|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кој е виновен за полот на вашето дете?

Редакција Рингераја, 25.4.2021
Кога се спојуваат двете полови клетки, сперматозоидот и јајце клетката, велиме дека настанува зигот. Тој зигот преставува основа за еден нов живот, ново битие, уште една совршена машина од човековиот вид...
Клучни зборови:

image
/11


Човековиот организам функционира како перфектна машина во секој поглед иако ние сеуште не можеме да кажеме дека ги разбираме сите мали тајни кои го прават човековото битие толку уникатно и неповторливо. Сметаме дека знаеме многу, а сепак знаеме толку малку за сите збиднувања во човековото тело. Човекот е една целина од неколку милијарди клетки кои потекнуваат од две полови клетки, едната која потекнува од таткото и едната од мајката. Кога се спојуваат двете полови клетки, сперматозоидот и јајце клетката, велиме дека настанува зигот. Тој зигот преставува основа за еден нов живот, ново битие, уште една совршена машина од човековиот вид кој ќе ја има привилегијата да се развива цели 9 месеци во утробата на мајката за да се здобие со сите оние вештини за самостоен живот кои ги бара околината која ќе го опкружува.

Постојат многу мистерии поврзани со оплодувањето и развојот на плодот во утробата кога всушност од двете полови клетки секоја од по еден од родителите ќе создадат мал паразит кој го чека долг и бурен период на раст и развој за да го добиеме совршенството наречено човек кое како возрасна индивидуа ќе биде една целина од милијарди на клетки кои безпрекорно функционираат обединети се додека не настапи болестa или смртта.

Хуманата репродукција не е само една обична функција на човековиот организам туку има една многу поважна димензија, а тоа е одржување и продолжување на видот.Создавањето потомство ни е овозможено како резултат на нормално функционирање на женскиот и машкиот полов систем кои се под многу важна контрола од страна на половите хормони тестостеронот и естрогените.Тестостеронот и естрогенот пак се секретираат во крвата како резултат на настапување на пубертетот кај адолесцентите кога конечно под контрола на хипофизата се будат половите жлезди и на организмот му нудат извесни количества на полови хормони кои ќе му ја овозможат способноста за оплодување и создавање на потомство.Вообичаено кога младите дознаваат дека ќе станат родители, често пати се поставува прашањето за полот на плодот.Полот на плодот е определен уште во моментот кога сперматозоидот ќе ја оплоди јајце клетката.Она што е клучно за полот на плодот се всушност половите хромозоми кои плодот ги добива по еден од двајцата родители.

Плодот од својата мајка секогаш го наследува Х хромозомот додека пак од својот татко може да наследи Х или Y хромозом во зависност од тоа каков генетски материјал носи сперматозоидот кој прв ќе ја оплоди јајце клетката.Оттука доколку при оплодувањето на јајце клетката се создаде зигот кој ќе поседува два икс хромозоми (ХХ) тогаш плодот ќе биде од женски пол додека пак доколку зиготот има XY хромозоми тогаш плодот ќе биде од машки пол.Според тоа можеме да кажеме дека плодот го добива полот во зависност од тоа дали сперматозоидот кој ќе ја оплоди јајце клетката ќе носи Х или Y хромозом, па слободно можеме да кажеме дека татковците се „виновни„ за полот на плодот.

При половиот акт сперматозоидите биваат исфрлени во женските генитални органи, а од таму благодарение на нивната структура и опашката која ја поседуваат тие активно ќе се движат и ќе пристигнат до јајце клетката.Најголем дел од сперматозоидите кои се подвижни благодарение на опашката се движат низ внатрешните гениталии на мајката така што од вагината за нешто повеќе од 6 часа стигнуваат до јајцеводот каде што се наоѓа јајце клетката.Иако во јајцеводот допатувале огромен број на сперматозоиди само еден ќе ја има привилегијата да ја оплоди јајце клетката.Постојат сознанија дека машките сперматозоиди однсоно оние кои се носители на Y хромозом многу побрзо патуваат од оние кои се носители на Х хромозмот и ги означуваме како женски сперматозоиди.Според тоа поголема е можноста да се создаде машки плод.


Y хромозомот е клучниот момент во половата диференцијација на плодот уште додека плодот се наоѓа во утробата на мајката.На овој хромозом се наоѓаат сите гени кои го детерминираат машкиот пол, синтезата на феталниот тестостерон, диференцирање на фетални тестиси и конечно формирање на надворешни гениталииа кои одговараат на машкиот пол.Оттука овој хромозом го детерминира и лачењето на антимилеров хормон кој пак има многу значајна функција да го спречи развојот на женски гениталии кај плод со XY хромозоми.Иако Y хромозмот е најмалиот хромозм од сите човекови хромозоми сепак тој носи гени кои ќе регулираат многу важни карактеристики на идната индивидуа и ќе бидат одговорни за половата диференцијација на плодот.

Иако во моментот на спојувањето на сперматозоидот и јајце клетката можеме теоретски да кажеме дека полот на плодот е веќе детерминиран сеуште е премногу рано на родителите да им го дадеме вистинскиот одговор.Подоцна откако плодот ќе започне да се развива во утробата на мајката следува еден период во кој плодот и покрај својот сет на хромозми кои ги носи во сите клетки на организмот сеуште нема јасни карактеристики за да можеме да судиме дали станува збор за плод од машки или женски плод.Во овој период и машките и женските плодови имаат идентични незрели гениталии и поседуваат таканаречена индиферентна гонада која не би можеле да разликуваме дали претставува тестис или овариум.Оттука се додека плодот е во стадиум на индиферентна гонада нема да може да говориме за полот на плодот и покрај внимателниот ултразвучен преглед.Но подоцна околу 4-тиот месец на бременоста индиферентната гонада конечно ќе се издиференцира во фетален тестис кај машките плодови односно во овариум кај женските плодови.Феталните тестиси во текот на бременоста се наоѓаат во стомачната празнина на плодот но кон крајот на бременоста тие се спуштаат во скроталните ќесички што исто така е хормонски регулиано.

Иако често пати во конзервативните општества владее мислењето дека жената е таа која е одговорна за полот на своето дете и дека таа треба на својот сопруг да му роди машко или женско дете, мора да стане јасно дека вистината е многу поконтроверзна, всушност татковците се тие кои го одредуваат полот на своето потомство.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Антидепресиви во бременоста - ДА или НЕ?
Страдате од депресија и земате антидепресиви, еве што треба да направите доколку дознаете дека сте бремени
4
Топ 9 храни кои содржат фолна киселина за ...
Недостатокот на фолна киселина е еден од најчестите недостатоци на витамини.Фолатот (витамин Б9) е особено важен за врем...
3
Правилна исхрана во 3-от триместар од брем...
Откријте која храна ви треба вам и е потребна за развој на вашето бебе во третиот триместар од бременоста ...
3
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?