|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ki4iko: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 30.3.2015
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
Породилна приказна
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Ki4iko

Датум на породување: 25.01.2015 година

Тип на породување: природно

Болница: Градска Oпшта болница-Прилеп

 

Мојата втора бременост помина очекувано тешко.Имав прва тешка бременост,па така кога планиравме второ дете, бев психички спремна дека и оваа бременост ќе се издржи,без разлика што таа ќе донесе.И донесе хематом на постелка во 12 недела, скратено грло на матка, што значеше долга терапија и мирување строго во кревет. Малку потешко беше што морав да лежам цело време, а синчето од 4 години си бараше свое внимание, па секогаш имав помош од домашните и без нив немаше да успееме до крај.
До крајот на бременоста редовно одев на контролите и се беше во ред.

Неколку денови до крајниот термин чувствував блага болка во долниот дел од стомакот и  внатре ниско, па морав секојдневно да одам на ЦТГ преглед. Се' беше нормално и последните денови пред породување ги поминав 2 сантиметри отворена. Го чекавме само моментот кога бебето ќе не израдува.

Болките во долниот дел од стомакот веќе стануваа чести и едно неделно попладне 3 дена пред терминот, се зачестија на 10 минути. На лекар утврдија дека е рано и дека телото се спрема, но згрешија. После  упатувањето дома, по некој час болките станаа почести, но не беа јаки воопшто. Не мислев да одам на лекар повторно, особено откако пред само неколку часа ме вратија од родилиштето,заради тоа што немав силни болки. Седејќи со моето семејство таа вечер забележавме дека болките станаа интензивни и дека се повторуваат на секоја минута. Тоа беше знак веднаш да се упатам на родилиште.

Најбрзо што можев се подготвив. На болница стигнав во 23:20 таа вечер, девет сантиметри отворена. Немаше време ни за припрема пред породување. Само седнав на боксот и турнав со сета сила на огромните напони, кои се појавија одеднаш. И тоа беше тоа, бебешкото плачење ме потсетуваше дека тоа не е сон, дека е вистинско, најбрзото породување за кое јас сум слушнала, само го слушав гласот на бабицата, која како да се радуваше, викајќи дека сум имала среќа што сум стигнала на време, бидејќи ако сум почекала уште малку, ќе сум се породела дома. И навистина, се породив во 23:55, само пола час одкако стигнав на родилиште и час иполовина од слабите болки.

Ете тоа е тоа, децата даваат смисол на живеењето и го прават магичен и никогаш немаше да верувам дека некој може без болки да се породи, немаше да поверувам,а да не бев јас таа.

Се роди Јана, замотана 2 пати со папочна врвца, силна во плачот, знаев дека се ќе биде во ред.... Дома си појдовме по 3 дена. Неописливо е чувството за тоа како е да станеш мајка и тоа по втор пат.

 

Рингераја и посакува среќно детство на Јана! 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бременост 28-ма недела
Мамичке, не грижи се што не мрдам...ми се спие!
4
Бременост со висок крвен притисок
Во тек на бременост, при СЕКОЈ преглед, МОРА да се мери крвен притисок.Слободно потсетете го гинекологот и инсистирајте ...
4
ВИДЕО: Близнаци се тепаат во матката на ма...
Ривалството помеѓу децата во семејството може да започне уште пред раѓањето. Истражувачи од Лондон успеале да направат и...
4
Треба да јадам за двајца!?
Во првото тромесечие од бременоста на Вашето тело не му треба внесување на дополнителна количина калории од вообичаените...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?