|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како малите деца го учат англискиот јазик- 1 дел

British Council, 25.8.2011
Усвојувањето на јазикот е во детската природа; тие се мотивирани несвесно да го усвојуваат и учат јазикот, за разлика од адолесцентите и возрасните.
Клучни зборови:

image
/11


 

Децата се способни да го имитираат изговорот и самите да ги откријат и сфатат правилата на јазикот. Ним не им паѓа на ум дека зборувањето на англискиот јазик е тешко, освен ако тоа мислење не им го наметнат возрасните, кои најверојатно англискиот јазик го изучувале на поголема возраст преку учебници базирани на граматика.

 

Предноста на раниот почеток


• Малите деца сé уште ги користат индивидуалните и вродени стратегии за учење на мајчиниот јазик и брзо сфаќаат дека истите стратегии може да ги искористат за да прозборат и англиски јазик.

 

• Малите деца имаат време да учат преку игра. Тие го усвојуваат јазикот учествувајќи во активности заедно со возрасните. Прво, тие ја сфаќаат смислата на активноста, а потоа и значењето на јазикот на кој се разбираат со возрасните.

 

• Малите деца имаат повеќе време да го вклопат учењето на англискиот јазик во сопствената секојдневна програма. Училишните програми за таа возраст се главно неформални и мислите на децата сé уште не се претрупани со информации. Тие имаат малку или воопшто немаат домашни задачи, и не се под стрес дека мора да ги постигнат поставените стандарди.

 

slika

 

• Децата кои имаат можност да усвојат втор јазик додека се сé уште мали, често ги користат истите вродени стратегии за учење на други јазици во текот на животот. Усвојувањето на трет, четврти или на повеќе јазици е полесно отколку усвојувањето на втор странски јазик.

 

 • Постои поголема веројатност малите деца кои го усвојуваат јазикот, наместо свесно да го изучуваат како поголемите деца и возрасните, да имаат подобар изговор и подобро чувство за јазикот и културата. Кога децата кои зборуваат само еден јазик ќе стигнат до пубертет, тие стануваат самосвесни. Нивната можност за “впивање” на јазикот се намалува и тие сметаат дека мора свесно да го изучуваат преку програми базирани на граматика. Возраста на која се случува ваквата промена зависи од развојното ниво на детето и од општествените очекувања.(продолжува)

 

2 дел: Фази во усвојувањето на англискиот јазик 
3 дел: Опкружувања за учење на јазикот

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киро Глигоров
Првиот претседател на Република Македонија
3
Малите рачиња играат и плескаат
Детско катче
2
Слатки слатки песнички
Песни за најмалите
2
Зборувај ми, мила мамо
Песнички за најмалите
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?