|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кaкви подароци очекуваат децата за Нова Година?

Редакција Рингераја, 27.12.2018
Дедо Мраз е добар и дарежлив, тој ги исполнува сите соништа. Затоа децата треба да ја ослободат фантазијата и да посакаат убав подарок. Обично желбите на децата се под влијание од она што го виделе во излозите, рекламите во списанијата и на ТВ
Клучни зборови:

image
/11


 

Под елката тие очекуваат големи и блескави подароци, играчки кои играат и пеат. Никој не очекува да добие облека или обувки. Колку и неопходна или модерна да е облеката, ако му подарите таков подарок на мало дете, тоа најверојатно ќе се разочара.

Момчињата  како и секогаш сакаат писти, радио автомобили, модули со најразлични одвртувачи, чекани и други додатоци за професијата  домашен мајстор. Ќе им се допаднат и  акумулаторски џипови или велосипеди. Додека го управуваат џипот, децата можат да слушаат музика, а нивните родители да остваруваат контрола преку далечинскиот управувач. Малите деца се восхитуват и од музичките композиции на возовите, кои работат на батерии, се движат по метални шини, испуштаат чад и даваат звучни и светлосни сигнали, сосема исто како кај вистинските.


Актуелни желби кај девојчињата се вистинско бебе со неверојатно мека кожа, што треба да се храни со посебна кашичка, да биде повиено, може да плаче и да се смее. Како додаток кон него девојчињата може да сакаат столче за хранење на бебето, кревет или количка за прошетки во природа. Не е за одминување  и играчка - глава на кукла, со секакви додатоци за шминкање и правење фризури, замокот на Пепелашка, или музичка кујна со микробранова печка, машина за перење и мијалник. На мода се и бремените кукли, од чие стомаче се вади друга мала кукличка - бебе, како и кукли невести. Со еден збор, децата се подготвуваат за времето кога ќе бидат возрасни.

Заедно со сите овие материјални желби, децата сакаат и здравје, среќа и работа за мама и тато. Некои од нив сакаат сестрички или браќа, да имаат татко, нова куќа, да се секогаш насмеани и мир за сите луѓе.

А сите вие џуџиња, кои сега го читате ова, немојте да задоцните. Трчајте да купувате, бидејќи дедо Мраз веќе ги затегнува санките и наскоро ќе дојде кај децата. ХО ХО ХО – ја слушате ли неговата весела смеа, тој ве вика.

Од нас успешна подготовка за Новогодишните и Божиќните празници.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Поддржуваме мали бизниси: Дора Мода
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Станува збор за doramodahandmade и нејзините хеклани приказни
5
Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
4
Рецепт за домашно подготвено масло за сончање
Маслата за сончање не се погодни за сите, тие имаат мал заштитен фактор или пак воопшто немаат
3
Која е новата снашка на Брена?
Стефан Живојиновиќ, синот на Лепа Брена веќе некое време е во врска со бугарската тенисерка Ани Вангелова
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?