|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога си болен не смееш да јадеш сладолед?!

Редакција Рингераја, 25.3.2018
Дали се вистинити советите од родителите?
Клучни зборови:

image
/11


Тие би направиле сè за своите најмили, па понекогаш дури и би измислиле некој совет, кој  и да не е сосема точен, на крајот од денот му носи добро на нивното малечко.

1

Родителите ќе измислат сè само за нивните деца да јадат и да бидат здрави. Но, дали сите нивни совети се точни?

Вистината зад советите од родителите:

„Кога си болен не смееш да јадеш сладолед.“

Замислете, не се чувствувате добро, плус, ви е скратено вашето најголемо задоволство.

Но, сладоледот не ја влошува состојбата на пациентот, а може дури и да ја подобри. Тој ја намалува болката во грлото и поради калориската вредност му дава енергија на ослабениот организам.

2

„Семките од лубеница ќе ви израснат во стомакот.“

Оваа теорија родителите мораа да ја смислат поради мрзеливоста на децата. На децата им е навистина здодевно да ги плукаат семките, па ги голтаат.

Вистината е дека нема да ви израсне растение лубеница во организмот и семките природно ќе ги исфрлите од организмот за 2-4 дена. Сепак, може да ви направат проблеми со гастроинтестиналниот тракт.

3

„Децата што пијат кафе нема да пораснат големи и ќе им порасне опашка.“

Кај децата кафето ќе го има истиот ефект, како и кај возрасните. Ќе им ја подобри концентрацијата и будноста.

Но, пиењето кафе пред 14-годишна возраст може да има несакани ефекти врз неоформениот нервен систем, на хормоните и на намалување на нивото на калциум во телото. Па, така пиењето кафе навистина влијае негативно на растот на децата.

4

„Ако го кренеш брзо, ништо не му е.“

Овој совет го обожаваат децата, па дури го практикуваат и кога ќе станат возрасни.

Ништо страшно нема да се случи ако ја изедете паднатата храна, но треба да знаете дека времето минато на земја не е одлучувачко. Ако има бактерии на земјата, а има насекаде, тогаш тие за помалку од 5 секунди ќе се најдат на вашето паднато парче храна. Тие веќе ќе бидат на него, без разлика колку брзо вие да го кренете.

5

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
3
Детски бонтон
Примерот на однесување научен до седмата година од животот најдолго се помни. Децата и пред да станат ученици треба да ...
3
Детето има испакнати уши. Како да се испра...
Испакнатите уши се извор на непријатност не само кај децата, но и кај возрасните. Ако бидат преземени мерки навреме, пр...
3
Кои деца се доцни прозборувачи?
Деца на возраст од 2-4 години кои е развиле говорни вештини, а при тоа немаатдијагностицирано неможност, развојни отстап...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?