Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Бактериски инфекции на грлото се јавуваат поретко. Симптомите се обично болка во грлото, печење, гребење, отежнато голтање, а може да се појави и губење на гласот. Во потешките случаи доаѓа до отекување на крајниците и лимфните жлезди на вратот. Ви предлагаме неколку начини за да си помогнете сами.
Топла солена вода
Кога ќе почувствувате дека грлото ве чеша и пече, напијте се една чаша топла солена вода, која ќе ги убие бактериите во грлото. Исто така, топлата солена вода ја подобрува циркулацијата на крвта и на тој начин клетките задолжени за одбрана од инфекции побрзо стигнуваат до надразнетото место. Најдобро е да пиете топла солена вода барем еднаш дневно. Доколку не можете да пиете, гаргарајте ја водата. Внимавајте водата да не биде премногу топла бидејќи може дополнително да го надразните грлото.
Антисептички спрејови
При болка во грлото можат да ви помогнат и антисептички спрејови. Имено, кога директно во грлото ќе аплицирате антисептички спреј, симптомите исчезнуваат веднаш. Значи антисептичките спрејови го решаваат проблемот брзо, но не и трајно и затоа се користат само за прва помош.
Пастили
И тие спаѓаат меѓу моменталните убијци на болка, но нема да го излечат грлото. Пастилите можат на некое време да ја ублажат болката и најдобри се тие со вкус на еукалиптус или ментол.
Сируп против кашлица
Дури и ако не кашлате, сирупот би можел да ви помогне, бидејќи создава заштитен слој на грлото, па извесно време ќе ве боли помалку.
Мед
Што се однесува до вкусот, медот е сигурно еден од највкусните традиционални лекови. Може да се консумира посебно или во комбинација со лимон и чај. Научно е докажано дека медот има дејство слично на сирупите против кашлица.
Внимавајте да не дехидрирате
Како и кај вирусите со температура, додека ве боли грлото, важно е да пиете по малку течност, за да не дехидрирате. Дали внесувате доволно течности, ќе знаете по бојата на мокрачата, која мора да биде светложолта кон проѕирна. На вас останува да одберете што ќе пиете, но немојте врел чај или зашеќерени сокови.
Чај
Чајот сам по себе можеби нема да даде големи резултати, но сигурно ќе го засили дејството на средствата кои ги користите за отстранување на болката во грлото. Најдобар е чај од ментол, камилица, ехинацеа и други. Пијте чај во што поголеми количини, бидејќи ќе му помогне на целиот организам, а ќе ја поттикне и детоксикацијата. Најдобро е билните чаеви да се пијат незасладени, но ако не можете така додајте мед.
Пилешка супа
Пилешката супа традиционално се смета за лек, посебно во ладните периоди од годината. Не само што е топол и хранлив оброк, туку научниците тврдат дека постојат докази дека супата може да помогне при респираторни проблеми, за време на вируси и настинки.
Одмор
На ова сигурно нема да се сетите, но на вашето тело му е потребен одмор, за да се излечи побрзо. Ако се одморате, телото полесно ќе се бори со вирусите.
Аспирин
Аспиринот е еден од најефикасните лекови за болно грло, покажува најновото истражување кое го спроведоа научниците од Универзитетот Cardiff Common Cold Centre. Една или две таблети аспирин се раствораат во вода, а потоа се гаргарат и не се голтаат. На тој начин го намалуваат воспалението.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?