|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога да го оставите детето само дома?

Редакција Рингераја, 12.4.2012
Се прашувате дали Вашето дете е доволно зрело за да може понекогаш да остане само дома? Ќе Ви помогнеме да добиете одговор на ова прашање

image
/11


 

 

Најважниот фактор при донесувањето одлука да го оставите детето само е токму самото дете и дали тоа се чувствува опуштено и сигурно, или се уште чувствува страв. Ако детето се плаши да остане само дома и тоа го доживува како трауматично искуство, на пример сите звукови ги доживува со страв, размислува што лошо може да се случи, тогаш можат да се јават последици во емоционалниот развој и тоа е знак дека детето не е подготвено да остане само дома. Така децата можат да станат несигурни во светот околу себе и во самите себе, повлечени и интровертни, или сосем спротивно – агресивни. Во тој случај за родителите е најдобро да размислат на кој друг начин можат да се снајдат. Најчесто децата го поминуваат времето со дедовците и бабите, ако имаат таква можност. Исто така, родителите можат да се здружат со родителите на другарчињата на детето и да организираат чување на децата во смени.

Кога родителите ќе почнат да размислуваат дали нивното дете е доволно зрело за да остане само дома, треба да размислат и за тоа дали детето би можело да се снајде само во некои изненадни ситуации – ако некој заѕвони на врата, ако нешто во куќата или станот се запали или поплави, ако снема струја? Знае ли детето да реагира на сигурен начин и да побара помош? Ги слуша родителите и ги почитува ли правилата и упатствата кои му се даваат? Исто така, мора да размислите дали детето може само да си земе оброк, на сигурен начин да ја затопли храната, да отиде до блискиот дуќан ако му затреба нешто? Пред да го остават родителите детето само дома, би требало да разговараат  со него за потенцијалните ситуации и да бараат од детето да покаже што би направило во тие моменти. За секоја ситуација може да се постават правила – што смее да се вклучи во кујната (на пр. микробранова печка), а што не смее (шпорет); што смее да се каже на некој по телефон, а што не смее (на пример дека е само дома); што да се каже кога некој ќе заѕвони на врата; во кои соби смее да си игра; смее ли да ги повика другарите заедно да си играат; кога и колку смее да гледа телевизија; дали смее да користи интернет...

Родителите не смеат да заборават да го остават станот сигурен за детето, да не оставаат на дофат алкохол, лекови, опасни детергенти, оружје, запалки или ќибрит на дофат на рака.

Доколку едното дете во семејството е доволно зрело за да остане само дома, тоа не значи дека тоа може да се грижи за својата помала сестра или брат. Родителите треба да водат сметка и за тоа и да проценат колку е зрело малото дете и во какви меѓусебни односи се двете деца.

Кога родителите ќе одлучат дека детето е доволно возрасно за да остане само дома, добро би било да направат неколку тест – ситуации и да го остават детето на неколку часа само дома, пред да почнат да го оставаат само по цело работно време.

Би било добро доколку родителите и детето се слушаат по телефон неколку пати во текот на денот, посебно во почетокот и детето да знае дека во секој момент треба да биде достапно на телефон. Добро е на детето да му ги оставите сите важни телефонски броеви, како што се итна помош, пожарникари и полиција и секако Вашите броеви. Исто така, потребно е на детето да му дадете упатства во кои ситуации смее да ѕвони на тие броеви.

Исто така, родителите треба да поразговараат со детето за активностите со кои детето треба да се занимава додека е дома. Родителите можат да му зададат некои мали задачи на детето, на пример секој ден да ја средува својата соба, да чита лектира, или други забавни активности за детето да не биде цел ден препуштено на гледање телевизија или сурфање по интернет. Ако имате две или повеќе деца кои ги оставате сами дома, предложете им да играат “Не лути се човеку”, “Монополи”, “Сложувалки” и слично. Исто така оставете им на дофат боенки, боички, фломастери, хартија за цртање и слично.

Домашните миленичиња можат да им бидат добро друштво на децата и децата со нив може да се чувствуваат посигурно.

Доколку се' се организира добро, самостојното останување дома може да биде позитивно искуство за детето и помош во изградбата на неговата самодоверба. Кога родителите ќе ги спроведат сите горе наведени упатства и кога ќе почувствуваат дека нивното дете е сигурно во себе, можат вистински да се опуштат и да веруваат во себе и во своето дете.

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Денот на вљубените - пред и по децата!
О, Денот на вљубените. Пред децата, тоа е романтичен одмор кој гарантира ноќно излегување, вино и време за секс. После д...
4
Билингвализам - најубавиот подарок за децата
Билингвализам или двојазичност значи познавање и говорење на два мајчини јазици
4
На која возраст детето треба да ги именува...
Едно од најчестите прашања кои ги добивам од родителите е, кога е вистинското време за нивното дете да ги научи да ги ра...
4
Џесика Алба: Неколку трикови за занимација...
Се возите на пат и не знаете како да ги занимавате палавковците? Седите дома, завршивте со домашните задачи и сега што? ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?