прифатливи, е дополнителен фактор за осамостојување и стекнување взаемно разбирање на сите, меѓу сите членови на семејството и темел на самодовербата и интегритетот на децата.  

Рингераја: Сакаме да чуеме од вас, посебно од вас, за балансот на половите во бракот и за стереотипите кои постојат во Македонија?

Проф. Ферид Мухиќ:  Зошто “посебно од мене“,  навистина сум љубопитен!? Но, еве, веднаш ќе ја “голтнам јадицата“. Приказната за “балканскиот мачо“ и за некаква типично наша, македонска дискриминација на жените е дел од онаа потполно неоправдана митологија, односно, тоа е една огромна заблуда! Лично сметам дека жените во Македонија и генерално, на Балканот, се поблиску до доминација врз мажите – особено во семејството! - отколку било каде во светот. Еден професор од Јапонија, инаку врвен антрополог, на кого му бев еден вид ментор, меѓу другото ми рече дека никаде во светот не видел и не посведочил толку кавги на улица во кои жените доминираат а мажите се оправдуваат или молчат. Ние како сосема да го забораваме фактот дека во најголем број бракови, жените во Македонија имаат огромен авторитет и саморазбирливи права кои се незамисливи дури и за најсовремен јапонски брак, на пример! Не знам колку кај нас е познато, но во типичен јапонски брак, жената во ниту една прилика не смее да му врати збор на мажот, дури и куќата да ја изгуби на комар! Но сепак, помеѓу овие два екстреми кои се социјално детерминирани,  најмногу зависи од љубовта и воспитувањето на сопружниците, kои, по природа на нештата, би морале безмерно да се почитуваат, уважуваат и на прво место, да се сакаат.   

Рингераја: Секое семејство е микрокосмос, но галаксијата е сепак тука да ги стандардизира социјалните односи кои впрочем еден Македонец го прават Македонец, а еден Англичанец, Англичанец. Колку тука има место за индивидуализам и избегнување на стереотипите?

Проф. Ферид Мухиќ:  Општи социјални и културни елементи, собрани во одредена конкретна традиција, секако се општа рамка за секој брак. Дотолку бракот е секогаш маркиран и со оние општи културни белези, согласно на културниот круг во кој се наоѓа. Но индивидуалноста со тоа не е оневозможена. Бракот и семејството отвораат огромен простор за индивидуална креативност. Мојот совет не е да правиме нешто што никој друг не го прави, бидејќи тоа не е ни можно. Не во тоа “што правиме“ туку во она “како нешто правиме“ се наоѓа клучот на индивидуалноста. Начинот нека не разликува!

Рингераја: Во овие времиња на глобализација децата стануваат функција на масмедиумите. Како и колку успевате во своето семејство да ги протежирате и одржувате вистинските вредности? Дали традицијата ви помага во тоа, дали тие вредности се традиционални или општочовечки?

Проф. Ферид Мухиќ: Навистина, огромни искушенија и големи опасности го демнат современото семејство особено во аспектот на изложеноста на децата на масмедиумските негативни влијанија. Напорот мора да е постојан и фокусиран врз двете паралелни шини по кои оди возот на воспитувањето, инаку ќе излета и ќе дојде до катастрофа. Едната “шина“ е оневозможување децата да дојдат во контакт со неприфатливите содржини, а втората шина е активно да им се овозможи користење на масмедиумите за афирмација на позитивни вредности. Традицијата, во еден дел од своите белези, секаде е иста и дотолку таа ги афирмира и некои општочовечки вредности. Сепак, повеќе треба да се потппреме на конкретната афирмација на вредностите карактеристични за нашето културно миље, затоа што со тоа ги фамилијаризираме децата со доминатните вредности на нивниот социјален свет.

Рингераја: Колку е голема посесивноста кон децата?

Проф. Ферид Мухиќ:  Кај некои родители, посесивноста е преголема, едноставно речено психопатолошка. Лично, сметам дека секој родител мора да работи постојано врз еден вид критичка интроспекција, за да ја контролира сопствената посесивност. Колку помалку посесивност, толку повеќе простор за вистинска љубов и доверба. Ова важи колку за односот кон децата, толку и за односите меѓу сопружниците. Намерно не велам “брачните партнери“ затоа што односот во бракот не е партнерски однос, не е ортачка спогодба. Живеење заедно е далеку поинспиративна и повозбудлива релација од било каков вид партнерски однос!

Рингераја:Како да ги сочуваме децата од политизација и манипулацијата на општеството?

Проф. Ферид Мухиќ:За жал – никако! Тоа можеме само да го одложиме и тоа релативно кратко. Премногу се силни тие влијанија за да можете да ги изолоирате децата од нив.Затоа е потребно да ги подготвите и воспитате – политизацијата и манипулацијата се неизбежни, но нивниот ефект може да се дозира, ако веќе не може целосно да се амортизира, со обмислена и систематска соработка и секојдневно дружење со децата. 

Рингераја: Како децата да ги воспитуваме по традиционални вредности кога ние им создаваме убава бајка, која на улица се распрснува како балон од сапуница? Можеме ли со воспитувањето да создадеме потполно резистенти личности на оваа вулгаризација и политизација?

Проф. Ферид Мухиќ: Не верувам дека било кој може да стаса до својот седми роденден без да ја согледа драматичната спротивност помеѓу светот каков што сакаме да биде и светот каков што, за жал е! Децата бргу се ослободуваат од илузии – би рекол, премногу бргу! Проблемот е како да ги спасиме од прераното соочување со соголената и бескрупулозната реалност, отколку како да ги запознаеме со неа. Инаку, врз резистентноста може да се работи, отпорот кон бескрупулозната и коруптивната реалност може да се негува. Целосна резистентност кон тие искушенија, сепак е можна само доколку секој поединец работи постојано врз сопствениот етички кодекс. 

Рингераја:Колку е љубовта важен фактор во семејството и воопшто?

Проф. Ферид Мухиќ: Не може доволно силно да се истакне, ни доволно често да се повтори: љубовта е најважниот момент! Не како сентимент и емоција, како вљубеност и нежност -  туку и како јасна, силна внатрешна одлука, даден збор, како завет  и ниет за целосна взаемна доверба, со која, како со острица на мечот, во корен ќе биде пресечена секаква зла воља, анимозитет, дистанца. “Љуби, па прави што сакаш!“ – тоа мото не значи дека оној кој љуби има право да прави и најлоши работи, само ако така посака, туку кажува дека оној кој љуби, токму затоа што љуби! - не може да посака ништо друго освен она најдоброто и затоа и треба  со целосна доверба да го следи гласот на љубовта, спонтан и слободен во своите постапки!

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Со Вас е лошо, а со другите добро?!
Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...
4
Што би променила во воспитувањето на децата?
Да можам да го вратам времето назад, сигурно како мајка би ги променила овие 9 работи!
4
Пролетно чистење на домот
Доаѓањето на пролетта е вистинска инспирација за освежување на домот, но ова не треба веднаш да Ве асоцира на макотрпна ...
4
Се сеќавате на вашето детство, нели?
Нашите игралишта беа градилишта, исполнети со кал, гуштери и желки кои беа наши миленичиња. Се качувавме на дрва, преско...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?