|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

lale: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 16.8.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!


Детали

Ник: lale

Датум на породување: 05.05.2009 година

Тип на породување: природно

Болница: ГАК

 

Здраво драги мои Рингерајки, денес читајќи ги вашите породилни приказни решив и јас да ја споделам  со вас мојата приказна.
Вака започнува, краен термин за породување ми беше 13.05 но јас воопшто не сакав да се породам на таа дата и се смеев дека ке се породам на 05.05 и така излезе.
На 04.05 во 9 часот станав од спиење и почуствував млаз, но не обрнав внимание зашто немав никакви болки, си сменив долен веш и повторно си легнав. Сум заспала пак. Потоа станав во 13 часот и пак исто, но јас пак исто сменив долен веш и си почнав со обврските, ставив ручек да си правам. Кога дојде мажот ми од работа во 16 часот му кажувам што ми се случило и тој возбуден ми вика ајде да одиме во болница, а јас пак му викам "Ајде  да ручаме па ке одиме". Така и направивме, ручавме и отидовме. Бевме најпрво кај мојот матичен гинеколог за да земам упат за во болница. Тој ме прегледа и ми даде упат и ми рече дека ми е пукнат водењакот и дека треба одма да одам во болница. Од кај матичниот со сопругот се упативме во ГАК и таму ме прегледаа и ме задржаа на паталошка бременост. Беше 19 часот јас немав никакви болки, а не бев ни отворена. Таму ми земаа крв, ми направија ЦТГ, ехо, се беше во ред со мене и со бебето и ми рекоа да мирувам, дека во брзо време нема да се пораѓам. Така и направив, цело време бев смирена но воедно и во исчекување и со нетрпение го чекав породувањето за да си ја видам мојата принцезичка, да си ја прегрнам цврсто и да си ја бакнам.

Чекав јас така и следниот ден во 16 часот ме качија на одделение. Најпрво пополнував генералии, потоа следуваше подготовка(средување за породување). Потоа ме приклучија на ЦТГ и ми дадоа инфузија(декстроза). Така јас си лежев без болки со два прста отворена, со пукнат водењак во исчекување на најголемиот чин породувањето и првиот контакт со бебето. Откако истече инфузијата во 18,30 часот, ми дадоа инфузиони провокации и во 19.00 почнав да добивам контракции.  Кога дојде  докторката да ме прегледа ми кажа дека сум се отворила 5 прста и дека каде и да е породувањето ќе почне.  Јас бев видно возбудена, но морам да напоменам дека имав и мала доза на страв како ќе помине сето тоа. Не помина ни пола саат мене болките почнаа да ми се зголемуваат и контракциите да растат. Повторно дојде докторката, ме прегледа и бев отворена  десет прсти, ми го тргнаа ЦТГ-то и ме однесоа на бокс. Почна породувањето.  Ми кажаа како да дишам,  како да давам напони.  Ми рекоа да бидам смирена и се ке биде во ред. Така и направив, дадов  еден напон,  друг напон и бебето излезе,  воопшто не се мачев.  Ми направија епизотомија(мал рез). Кога излезе бебето почна да плаче, јас бев многу возбудена и полна со  емоции. Ми го дадоа бебето во прегратка, а јас силно ја прегрнав и почнав да ја бакнувам. Потоа ја однесоа да ја средат, а јас останав на бокс да ми излезе постелката и да ме сошијат. Се помина најдобро во најдобар ред, ништо не почуствував додека ме шиеја, бидејќи имав локална анестезија. По два часа ме симнаа мене и бебето во апартманите. Јована беше цело време со мене,  постојано ја држев во прегратка,  ја бакнував и му се радував на тоа прекрасно  ангелче. По три дена лежење во болница не пуштија дома. Заврши и оваа авантура. Како еден заклучок од мојата приказна јас поминав супер на породување, немав некои големи болки, освен оние вообичаени што следат и што се нормални. Затоа драги мои Рингерајки одете на породување со позитивни мисли и со позитивна енергија. Слушајте ги советите на сестрите и докторите. Само напред,  со лесно на сите што го чекате овој најубав чин во вашите  животи.

Поздрав од вашата Рингерајка Лале!

 

Рингераја и посакува среќно детство на Јована !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
4
mamicka77: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Fiao: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
taanjee: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?