|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ќе се отвораат 3 Роса школи за родителство

McCann Скопје, 9.2.2018
Нов партнерски проект на Пивара Скопје и Министерството за здравство за едукација на идните родители во Македонија

image
/11


 

08.02.2018 - Пивара Скопје и Министерството за здравство го најавија својот најнов проект преку кој ќе се издвојува по 1 денар од секое продадено шише Роса вода од 1,5 л, а средствата ќе бидат наменети за отворање 3 школи за родителство во здравствени домови во Македонија.

Овој проект се реализира со поддршка на Министерството за здравство, а истиот е наменет за сите заинтересирани идни родители во Македонија. Негова основна цел е всушност едукација на идните родители и останати членови од семејството како да се справат со секојдневните предизвици што ги носат нивните нови улоги. Првите Роса школи ќе бидат отворени во последниот квартал од 2018 година, кога вакви школи ќе добијат Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, Клиничката болница во Битола и Општата болница во Гостивар.

На одржаната прес-конференција се обратија г-дин РодерикРозенбаум, Комерцијален директор на Пивара Скопје, како и министерот за здравство, Доц. Д-р Венко Филипче, кои истакнаа дека отворањето на вакви школи за родителство е од исклучително значење, како за идните родители, така и за здравството во Македонија.

„Со овој проект Пивара Скопје уште еднаш ја потврдува својата определба да биде долгорочен партнер и поддржувачна добросостојбата на сите категории граѓани и заедницата воопшто. Роса школите за родителство се особено значајни за нас како компанија, пред сè бидејќи се работи за први школи од ваков тип во јавниот сектор во Македонија и искрено верувам дека преку нив ќе успееме да направиме позитивен придонес во здравството. Би сакал истовремено и да ја изразам нашата благодарност до Министерството за здравство за нивната поддршка и професионална помош која несебично ќе ја овозможат за сите идни родители, со цел заедно да делуваме во насока на создавање здрави идни поколенија“, изјави г-дин РодерикРозенбаум, Комерцијален директор на Пивара Скопје.

„Навистина ми е чест што заедно со Пивара Скопје го започнуваме овој значаен проект, со кој сигурен сум дека нема да имаат корист само идните родители, туку и целокупното здравство, особено што допираат еден од најзначајните сегменти, а тоа е родителството. Министерството за здравство ќе обезбеди експертска помош и стручен кадар од доктори специјалисти кои ќе работат во овие школи и верувам дека навистина ќе успееме да одговориме на сите прашања и дилеми врзани со бременоста и новороденчињата, а со тоа и да им ги олесниме новите животни улоги на сите идни родители“, изјави Доц. Д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Инаку во школите ќе работи обучен и стручен тим од педијатари, гинеколози и акушери, патронажни и гинеколошко-акушерски сестри кои преку бројни работилници организирани во 5 тематски целини ќе обучуваат за успешно родителство, за текот на бременоста и нега на трудниците, како и за подготовките за породување, негата и исхраната на новороденчето.

Просториите каде ќе бидат сместени школите ќе бидат комплетно реновирани и опремени со мебел и останата опрема неопходна за успешна реализација на работилниците од страна на Пивара Скопје, а значаен придонес на целата иницијатива всушност ќе дадат и граѓаните од цела Македонија кои ќе ги купуваат пакувањата од 1,5 л од чија продажба ќе се издвојува по 1 денар за оваа цел.

 

1

 

2

 

3

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Новогодишни пакет изненадувања - трет доби...
Monika е третиот добитник на новогодишен пакет изненадувања.
3
Кој е најфорумџија на Рингераја изминатиов...
Кој наш член имаше најмногу постови на форумите на Рингераја.мк?
3
Група: Хуманитарна помош за настраданите
Ве известуваме дека на социјалната мрежа „Фејсбук“ веќе активно и континуирано функционира групата Humanitarna pomos za ...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?