|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога треба на детето да му кажете НЕ?

Редакција Рингераја, 10.7.2018
Според психологот Лаура Маркам, авторот на книгата “Peaceful Parent, Happy Kids” (“Мирољубив родител, среќни деца”) и основачите на страницата Aha! Parenting, кога ќе им кажете “не” на децата, ги терате да размислуваат во дадената рамка

image
/11


“Децата потоа ги нема”, вели Маркам. “Тие сметаат дека нивната иницијатива е задушена”.

“Како родител, се обидувам на својот син да му кажам “да”колку што е можно повеќе. Дури и ако треба да кажам “не”се обидувам некако да го охрабрам. Но, да се каже “не”, исто така, е многу важно, објаснува Маркам, додавајќи дека е неопходно на децата да им се постават граници тие да се развиваат емотивно, физички и ментално. “Ако никогаш не им кажете на децата “не”, тоа ќе ги уназади кога станува збор за справување со реалниот свет”.

Маркам, сепак, истакна девет ситуации во кои родителите мора да им кажат на своите деца “не”.

1. Кога сте на паркинг или вообичаено во сообраќај

Децата се премногу ниски за да ги видат од автомобилот. “Тие лесно можат да бидат повредени”, вели Маркам. “Тука нема место за шега”.

Треба да им кажете на децата да ве држат за рака кога се на паркингот и во сообраќајот и дека околу тоа нема да има расправа. Кога им давате упатства, треба да бидете транспарентни, но исто така, и сочувствителни. “Не смееш да трчаш по паркингот. Треба да бидеш постојано до мене. Може да загинеш. Така мора да пристапите кон ситуацијата”, вели Маркам.

2. Кога вашето дете предизвикува некому одредена болка

Децата од предучилишна возраст не разбираат дека на кучето или мачката им нанесуваат болка, но ако се на возраст кога разбираат, тогаш треба јасно да им се каже дека таквото однесување не е прифатливо. Маркам, вели дека родителите треба да ги учат децата да се соживуваат со оние кои трпат болка и на нивните деца да им зборуваат дека треба да бидат добри кон сите.

3. Кога сведочат или учествуваат во злоупотреба

“Ако некој се однесува лошо кон друго дете – дури и ако тоа лице е вашиот добар пријател, а лицето кон кое се однесува лошо е некој кој не ви се допаѓа – не се приклучувајте кон злоупотребата”, вели Маркам и ги советува родителите така да се постават во таа ситуација.

4. Кога вашето дете уништува нечии работи

“Не можете да влезете во собата на братот или сестрата и да искршите нешто само затоа што сте лути на него”, објаснува Маркхам. “Туѓите работи мора да се почитуваат.”

5. Кога вашето дете ќе се соблекува на јавна површина

Во нашето општество непристојно е да се биде гол во јавноста откако лицето ќе наполни четири години, вели Маркам, и додава дека до тоа треба да се држат и родителите и децата.

6. Кога се однесуваат несоодветно во ресторан

Ако вашите деца не можат да се придржуваат до правилата на ресторанот во кој одите, тогаш не ги носите со себе. Маркам вели дека децата најверојатно ќе им пречат на келнерите и дека некој веројатно ќе им стапне на нога. Другите посетители во ресторанот заслужуваат да јадат во мир, така што родителите треба да им кажат на своите деца што се очекува од нив.

7. Кога патуваат со авион

Авиокомпаниите имаат посебни правила за однесување во нивниот авион и децата мора да се придржуваат кон тоа. Децата не смеат да го удираат седиштето пред себе, да го подигаат и спуштаат столчето на седиштето пред себе и да бидат гласни.

“Тоа е заеднички простор”, објаснува Маркам, и додава дека патувањето со авион е исцрпувачко за било кого, и дека со децата повремено треба да се прошета со цел да им биде полесно.

8. Кога ги учите на интеракција со странци

Како возрасни ние постојано разговараме со странци и Маркам вели дека е препорачливо на децата да им се објасни дека има и добронамерни странци. “На повеќето може да им се верува”, рече Маркам.

Меѓутоа, на децата мора да им се каже дека ни под кои услови не можат да одат некаде со некоја личност која не ја знаат и со возрасна личност со која не сакате да оди некаде.

9. Кога вашето дете ќе испланира некоја активност со пријател

Семејството Маркам има правило – не е дозволено да се поништи договор ако добиете подобра понуда. “Треба да се грижите за другото лице”, вели докторката.

На пример, Маркам вели дека ветувањето за подобра забава, тамам и да е тоа активност која ја обожавате, не може да послужи како причина за откажување на постојниот договор. “Ако сте се договориле нешто со еден пријател, а другиот ве бара надвор за сладолед, мора да го одбиете или во таа активност да го вклучите и пријателот со кој прво сте се договориле.”

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
3
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?