|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кејт и Вилијам очекуваат близнаци?!

Редакција Рингераја, 5.12.2012
Војвотката од Кембриџ и принцот Вилијам можеби очекуваат близнаци, соопшти вчера Дејли телеграф. Кејт страда од силно и често повраќање, кое најчесто се сретнува кај жените кои носат близнаци, тврдат специјалистите

image
/11


 

 

Идните мајки кои страдаат од hyperemesis gravidarum е 3 пати поверојатно дека ќе родат повеќе од едно дете, пишува во соопштението.

Принцот Вилијам и Кејт вчера објавија дека го очекуваат првото дете, откако Кејт била примена во лондонската болница “Крал Едвард VII”. 30-годишната Кејт без престан повраќала, па морала да биде под лекарски надзор и дополнителен прием на течности. Ваквата состојба се сретнува кај една од 200 бремени жени и основна опасност е дехидратација. Лечењето на Кејт вклучува интравенозно примање на течности, примање на витамини и лекови против повраќање. Состојбата се подобрува во 12-13 седмица од бременоста.

Кејт и Вилијам планирале да ја соопштат веста за бременоста по 12-та седмица, но за да се избегнат шпекулации во врска со нејзиното здравје, одлучиле веста да ја објават порано.

Бебето на Вилијам и Кејт е трето во редицата за наследување на круната. Според радикалниот предлог на промена на правилата на монархијата, британскиот трон ќе може да го наследи едно од првородените деца  на Вилијам и Кејт, независно од неговиот пол.

Детето ќе биде прво внуче на британскиот престолонаследник Принцот Чарлс, како и на родителите на Кејт Мидлтон. Бебето може да постави и рекорд – последниот правнук кој е директен наследник на круната на британскиот монарх е роден пред 120 години.

Според кралската историчарка Кејт Вилијамс, бебето е најочекуваната принова во семејството  и претставува најголема сензација во историјата на кралството.

 

Ако е девојче, може да се вика Диана-Елизабет

Најмногу претпоставки има дека бебето ќе се вика Мери или Матилда, ако е девојче и Едмунд или Џорџ, ако е момче. Се претпоставува дека Кејт ќе сака да и оддаде почит на починатата принцеза Диана и на кралицата Елизабета, па детето ќе го крсти Диана-Елизабет.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жените почесто бираат машки гинеколог?!
Жените почесто бираат машки гинеколог, а еве зошто
6
Подобрување на интимноста за време на брем...
Бременоста е извонредно искуство кое носи безброј промени во телото и животот на жената. Како што се развива секоја неде...
3
Од јадење сладолед во бременост бебето нас...
Најчудните совети на нашите баби!
3
Антидепресиви во бременоста - ДА или НЕ?
Страдате од депресија и земате антидепресиви, еве што треба да направите доколку дознаете дека сте бремени
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?