|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Летниот распуст иде - среќно летото да ви биде!

Редакција Рингераја, 23.6.2013
Учебната година полека но сигурно се дотркала до крајот. Летото ширум ги отвори своите врати, канејќи не да уживаме во природните убавини...

image
/11


 

 

Зад нас остануваат сите училишни проблеми, а секојдневното извршување на домашните задачи, веќе нема да не мачи. Добро е што дојде време да се одмориме од училишната спрега, но каде и како ќе го поминеме летниот распуст - прашање е сега.

Секој има планови свои, местата што ќе ги посети на прсти ги брои. Стефан прв си зеде збор;

- По цел ден ќе играм во нашиот двор. Сигурно и на море ќе одиме пак, таму ќе јадам сладолед со шлаг.

- Зар само за сладолед ќе одиш на море? - го запраша Зоре.

Настана весела смеа и шега, а Стефан мораше да продолжи - немаше каде да бега.

- Добро де, само сакав да не ви одземам време, ако почнам да раскажувам опширно, можеби некој ќе почне да дреме! Секако, на море одиме за да се сончаме и капеме во морските води, а патем се случуваат многу интересни згоди.

Секоја година на плажата од песок градам најубав дворец - царска палата, дворот му го зазеленувам со зелена салата.

Пак смеа, кутар Стефане што ли те снајде, одделението од смеење зајде!?

Вие само смејте се, не ми е мака, тоа е мој одмор и можам да си правам што сакам! Ќе се сончам, ќе се капам, со чамец ќе пловам и риби со татко ми ќе ловам.

Потоа многумина од одделението сакаа да дојдат до збор, па се пријавуваа во хор:

- Јас, јас, јас!...

Учителката се најде на мака:

- Не може вака! Овде мора да воспоставиме ред. И за да не може никој да се додворува, редот ќе го одредува "каменот што зборува".

Така едно мало кожено топче, во улога на камче, почна да шета од рака на рака во круг. Со него се предаваше зборот, од еден ученик на друг.

Некој раскажуваше за летен одмор на езеро, друг за планина, трет за на река. Каде и да одиме природата љубезно не чека.

Размислував кој од моите многубројни планови да ги изнесам јавно и решив тоа да биде она што за мене е главно. Држејќи го топчето в раце почувствував голема сигурност и сила, како да добив крилја.

- Летниот распуст иде, знам весело ќе ми биде. Каде ќе одиме на годишен одмор мама и тато ќе решат, но што и да изберат, нема да згрешат. За мене е важно да се одморам, да се рекреирам, да отидам каде што досега не сум била, за повторно учење да соберам сила. Пред мене е летото цело, се надевам повеќе денови ќе одам и на село. Ќе го искористам секој ден за дружба со природата. Таа во различни предели не е иста, но секаде е убава само ако е чиста.

Се надевам дека она што во училиште оваа година за екологијата го научивме, во нашиот секојдневен однос кон животната средина го вклучивме.

А сега, до видување од мене, среќно летото да ви биде!

 

Лиле Атанасова

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Снежана и седумте џуџиња (аудио)
Драги дечиња, слушнете ја приказната за Снежана и седумте џуџиња!
5
Детето и пеперутката
Детски песнички
4
Мравка и гулаб
Детско катче
3
Правината и кривината
Македонски волшебни приказни
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?