|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога мајчината грижа преминува во опсесија...

www.zazdravje.com.mk, 26.1.2012
Голем број од ново-генерациските мајки се чувствуваат повеќе загрижено за своето дете, а понекогаш таа загриженост може да се развие во опсесија што понекогаш може да помине во неконтролирано опсесивно-компулсивно растројство

image
/11


 

 

 

Кај пост-породилното опсесивно-компулсивно растројство мајките на децата превземаат екстремни мерки со цел да ги спречат своите стравови да не се реализираат. Така на пример, бескрајно долго го бањаат своето дете со цел да го заштитат од зарази, што може да доведе до развој на мали чиреви (улкуси) па и дерматити на кожата на детето.

Иако послепородилната депресија добива повеќе внимание, треба да се истакне дека и послепородилното опсесивно-компулсивно растројство исто така може да биде штетно за мајката и детето.
Нормално е родителите да се грижат за своето дете со цел да го заштитат, но кај мајките со послепородилно опсесивно-компулсивно пореметување таа грижа е претерана.

Тие не само што се грижат претерано, туку постануваат толку вознемирени со своите мисли така што настојуваат да ги контролираат со помош на одредени ритуали.

Се проценува дека 2-9 % од новите мајки патат од после-породилно опсесивно компулсивно пореметување, со симптоми кои варираат од благи до тешки.

Не е јасно што го потикнува развојот на после-породилното опсесивно-компулсивно пореметување, но се знае дека жените со панични пореметувања или опсесивно-компулсивно пореметување се позагрозени.

Понекогаш лекарите послепореодилното опсесивно компулисивно пореметување го заменуваат со послепородилна психоза, која се карактеризира со делузии (искривени верувања) каде постои ризик од повредување на детето. Кај мајките со послепородилно опсесивно-компулисвно пореметување ризикот од повредување на детето е мал.

Лекувањето на опсесивно-компулсивното пореметување не е лесно, иако когнитивно-бихејвиоралната терапија може да помогне.

Психијатрите истакнуваат дека здравствените работници, пред се матичните гинеколози и матичните лекари треба повеќе внимание да посветат на навремено откривање на жените кои патат од послепородилно опсесивно компулсивно пореметување.

 

zazdravje

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Запознајте ја мајката која дои туѓи деца
Иако доењето туѓи деца беше совршено вообичаена професија во минатото (доилките беа особено пожелни во аристократските и...
4
Изберете безбедна и удобна опрема за бебе
Една од најважните работи кои треба да ги направите во текот на бременоста е купувањето на опрема за бебето. Секоја тр...
4
Како да ја смирите бебешката проблематична...
Дерматитисот предизвикан од пелени, исто така познат како црвенило од пелена, е еден од најчестите проблеми кај кожата н...
3
Напредување на исклучиво доено бебе
Ако сте загрижени дали вашето бебе добива доволно млеко со доење, најпрво прочитајте го овој текст. Добивањето на тежина...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?