|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Поминаа деновите кога вашето малечко го нарекувавте бебе. Наместо тоа сега имате мал пријател преполн со енергија, кој зборува нон-стоп и постојано ве држи на нозе. На што треба да бидете подготвени?

image
/11


 

 

Кога имате дете, никогаш не сте сами

Обидете се да одите во тоалет, да се истуширате или да јадете од неговите бисквити во тајност...овие скапоцени моменти да се биде свој, веќе се во мнатото. Вашиот верен пријател секогаш ќе биде до вас, да трча и да коментира.  Тоа е многу побезбедно отколку да биде надвор од вашиот поглед.

 

Кога имате дете, добро внимавајте што зборувате

Да, симпатично е кога вашето дете ќе прозборува. Неверојатно е да се слушне како неговиот јазик се развива  како зборовите стануваат се појасни и појасни. Но не е баш идеално да се слушнат оние зборови кои ги изговоривте кога корпата со перени алишта ви падна на нога. И не, не е прекрасно кога истата фраза ќе ја каже гласно во преполниот маркет. Исто така не е брилјантно кога на келнерот во кафуле ќе му рече: “За мене едно вино”.

 

Кога имате дете, ќе откриете нов вид на логика

Не постои друга логика како детската логика. Ако сака тост со зеленчук едниот ден, другиот ден ќе го мрази. Ако сака да носи капа и шал во најжешкиот ден, нема да сака да носи кога е најладно. Ќе се научите да не објаснувате, да не аргументирате, да не се трудите да разберете, бидејќи не вреди. Нема ништо лошо во тоа да се носат гумени чизми секој ден и во секоја прилика.

 

Кога имате дете, ќе почнете да се плашите од тишината

Ако не можете да го видите или слушнете вашето дете, подгответе се да го најдете како пишува по ѕидовите, седи на ногата на помалото братче, се качува по скалите или се подготвува да предизвика голема катастрофа. Не мислете дека нема да забележи ако заминете во другата соба на една минута – ќе забележи. И тогаш ќе се подготви да направи се што сте му забраниле.

 

Кога имате дете, подобро е да ги знаете сите одговори

Подгответе се да одговорите на прашањето “зошто” 300 пати на ден. Секој ден. Или беше секој час?

 

Кога имате дете, ќе го научите значењето на зборот тантрум

Ќе се научите да ги откриете знаците на предупредување. Понекогаш ќе добиете известување неколку минути претходно, понекогаш тантрумот ќе трае цел ден, а понекогаш ќе ги премне сите граници. Ако имате среќа, ќе успеете да му го одвлечете вниманието и да го смирите детето. Ако немате среќа, ќе се најдете во маркет во количка полна со производи. Ќе гледате како вашето дете фрла, кине, крши и тоа ќе ви изгледа како вечност, но ќе помине. Само концентрирајте се на мислата: Ќе помине.

 

Кога имате дете, нема да ви биде важно што другите луѓе мислат

Ќе се откажете од опсесијата да ги бришете малите прстиња од екранот на телевизорот. Ќе го нахраните детето со палачинки со еурокрем за да му се поправи расположението и ќе го ставите цртаниот филм Пепа Прасе на Repeat. Понекогаш е подобро да се предадете и да кренете бело знаменце.

 

Кога имате дете, вашите преговарачки вештини можат да ви донесат работа во Обединетите Нации

Се што ќе откриете, ќе ви служи за преговарање. За неколку дена вашето мито ќе бидат бисквити.  Во подобри денови тоа ќе биде одење во парк. Животот ќе ви се состои од  повторувачка серија на разговори во која нудите екстравагантни работи, а за возврат барате да го облечете/избањате/нахраните/легнете детето. И повторно и повторно.

 

Кога имате дете, ќе најдете свој начин на релаксација

Тоа би можело да биде теретана, ноќ во град со пријателките, или релаксирачка бања. А би можело да биде и вино.

 

Кога имате дете, ќе се заљубувате повторно секој ден

Кога ќе се повредат ќе ги подадат своите раце кон вас за да ги подигнете. Кога ќе се разбудат од спиење првото нешт што ќе речат ќе биде “мама”. Кога ќе ви ја донесат истата книга да им ја читате по 17 пати во ден. Кога ќе ве прашаат зошто. Кога ќе ви се фрлат во прегратка и ќе почнат со серија на лигави бакнежи. Кога ќе ве стегнат како што никој не знае да го направи тоа. Кога ќе ве погледнат во очи  ќе ви се насмеат. По милион пати на ден повторно ќе се заљубувате во нив.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Во овие моменти потребно ви е екстремно тр...
Постојат моменти кога, како родител, потребно ви е големо трпение. Всушност, тоа е секој ден. А потоа, постојат моменти ...
4
6 работи кои не ве прават лоша мајка
Постојат општо прифатени норми кои општеството сака да става и еден од нив секогаш е тоа да си лоша мајка - да го остава...
4
Колку треба да јаде дете на возраст од 1-3...
Како да знам дали моето дете јадело колку што е потребно - е едно од најчестите прашања што ги поставуваат родителите. С...
4
Што треба да знае дете на 2-годишна возраст?
Секое дете се развива индивудуално, но постојат некои граници и нешта кои може да ни укажат на тоа дека детето има потен...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?