|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Колку една сестра може да сака брат?

Барбара Синадиноска Платнар, 3.4.2015
Малечка е оваа сестричка, има само пет години. Чиниш не знае ништо за љубовта. Мислиш доволни и се играчките, едно чоколадо, една приказна за добра ноќ, за да не мисли на големиот брат, студент во главниот град, кој не го видела месец дена. Но не...
Клучни зборови:

image
Колку една сестра може да сака брат
/11


 

-          Мамо, каде е бато, сто години го немам видено? Кога ќе си дојде? Но мамо, што јаде бато, дали му е страв да спие навечер? Јави му се на професорот и кажи му да го пушти бато да си дојде, сакам да го видам. Сто години го немам видено...

 

Мене срцево ми се стега како копец. Сакам да речам – И јас малечка моја како сто години да не сум го видела. Се надевам дека добро јаде и дека добро се снаоѓа. Ми иде и јас да заплачам заедно со тебе и еве цела кнедла ми стои на грлото, но не смеам. Се смеам и те тешам, никако не смеам да си дозволам да ме видиш дека плачам. Се правам дека не е многу време, дека не се многу уште седум дена. Се обидувам да се претворам во камен и да се смеам пред тебе, додека душава плаче за него...

 

-          Мамо, кажи му на бато веднаш да си дојде. Ајде веднаш јави се кај професорот и кажи му дека М. плаче. Или дај ми го да му плачам, да го пушти бато да си дојде. Но чекај, темница е сега, страшно е да си иде сега. Ајде јави се кај тато и кажи му да одиме со колата по него. Јави се мамо и кај професорот и кај тато...

 

Како ли само да ја смирам оваа сестричка која веќе почна да липа? Срцето ми се стега додека ја тешам, додека и кажувам дека не се многу уште седум дена, а знам дека се премногу.

Ладниот компјутер ми помогна да ја утешам.

 

Ова малечко кое мислиш дека ништо не знае за љубовта, почна да го бакнува мониторот. Да плаче и да го бакнува мониторот. Не натера и сите виртуелно да се гушнеме, јас, таа, бато и девојката на бато. Им даваше и коцка чоколадо да каснат. Ги тераше да јадат пред неа, за да види дали добро се хранат.

 

На ова малечко, кое мислиш ништо не знае за љубовта, му олесна и заспа среќно.

Јас останав уште долго вкочанета од нејзините постапки.

Ова малечко, кое мислиш ништо не знае за љубовта, на свои пет години совршено прецизно ми долови  колку една сестра може да сака брат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што треба да знаете за третиот крајник?
Родителите се обично загрижени поради честите воспаленија на третиот крајник кај своите деца. Често тие се во дилема око...
7
Совети за полесен почеток на учебната година
Август е при крај и наскоро летните авантури ќе бидат само добро сеќавање, а ние треба повторно да се подготвиме за учил...
5
Што МОРА да знаат мајките на девојчиња?
Розеви балони излетаа од кутијата за откривање на полот на забавата која ја приредивме за објавување на бременоста. Бев ...
4
Ликовна школа
Специјализирани креативни, егзистенционални и анти-стрес програми - во ликовното студио Gallery Arte од Скопје
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?