|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Кивањето е полу-автономна, згрчена експлозија на воздух од белите дробови преку носот и устата. Обично е предизвикано од надворешни честички кои ја иритираат носната слузница

image
/11


 

Кивањето исто така може да биде предизивикано од изненадно изложување на светлина, полн стомак или вирусна инфекција што може да доведе до ширење на болести.

Кивањето е адаптивен рефлекс со кој се протеруваат надворешните честички или надразнувачи од слузницата на горните дишни органи и се чисти носната празнина. За време на кивањето, задниот дел од јазикот се подигнува и делумно го запира воздухот кој оди кон устата, па така скоро целиот воздух од белите дробови излегува низ носот. Силата и степенот на протерување на воздух варира.

 

Како функционира?

Во моментот кога надворешните честички ќе поминат низ носните влакненца и ќе ја допрат слузницата започнува кивањето. Допирот иницира ослободување на хистамин кој ги иритира нервните клетки во носот по што тие праќаат сигнали до мозокот за да започне кивање преку системот на тригеминалниот нерв. Како одговор на овој сигнал, мозокот ги активира мускулите на голтникот и дишникот, што резултира со широко отворање на носната и усната празнина и моќно испуштање на воздух. Ваквата моќна реакција рефлексно ги активира (згрчува) мускулите на лицето и градите.

Интересен факт е што кивањето неможе да настане за време на "REM" фазата на сонот. Тоа е состојба на телото позната како "REM" атонија, во која мотроните неврони не се надразнуваат и рефлексните сигнали не се спроведуваат до мозокот. И покрај тоа, доколку надворешните стимулуси се мошне силни, можно е тие да бидат причина човекот да се разбуди од сон со цел да активира кивањето. Но повторно, и во овој случај човекот кива во полубудна или будна состојба, а не во фазата на длабок сон.

 

Епидемиологија

При кивање се шират заразни капки, со големина од 0,5 до 5 mcm. Со едно кивање може да се исфралат и до 40.000 вакви капки (аеросол).

 

Превенција

Примери на техники кои се користат за да се спречи кивањето се: длабоко издишување на воздухот од белите дробови, задржување на здивот додека изброиме до десет, стегање на горниот дел на носот, отворање на очите и др.

Советите за намалување на честотата на кивање генерално се насочени кон намалување на интеракцијата со разни иританти, како што се:

  • чувањето на миленичињата надвор од куќата за да се избегне животински влакна и првут
  • обезбедување на навремено и континуирано отстранување на нечистотијата и прашината преку правилно одржување на хигиената во домаќинството
  • промена на филтрите за печките и клима-уредите
  • живеење надвор од индустриски и земјоделски подрачја и др.

И покрај сето ова за многумина кивањето е добредојдено. Постојат безброј луѓе кои не би сакале да го спречат кивањето. На крајот на краиштата еволуцијата го создала овој рефлекс во насока на заштита на нашите организми.

 

Традиционални одзиви на кивање

Во земјите со англиско говорно подрачје, најчесто вербален одѕив на кивањето е "bless you" (во превод „да те благослови“), во германското говорно подрачје "Gesundheit" (во превод „добро здравје“), а во македонскиот јазик „на здравје“.

 

 doktori.mk.logo

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направи сам: Велигденска кошничка
Покрај сите овие предлози за тоа како да ги декорирате вашите велигденски јајца, редно е да ве инспирираме и со направи ...
4
Официјален Регистар на педофили во Р. Маке...
Презентиран Регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија.
3
Ќотекот НЕ е излезен од рајот
Родителите имаат многу улоги во животот на детето. Тие се воспитувачи, доктори, тренери, возачи, учители, медијатори, го...
3
Ненасилно воспитување на децата
Насоки за ненасилно воспитување на децата
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?