|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кои домашни лекови влијаат на здравјето?

Редакција Рингераја, 25.5.2018
Иако кога сте болни или кога ви е благо нарушено здравјето, најчесто е подобро да одите на лекар, но сепак можете и да си помогнете со некој од домашните лекови

image
/11


Постојат голем број рецепти кои навистина не помагаат, но овие пет домашни лекови вреди да се пробаат, бидејќи ќе направат веднаш да се чувствувате подобро.

1. Пилешка супа

Оваа супа помага при настинки и веќе има долга традиција како дополнителен лек во вакви случаи. Пилешката супа е популарно предјадење во ладните месеци, а поради содржината на електролити и други хранливи состојки, помага при респираторните проблеми и настинките, особено кога се јаде топла.

2. Сода бикарбона

Ги смирува дигестивните тегоби, а веќе многу фармацевтски компании произведуваат таблетки со сода бикарбона, за пациентите да можат правилно да ја дозираат количината. Делува така што го неутрализира вишокот желудочна киселина, но и го алкализира организмот.

3. Мед

Освен ако сте алергични, медот може да помогне да ја смирите кашлицата и болките во грлото. Можете да го консумирате самостојно, но и во чај или млеко. Многу од комерцијалните сирупи против кашлица се базирани токму на медот.

1

 

4. Лак за нокти

Можеби никогаш не сте ни претпоставиле, но лакот за нокти може да помогне кога ќе ве касне инсект. Нанесете тенок слој врз каснатото место, за да спречите иритација и чешање.

5. Маслиново масло

Многумина го препорачуваат загреаното маслиново масло како лек за болки во увото, а има и такви кои го испробале и тврдат дека делува. Сепак, наш совет за во вакви ситуации е да не експериментирате, туку веднаш да одите кај лекар доколку имате болка во увото.

Храна која станува токсична со подгревање
Многумина од нас имаат навика да приготвуваат големи количини храна која ја подгреваат следните неколку дена
15
Идентични близначки се породија во ист ден!
Идентични близначки, кои забремениле во ист период, ги родија своите бебиња во истата болница, со истиот доктор, само тр...
11
Како да изградите добар имунитет во раното...
Во рамките на нормалното е малото дете да боледува помеѓу 4 и 8 пати годишно, а кај некои деца оваа бројка е дури и пови...
10
7 намирници за одличен имунитет
Во секој период од годината треба да се трудите што повеќе здрави намирници да консумирате, намирници кои се богати со в...
10


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

tv edukacija
bilbilce

koja detska emisija e podobra za vaset_o dete?

dora (67%)

ivce pivce (11%)

bon - ton (22%)


Број на сите гласови: 64

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!