|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка?!

Марина Кљајиќ Петковски, 23.1.2021
Ќотекот како воспитна мерка беше наслов на дискусија на еден наш форум, на кој неодамна налетав. Веднаш ме "заскокотка"

image
/11


 

Прочитав низ страниците и страниците дискусии, и се запрашав дали овие мајки кои зборуваат за оваа тема, го прават тоа толку лесно бидејќи се наоѓаат на анонимен форум.

- "Знам да удрам по газе ако играат нешто што е опасно по нивниот живот", "Не им е ништо од едно плескање по газе", "Кога не ме слушаат, а сто пати сум повторила едно исто, на крај ќе заиграат шамари" - се само дел од изјавите кои ги прочитав. 

Оваа тема и ноншалантното категоризирање на истата во воспитување, ми предизвикува одвратност!

Често сме сведоци на вирални видеа од дадилки или воспитувачки кои удриле дете и веднаш се најстрого осудени, од истите тие кои ќотекот врз своите деца го сметаат за воспитна мерка.
Не сум стручно лице, но дефинитивно знам дека не, немате право да удирате дете затоа што вие сте го родиле!

Родител треба да е синоним на љубов, доверба, поддршка, почит, нешто најсвето, а не на понижување, болка, страв, гнев - што е резултат на ќотекот.

И да, ќотек на дете, дури и со воспитна, најдобронамерна цел - е насилство! Насилство!!!

Каква порака/заштита/едукација, или која и да ти целта, дава ќотекот? Тоа ми е несфатливо.
И не се чудам од аспект на родител - разбирам дека ќотекот е реакција на твоја слабост во момент на безизлезност. Се чудам од аспект на дете, што и јас бев и ти беше и сите ние, меѓу кои и оние родители кои поддржуваат ќотек, ако сум дете во ризична ситуација да се повредам, мајка ми ми вика внимавај, немој, опасно е и јас по инерција го правам забранетото пак, затоа што сум дете Ако стане и ме исплеска, во тој момент што би научила? - Би се почувствувала неубаво, понижено, повредено, би ја преиспитувала љубовта на мајка ми.... Благодарна сум што можам само да претпоставам, не сум имала можност да почувствувам ќотек од родител во ниедна форма.

А сум се нашла и јас во животозагрозувачки положби во детството и памтам на разговорите со мајка ми и објаснувањата зошто е нештото страшно и лошо.

Решение има за се .
Вика и вика и губи живци и нерви и на крај плеснува родител кој ги ѕирка децата меѓу редови дури скрола низ телефон, на кого детската пргавост му допира само до уши и му смета. Нема да има потреба да вика родител кој учествува во детска активност, насочил деца во структурирана игра, активно е тука. Нема оправдување три или седум или едно дете, за плескање нема оправдување никогаш!

 

Прочитајте што вели на оваа тема психологот Елена Џебр.

 

Подготви: Марина Кљајиќ Петковски

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
4
Крварење од носот кај деца
Кога носето ќе прокрвари, се плашат и родителите и децата. Но дали стравот е оправдан?
4
Мамо, а како се создаваат децата?!
Кога се соочени со ова прашање, родителите често прибегнуваат кон одговор дека децата ги носи штркот. Ако ви е цел уште ...
3
Нашите деца растат во “all inclusive” аран...
За некоја година, кога нашите деца ќе бидат постари, ќе се жалат дека премногу сме ги сакале, дека не сме ги научиле как...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?