|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ќотекот е многу опасна воспитна мерка

Редакција Рингераја, 27.7.2017
Физичкото казнување деца е лоша мерка и не влијае позитивно ниту на нивното воспитување. Психолозите предупредуваат дека ќотекот е опасен за децата, не само затоа што им предизвикува физичка болка, туку и затоа што негативно влијае на нивниот развој
Клучни зборови:

image
/11


 

Погрешно верување 

Марија Стефанова, психолог, психотерапевт од психолошко советувалиште и консултативно-едукативен центар „Петар Пан“ објаснува дека телесното казнување на деца, како метод на воспитување, секако дека не треба да се применува. Таквиот начин на воспитување остава последици по развојот на личноста на детето и влијае од повеќе аспекти. 

- Колку детето е помало, толку потешко ја сфаќа поврзаноста на своето однесување со казната. Децата помали од 18 месеци се многу осетливи на повреди и секое физичко казнување може да доведе до повреда - вели Стефанова.

Често родителите, објаснува таа, имаат впечаток дека физичката казна позитивно влијае на несаканото однесување, но тоа не е така. 

- Како прво, таа му нанесува болка на детето и телесна повреда, а од друга страна предизвикува негативни чувства кои можат да се интернализираат (како тага и депресивност) или екстернализираат низ однесување (како пореметување во однесувањето, агресивност кон врсниците, деструктивност...) со цел избегнување на непријатното доживување. Агресивноста, често може да биде насочена и кон родителите - вели психологот.

Агресивноста кон детето, често може да биде и модел за решавање на кофликти. Често, родителите постапуваат парадоксално кога со тепање од детето бараат да не биде агресиво кон другите деца.

- Физичкото казнување значително влијае на односот помеѓу децата и родителите. Најголемиот проблем настанува во адолесценција, кога физичката казна е веќе невозожна бидејќи адолесцентот почнува да се спротивстаува на ист начин. Родителите имаат илузија дека физичката казна има за последица да го спречи моменталниот бес на детето, но во исто време таа претставува поткрепување на бесот и агресијата - вели Стефанова. 

Тепаат тепани 

Психологот Лидија Зорба од центарот за применета психологија „Зорба консалтинг“ вели дека физичкото казнување на децата има долга традиција и кај нас и во светот. Многу деца се воспитувани и се уште се воспитуваат со девизата дека ќотекот е излезен од рајот, а тој или други форми на физичко казнување на децата се случува во семејства каде и самите родители се воспитувани на тој начин. 

- За родителите кои креваат рака на своето дете тоа е нормално. И тоа е показател дека и самите родители не знаат како на поинаков начин да им покажат на децата дека постапката поради која го удираат детето е погрешна. Физичкото казнување на деца го применуваат возрасни кои претходно направиле и прават големи пропусти во воспитувањето на децата и удирањето е последената инстанца - вели Зорба. 

Кога возрасен удира дете, вообичаено се чувствува немоќен или беспомошен да се справи со последиците од погрешното воспитувањето на детето. Единствената моќ која во тој момент ја има како родител е физичката сила. Затоа и тепањето престанува тогаш кога родителот повеќе не е физички посилен од детето. 

Превоспитување на родители 

- Забраната за физичко казнување на децата ако се регулира со закон во услови какави што се нашите нема да има особени ефекти ако притоа не се најде начин да се „превоспитаат“ родителите. Кај нас многу брачни двојки се тепаат меѓу себе. Тоа е забрането со закон, но практично законот се применува само тогаш кога ќе пријават соседите или ќе дојде до тешка телесна повреда. Мислам дека во овие услови на живеење, ситуацијата би била слична и со забраната за физичко казнување на децата. Физичкото насилство е кривично дело и сега, но за жал има се повеќе насилство во семејствата и се повеќе разводи. Ова е многу широко поле за работа за педагозите, психолозите, социјалните работиници, полицијата и сите други релевантни фактори во општеството. Проблемот е мултидисциплитарен и треба да се решава систематски - вели Зорба.

Преголема приврзаност кон мама
Оваа фаза од развојот на детето настапува околу првата година. Во овој период навистина изгледа невозможно да се ослобод...
8
Деца со тажно лице
Неуспех на училиште, како причина за депресија: Некои деца тешко го преживуваат неуспехот на училиште и лесно ја губат с...
8
Како да го смирите детето по вашата распра...
Родителите не треба да го изгубат своето трпение, но секој го прави тоа. Сe уште е можно да се биде добар родител и пото...
8
9 начини за СТОП на “дерењето”
Кога Вашето дете Ве полудува, тоа може да се почувствува дека се што прави е погрешно. Наместо да губите контрола, погл...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Имиња
Максо

Најпопуларните имиња за 2016

Максимилијан (17%)

Лукијан (9%)

Симон (12%)

Калин (16%)

Филип (34%)

Кристијан (12%)


Број на сите гласови: 179

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!