|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како порано се правеле тестовите за бременост?

www.doktori.mk, 16.1.2014
Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека тоа воопшто не било возможно, но не е така. Прочитајте неколку интересни факти како жените порано ја одредувале бременоста...

image
/11


 

 

Бременоста не една жена е света работа за секое семејство и денес, но и векови наназад. Отсекогаш луѓето се стремеле да најдат начин за да можат многу порано да откријат дали една жена е бремена или не, за да може да се подготвува на тоа. Денес е лесно, жените купуваат тест за бременост од аптека, потоа брзо и во домашни услови со голем процент на сигурност дознаваат дали се бремени или не. Сепак порано, не било толку лесно и прецизно, затоа во продолжение ви даваме неколку интересни факти за тоа, како жените порано правеле тест за бременост.

 

 

Семе од јачмен и пченица

Верувале или не, уште од времето на стариот Египет, жените се труделе многу рано да дознаат дали се бремени или не, и тоа го правеле на многу интересен начин. Сите жени кои се сомневале дека се бремени една недела уринирале на две семки од јачмен и пченица. Доколку никне јачменовата семка, се сметало дека ќе се роди машко, доколку пак никне пченкарното зрно се сметало дека ќе се роди девојче, но, доколку не никне ниту едно од двете семки, се сметало дека жената не е бремена. Можеби многумина одвас(од вас) ќе кажат, интересна легенда, но научниците во поново време докажале дека оваа метода има до 70 % точност.

 

 

Зајачки тест

Се до првите години од минатиот век, научниците немале скоро никаква современа метода со која би се одредувала можната бременост кај една жена, се до откривањето на хормоните. Во триесеттите години од минатиот век научниците конечно започнале да прават тест на бременост врз зајаци. Тестот се одвивал така што се инјектирало мало количество урина од жената во зајаците, а потоа се следело нивното однесување. Научниците потврдиле многу различни карактеристики на зајакот од кога во него ќе биде внесена урина од бремена жена. Од тука потекнува, до неодамна употребуваниот термин за тестирање бременост "зајачки тест".

 

 

Хемаглутинациска инхибиција

Да, доста сложено за изговарање, но и сложено за изведување. Научниците овој метод започнале да го прават кон средината на минатиот век, со што тестот бил подостапен за народот, бидејќи тестирањето на зајаци одземало многу време и ресурси. Тестот е доста сложен за објаснување, позитивни резултати жените  имале доколку на крвната размаска на која се правел тестот се добие соодветна хемаглутинација (згрутчување и групирање на клетките од крвта).

 

 

И конечно 21-век...

Некаде околу седумдесетите години на минатиот век започнува лесниот начин на одредување на бременоста, со земање на малку крв за 2 часа дознавате дали сте бремена. Научниците сметале дека ова е наједноставниот и најбрзиот начин да се дознае дали една жена е бремена. Но, нивното тврдење набрзо било побиено, бидејќи веќе во 1977 година во Америка бил презентиран тест за бременост за домашна употреба. Од тогаш наваму, тие тестови многу еволуирале и денеска ги имаме во сите аптеки, по навистина ниски цени и со неверојатна прецизност.

 

 

doktori.mk.logo

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Доење за време на бременост
Во неразвиените земји не е чудно да се види жена која дои, иако е бремена. Но во нашиот “развиен дел од светот”, околу т...
4
Акни во бременоста - носите момче или дево...
Жените доживуваат сосема нов свет на промени кога се бремени. Една од овие промени може да бидат акните во бременоста
4
Зошто се повеќе се раѓаат гигантски бебиња?
Се чини дека секоја недела во јавноста допира по една информација за новороденче кое шокира со својата неверојатна тежин...
4
Бебето во утробата може да ви го спаси жив...
Физичката врска меѓу мајката и фетусот се остварува преку плацентата - орган, изграден од клетките на жената и нејзиниот...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?