|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога ќе имам дете нема да му дозволам...!

Редакција Рингераја, 4.11.2013
Дали се сеќавате на речениците и ветувањата кои сте ги дале пред да станете мајка? Ве потсетуваме на некои од нив...
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Скоро секоја жена на светот го променила својот став кон воспитувањето на децата, откако станала мајка. Секоја од нас прави планови каква мајка ќе биде и како ќе ги воспитува децата. Си ветуваме себеси дека на ќерката нема да и дозволиме да плаче во супермаркет, за да и се купи уште нешто, како што тоа го прават многу мајки.  Сите замислуваме иднина во која  совршено пристојни деца уживаат јадејќи боранија и се опуштаат читајќи книга, како со презир го гледаат телевизорот и компјутерските игрички и редовно велат “фала” и  “молам”.

Меѓутоа, кога тие малечки конечно ќе стигнат во нашите животи, повеќето од нашите планови паѓаат во вода. Мал е бројот на деца кои нема да гледаат цртани филмови, а уште е помал бројот на деца кои нема да се бунат кога во чинијата ќе видат боранија.

И баш заради единственоста и изненадувањата кои доаѓаат со децата секој ден, родителството е најзабавна авантура и најголема животна среќа!

Потсетете се што сте ветувале дека никогаш нема да правите.

 

Никогаш нема да допуштам лошо однесување на јавно место

Тоа е една од оние работи на кои помислила секоја мајка. Секако, некои мајки подобро се снаоѓаат кога се зборува за однесувањето на нивните деца. Малите деца, посебно помалите од три години, често и потполно неочекувано можат да имаат изливи на бес. Кога се уморни, гладни, или не се чувствуваат најдобро, можат да се расплачат ако им кажете да облечат џемпер, или ако не сакате да му купите од истото чоколадо кое го имате дома. Колку и да се трудите правилно да го воспитувате и позитивно да влијаете на однесувањето на детето и најпристојното дете на светот еднаш ќе направи слична сцена.

 

1

 

Никогаш нема да дојам на јавно место со непокриени гради

Сите мајки немаат ист став за доењето на јавно место. Некои мајки сметаат дека не е проблем тоа да го направат кога бебето ќе има потреба за млеко, додека други ќе почекаат да останат сами или ќе се покријат со кебенцето, ако е навистина неопходно во тој момент да го дојат бебето. Повеќето жени ветуваат дека нема да ја отпетлаат кошулата пред очите на светот. Но кога ќе станете мајка и Вашето дете е гладно, тогаш инстинктите ќе Ве водат да го направите тоа, бидејќи ја имате најважната мисија на светот – да го нахраните бебето.

 

2

 

Никогаш на бебето нема да му дадам млечна формула

Иако доењето и со самото тоа мајчиното млеко е од голема важност за правилен развој на најважните битија, секоја жена ја нема таа привилегија да и се млекото и градите во извонредна состојба, додека бебето сака да цица. Лесно е да се вети дека нема да го лишиме бебето од хумано млеко, но постојат моменти кога млеко нема, а бебето е гладно. Во тој случај млечната формула е најдобро решение.

 

3

 

Никогаш нема да го делам креветот со бебето

Ова прашање е секогаш актуелно меѓу родителите. Некои сметаат дека тоа не е добра одлука од безбедносни причини, а некои сакаат нивното дете да биде посамостојно. Но, многумина ги променуваат своите ставови кога ќе станат родители. Многу често мајката и бебето ќе заспијат истовремено, а потоа тоа ќе стане обичај.

 

4

 

Никогаш нема да дадам цуцла лажачка по првата година

Голем број жени не можеле да веруваат кога гледале како на двегодишно дете кое вришти мајката му дава цуцла само за да престане. Тогаш тие си ветиле себеси дека никогаш нема да направат така. За да не станете и вие таква мајка, точно одредете го времето кога ќе ја тргнете цуцлата и цврсто држете се на таа одлука. Некои мајки се држат до својот план, но голем е бројот на оние кои мислат дека нема потреба нагло да се прекине со користење на цуцла по првиот роденден.

 

5

 

Никогаш нема да му дозволам на детето да избира храна

Ако некои од Вашите пријателки се мајки, тогаш сигурно сте присуствувале на сцена во која целото семејство јаде мусака, а најмладиот член јаде некаков намаз. Тогаш сигурно сте си ветиле дека Вашето дете ќе јаде предјадење, главно јадење и салата. И ќе ви даде комплимент за направениот ручек. Меѓутоа, кога конечно станавте мајка, се соочивте со намрштено лице, стегнати раце и цврсто затворена уста. Слушнавте и “бљак”, иако два часа подготвувавте здрав оброк. И тогаш се фативте себеси дека му давате на детето да јаде што сака, само да јаде.

