Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Да, се разбира и ние водиме љубов, иако имаме две деца. Зошто го напишав ова? Затоа што пред неколку недели, мојата седумгодишна ќерка ми поставуваше прашања , кои јас си ги поставував кога бев двојно постара од неа:
- Мамо дали ти и тато имате секс?
Се замрзнав, за миг престанав да ги бришам садовите и зачудено ја погледнав. Мојата ќерка, моето бебе, сега ја прашува мајка си дали има секс. Кимнав со главата.
- Тогаш зошто рековте дека нема да имате повеќе деца? Нели се води љубов кога сакаме да имаме деца?
- Да, да и затоа – толку успеав да изговорам. Потоа ја испратив кај татко и. Нека се помачи и тој малку. И во право бев. После некое време ми испрати директен поглед: “ Ќе ти вратам за ова“.
Но тоа е така, родителите не се секогаш подготвени да одговорат на прашањата на своите деца, посебно кога станува збор за темата секс.
Помлада ќерка не затекна за време на самиот чин. Само неколку дена после овој разговор.
Најпрво не слушнала. За време на неделниот доручек не праша:
“ Каков филм гледавте вчера? Не можев да заспијам, ве слушав вас. Мамо, ти се смееше многу чудно.
- Филм? Аха, филм. Да да....комедија!
- Добра комедија, додаде мојот сопруг и ми намигна. На челото ми се собираа капки пот, а постарата ќерка ме гледаше сомнително.
После една недела бевме фатени на дело. Не знам како, тоа неделно утро, кога мислевме дека децата сеуште спијат, се појави пред нас помалата ќерка и со ширум отворени очи не погледна.
Кога ја видовме, скокнавме двајцата и се оддалечивме еден од друг.
- Јас....,ја масирав мајка ти, започна мојот сопруг.
- Зошто? И зошто немаш облечено пижами?
Нејзините прашања ги прекина постарата ќерка, која и шепна на уво:
- “ Ах, Ника, тие водеа љубов! Дојди, ќе одиме да гледаме цртани филмови.
Што Ви е? - додаде помалата ќерка.
Можеби ќе биде подобро да поразговараме со неа, се чувствувавме како двајца тинејџери фатени од нивната мајка. Дали е потребно уште нешто да се додаде?
Да, да сега знам, треба темелно да поразговараме со нашите ќерки. За птиците и пчелите, за маминото смеење и масажата на тато.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Емоционалниот товар на неплодноста
Неплодноста не е само медицински предизвик, туку и длабоко емоционално...
Пливањето и менталното здравје. Ослободување од стресот
Пливањето не е само физичка активност, туку и еден од најдобрите приро...
Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненад...
Како летните горештини влијаат на бременоста?
Летните горештини можат да бидат непријатни за секого, но во бременост...
Краток водич - витамини од A до K
Витамините се неопходни за нормално функционирање на организмот. Секој...
Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.