|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога ултразвукот ќе погреши...

Редакција Рингераја, 14.9.2015
Сцена од пред 18 години: се вртам во круг пред породилната сала, калемам цигара на цигара. 06:40 часот наутро. Пред 20 минути ја донесов сопругата да се породи. Еееј, прво дете! Ултразвукот убаво кажа дека е машко...
Клучни зборови:

image
/11


 

Ихх, каква среќа за еден црногорец! Мислам, свесен сум дека најважно е детето да биде живо и здраво, но повторно срцето ми е некако полно. Мажиште, син...Докторката Љуба излегува со широка насмевка и јасно ми е дека породувањето поминало добро и дека Славица и јунакот се ОК. Се допирам во задниот џеб да проверам дали списокот со машки имиња е тука (мала помош на кумата околу изборот на името) и само чекам потврда на сето ова па да им јавам на дедовците и останатите блиски да подготват артилерија, а комшиите шлемови и панцири.  Која кафеана има доволно инвентар да направиме лом и каде да се најдат музиканти кои се кадарни да го издржат маратонот кој следи? Августовското сонце ме грее, а срцето чука во двоен такт. Планирам испраќање во војска, место за сите медали и спортски трофеи кои мојот наследник секако ќе ги освои. Веќе ја чувствувам среќата кога ќе дипломира на некој реномиран факултет и страв дека ќе отиде во некоја од странските земји по парче леб...

 

Добро утро Драгане, честитам!,  рече Др. Љуба

Нешто промрморев, веројатно и се заблагодарив, но не сум сигурен.

Славица и детето се добро, породувањето помина во најдобар ред, продолжува таа. Во себе им се заблагодарувам на Бога, на Св. Јован и на Василие Острошки, на сите светци знајни и незнајни, но успеав да изговорам едно: добро е!

Бебето е тешко 3.100 гр. и долго 53 cm., продолжува докторката. Хм, јас бев тежок 3.750 гр. и долг 57 cm.  Можеби делијата ќе повлече гени  од страната на Славица, но нема врска, тие се добри и чесни луѓе.  Од друга страна пак, гените се чудо, можеби ќе порасне до 190-200 cm., си сметам во себе. Којзнае уште какви тупави мисли ми паѓаа на памет, кога докторката повтори: Ви честитам уште еднаш Драгане. Вие знаете дека синот е секогаш син....

Тооооооо мајсторе!!! Славице секоја чест, ќе те сакам уште повеќе (ако е тоа можно).

...а ќерката е и ќерка и син, завршува докторката.

Морее, има да навива за Партизан и да крши ср....Некое чудно чувство ме обзеде. Не ве разбрав добро, едвај прозборев.

Добивте прекрасно девојче, можете да влезете на кратко. Аман луѓе, Боже, природо, Славице, фала на секоја можна сила која ми ја подари таа прекрасна, гладна, најслатка на светот појава која ме воодушеви и ми се залепи за срцето во оној момент кога ја здогледав. Моја. Не ја давам на никого. Сакам да ја украдам од градите на Славица и да ја земам во овие мои рачишта, да ја ставам на грбот и да летам, да ја прелетам цела земјина топка. Ма каква топка, вселената, универзумот....Срцето сака да скокне од градите, ама нека скока само да ја припијам до себе, да ја заштитам од се', да се надвиснам над неа и да ја штитам од се'. Моја. Не ја давам на никого.

Годините си поминуваат. По Кристина добивме уште три деца. Сите машки. Благодарен сум, нема потреба да ја опишувам таа љубов. Во доверба, се надевав дека барем уште едно ќе биде девојче, но нема врска. Си ја имам мојата Кика. Мојата ќерка-син. Мојата слабост и мојата сила. И тоа никој и ништо не може да го промени.

 

Преземено

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Посебен однос: Татко и ќерка
Таа е негова мала принцеза и секогаш ќе ја доживува така, а таа во него ќе бара посебно разбирање и заштита
4
Колку вкупно заби имаме???
Стоматолошката ординација Калајџи “Dental Care” во соработка со семејниот портал Рингераја.мк ќе спроведува здравствено ...
4
Интервју со Александар Белов
Ексклузивно за Рингераја! Нашата nadica разговараше со Александар Белов.
3
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?