 

6

 

Никогаш нема да го оставам детето да се исплаче

Постојат две врсти на мајки: оние кои можат да поднесат детски плач и оние кои не го оставаат детето да се исплаче. Иако пред раѓањето на детето си ветивте дека нема да го разгалите, едноставно не  можевте да седите мирно и да го слушате бебето како плаче во соседната соба, иако е најадено, пресоблечено и не му студи. Тогаш притрчувате да го прегрнете бебето и тоа е сосема природно.

 

7

 

Никогаш нема да речам “Затоа што јас велам така!

Можеби Вашите родители ја користеле оваа реченица секојдневно, но вие нема да бидете таква мајка! Цврсто одлучивте! Сепак, кога неколку пати во денот ќе слушнете  - зошто, зошто, зошто, зошто, зошто, ваков одговор ќе дадете потполно спонтано. Секако дека тоа не е најдобар одговор, па наместо да се каете, размислете што ќе кажете следниот пат.

 

8

 

Никогаш нема да ја средувам собата наместо него

Сите замислуваме дете кое стои на столица и ги брише чиниите кои ги миеме. Сепак, најчесто се случува детето да одбива да ја суреди својата соба, колку и да се трудиме да му објасниме дека тоа е неопходно. И на крај сами го правиме тоа бидејќи не сакаме нашето дете да спие во испрашена и несредена просторија.

 

9

 

Никогаш нема да дозволам моето дете да носи пелени по првата година

Исто како со цуцлите и шишињата, жените го одредуваат и времето до кога нивното дете ќе носи пелени. Оваа одлука делува како нешто што е лесно да се оствари, се додека не дојде време за привикнување на нокшир. Некои деца лесно го прават овој премин, додека други не можат да се одвојат од пелените до третата и четвртата година од животот. Затоа не се обвинувајте себеси ако овој процес потрае малку подолго.

 

10

 

Никогаш нема да му дозволам на својот едногодишен син да гледа телевизија

Не сакате Вашите деца да седат со саати пред телевизор, ниту да губат време со компјутерски игри кои не ја поттикнуваат креативноста? Меѓутоа забележавте дека Ноди има волшебно влијание врз детето и дека детето е најрадосно кога го гледа омилениот цртан филм. А која мајка сака да ја скине насмевката од лицето на своето дете?

 

11

 

Никогаш нема да ја напишам домашната работа наместо него

Помошта при изработката на домашните задачи е многу потребна, но морате да го препознаете моментот кога помошта ќе премине во преземање на обврската. Што ќе научи вашето дете додека вие водите борба со собирање и одземање, а тоа гледа цртани? Ништо.  На детето бидете му само асистент кој ќе му помогне да најде решение на задачите.

 

12

 

Никогаш нема да се запоставам

Кога вашата другарка, која изгледала како Барбика, ќе стане мајка, а со тоа и со подочници, со неизмиена коса и во трењерки, кога ќе стои така што потсетува на нилски коњ, ќе помислите дека тоа никогаш нема да си го дозволите себеси. Но одењето на аеробик и на фризер, шминкањето и лакирањето на ноктите одзема многу време, а во првите денови од родителството осум часа сон во текот на денот се луксуз, кој не можете да си го дозволите. Секоја од нас, па и најубавата, ќе доживее да се исплаши кога ќе го погледне својот одраз во огледало.

 

13

 

Никогаш нема да ми биде куќата неуредна

Исто како што немате време да се погрижите за сопствениот изглед, така немате време ниту за средување на домот. Кога ќе станете мајка во куќата ќе имате работа многу повеќе од порано, а некои должности мора да трпат за бебето да биде згрижено. На крајот на краиштата, колку и да се трудите да го средите својот дом, успехот нема да биде голем, бидејќи децата и нередот одат рака под рака.

 

14

 

Никогаш нема да ги посрамотам своите деца

Силна прегратка и стотици бакнежи пред училиште? Тоа не доаѓа во предвид, посебно кога другарите или симпатијата на вашето дете се во близина – така гласеше одлуката. Но кога ќе станете родител тешко препознавате што може да го засрами детето. Сепак не грижете се се додека тоа е нанамерно.

 

15

Први реакции на родители на дете со интеле...
Ниеден родител не сака неговото дете да биде болно, попречено или повредено на било кој начин. Но кога родителите дознав...
26
Детето и домашното милениче
Со добра подготовка детето и домашното милениче можат многу добро да живеат заедно. Истражувањата покажаа дека децата к...
15
Како да се заштитите од мали сипаници - Мо...
Алармантна ситуација со заразното заболување Морбили кај нас во Македонија, поготово во последниве неколку години. Оваа ...
12
Подобро здравје со домашните миленичиња
Во едно истражување, кое опфатило 240 брачни двојки, сопствениците на миленичиња имале понизок крвен притисок и помали о...
8


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Dali?
Jana9

Dali praktikuvate da vozite velosiped?

Da (40%)

Ne (60%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!