Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Уште кога не бил веков направен, Христос бил роден. Бидејќи бил малечок, се покрај Бога си одел и за облеката му се држел. Кај ќе одел Господ, сполај му, таму одел и Христос. Дури мака му било на Бога дека се по него одел малечкиот Христос.
- Не туку иди по мене чедо, седни си на земја, поиграј си нешто, како сите деца што си играат. - му рекол.
Кога чу тој збор Христос од Бога, веднаш му се тргнал од коленото и си седнал на земја да си поигра. Првата играчка му била да си копа земја со теслата и да си направи кал, а од калта си направил едночудо чудесни топчиња, па ги ставил на ѓерамидите да се сушат.
Одел, шетал Господ и наминал кај што му бил син му Христос, за да го види што прави. Кога го видел извалкан од калта во рацете и облеката, застанал да види што прави.
- Море, што така си се извалкал бре синко? Што е тоа кал што си направил пред тебе? - му рекол Бог
- Топчиња за играње си правам тато - му рекол Христос.
- Арно си ги направил топчињата бре чедо, ама што ќе ти се толку многу што правиш? - рекол Бог
- Ќе си ги фрлам угоре тате и ќе си играм со нив - рекол Христос
- Е лели така ќе си играл ај фрли ја онаа голема топка угоре да видиме дури каде ќе ја фрлиш?
Со голема радост Христос го послушал татка си, та ја грабнал големата топка и ја метнал вишно небо. По Божји благослов беше отишла топката многу далеку и застанала на едно место, та се сторила Сонце. На часот блеснала, а Христос си ги ставил двете раце на очите за да му се земи зракот од сонцето.
- Еј синче, виде како ти ја направив големата топка да свети како сонце? Ај расфрли ги сите топчиња угоре за и тие како неа да се направат.
- Ќе ги фрлам тате, сите, ама те молам да не ми ги направиш како големата топка за свети толку многу, за да не можам во неа да се пулам.
- Мошне арно чедо, ај ти фрли ги топчињата, а јас знам како ќе ги направам - му рекол Господ.
Веднаш ги грабнал Христос сите топчиња со двете раце и ги исфрлил едни надесно, други налево, едни угоре, други удолу. Сите се распрснаа по широкото небо и секое топче и топка застанале на местото кај што ги благословил Господ. Од тие топки и топчиња Господ ги благословил едни да бидат Месечина, други големи ѕвезди, а најмалите - помали ѕвезди.
Кога виде Христос оти сите топчиња му застанаа на високо и кога виде оти нема со што да си игра грабна од земјата со раце и се расфрла во ѕвездите за да ги турни, арно ама Господ и земјата што ја фрлал му ја благословил, па му се сторила ситни ѕвезди. Од таа земја била Кумовата слама.
Ете така се створил веков.
Адаптирал: Барбара Синадиноска
забава Бремените
Автор: bobik
Емоционалниот товар на неплодноста
Неплодноста не е само медицински предизвик, туку и длабоко емоционално...
Пливањето и менталното здравје. Ослободување од стресот
Пливањето не е само физичка активност, туку и еден од најдобрите приро...
Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненад...
Како летните горештини влијаат на бременоста?
Летните горештини можат да бидат непријатни за секого, но во бременост...
Краток водич - витамини од A до K
Витамините се неопходни за нормално функционирање на организмот. Секој...
Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.