|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Казни за родителите кои одбиваат вакцина!

Редакција Рингераја, 22.4.2013
Вчера на одбележувањето на Европската недела на имунизација, беше истакнато дека родителите кои одбиваат вакцинирање на децата се казнуваат со 500 евра, по пријава на инспекцијата, и засега околу 200 случаи се на суд за одбивање вакцини

image
/11


 

 

Целта на настанот „Спречи, заштити, вакцинирај! Заштити го светот, вакцинирај се!“, според раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита Јованка Костовска, е да се подигне свеста кај населението за бенефитите од вакцинирањето. Потребата да се вакцинираат децата, како што нагласи, не само што е законска обврска, туку е и право на секое дете да биде заштитено од тешки заразни заболувања.

„Уште еднаш ги повикуваме и охрабруваме родителите дека вакцините во Република Македонија се безбедни, од најреномирани производители. Да ги вакцинираат своите деца и понатаму државата да биде меѓу земјите лидери кои имаат висок опфат на имунизација. Со тоа многу болести се искоренети и нема да се вратат, а ќе имаме здраво поколение“, изјави Костовска.

Во рамки на активностите за одбележување на неделата на имунизација, најави дека нивни екипи ќе бидат на терен и ќе откриваат невакцинирани деца од рурални средини, ромска популација и други деца кои воопшто не се евидентирани или не се вакцинирани.

На настанот во Градскиот парк присуствуваше и министерот за здравство Никола Тодоров.

Неделата на имунизација ќе трае до 27 април, а за утре предвиден е стручен состанок на епидемиолози, кои ќе разговараат за опфатот на вакцинирани и за проблемите што треба да се надминат. Македонија ја одбележува Европската недела на имунизација од нејзиното востановување пред осум години, од страна на Светската здравствена организација.

Годишно околу 150.000 деца на различна возраст се вакцинираат во Македонија. Опфатот е во просек околу 95 отсто за сите вакцини, но се уште има поделеност и недоверба на родителите за најновата вакцина против инфекции со хуман папилома вирус (ХПВ) која од 2009 година е задолжителна за девојчиња на 12 години. Минатата година вакцината ја примиле 50 отсто во државата, а во Скопје меѓу 20 и 25 отсто.

Светската здравствена организација препорачува што повеќе напори за зголемување на опфатот на имунизација, зашто во светот годишно над 10 милиони деца под пет години умираат. Од нив, 1,4 милион деца под 5 години умираат од болести кои можеле да се спречат со вакцинација.

Околу дваесет вакцини се откриени од 1885, кога Луј Пастер ја пронашол првата вакцина – против беснило.

Благодарение на вакцините се елиминирани или редуцирани многу смртоносни болести, како вариола вера, дифтерија, парализа… Во Македонија прва воведена вакцина била против туберкулоза, во 1948, во 1951 биле воведени против тетанус и дифтерија, во 1960 против голема кашлица.

Последен случај на дифтерија во Македонија имало во 1976. Од неа во минатото заболувале по 400 случаи годишно од кои 25 умирале. Последен случај на парализа бил во 1987, тетанус неонатален во 1993. Пред воведување на вакцината против голема кашлица во 1960 година имало по 3.600 заболени годишно и по 20 умирале, од тетанус имало по 36 заболени, а 17 умирале.

 

Извор: региони.мк

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

“Остави го бебето да плаче”?
Повеќето не наспиени родители доаѓаат до точка кога се во состојба да направат се' за да го научат детето да спие во тек...
4
Научете го детето да заспие само
Овој план се базира на методот кој го развил Др. Ричард Фербер во својот центар за нарушувања во спиењето, во Детската б...
4
Најубавите фотографии од доење во јавност
Фотографката Ивет Ивенс сака доењето во јавност да го направи норма. Литванката, која во моментов живее во Чикаго, прави...
4
Фото: Мајката на првороденото бебе!
Фотографија од Јасмина Смилевска и нејзиниот син, првородено дете во 2013 година
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?