|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како една мајка престана да им вика на своите деца

Редакција Рингераја, 30.5.2016
Многу ми значат пораките кои ги добивам од своите деца – па и да се исчкртани на мало парче хартија или напишани со совршен ракопис во тетратка со линии. Но писмото кое го добив за денот на мајките, од ќерка ми, ми го промени животот
Клучни зборови:

image
/11


 

“Важна работа за мојата мајка е...таа е секогаш тука за мене, дури и кога ќе направам проблем.”

Видете, не беше секогаш така. Во текот на мојот неорганизиран и растроен живот, започнав еден обичај кој радикално се разликуваше од начинот на кој дотогаш се однесував. Станав личност која вика. Тоа не беше често, но беше екстремно – како пренадуен балон кој ќе пукне и биле кои се во близина ќе избегаат од страв.

Што се случуваше толку со моите деца, кои тогаш имаа три и шест години, заради што се губев? Дали тоа беше заради тоа што помалата ќерка имаше обичај да истрча по уште три белегзии и омолените розеви наочари, кога веќе доцниме? Дали заради тоа што другата ќерка се обиде да стави житарици во чинија и ја истури цела кутија на под? Дали бидејќи го скршија мојот омилен стаклен ангел кој им реков да не го фаќаат?

Да, тоа беа такви работи – нормални детски закачки , типични детски проблеми и однесувања – кои ме иритираа до таа мера што губев контрола.

Ќе ви кажам во што се претворив. Во моето тргнување на вниманието.

Претерана употреба на телефони, премногу задачи, to-do листа на повеќе страни и трка за совршенство. Тоа едноставно ме исцрпи. А викањето на луѓето кои ги сакав беше директна последица на дубење на контрола која ја чувствував во својот живот. Секако, морав да пукнам некаде. Пукнав зад затворени врати, во друштво на луѓе кои ми значеа најмногу на светот. Се до еден судбоносен ден.

Мојата постара ќерка слегуваше од столицата за нешто да дофати, а потоа случајно преврте цела кеса  ориз на под. Додека милион ситни зрна летаа по подот како дожд, очите на моето дете се исполнија со солзи. И тогаш видов – страв во нејзините очи, додека се подготвуваше за тиранијата на својата мајка.

Таа се плаши од мене. Моето шестгодишно дете се плаши од мојата реакција за својата ненамерна грешка.

Со длабоко жалење сфатив дека не сум мајка покрај која сакам моите деца да пораснат, ниту да го живеам остатокот од својот живот на тој начин.

Во неделите кои следеа по таа епизода , доживеав слом и просветлување  - момент на болно осознавање кој ме покрена на пат hands free , пат на кој ќе заборавам на сите обврски и ќе го видам она што е навистина важно. Тоа беше пред три години – години на постепено одвојување од претераната употреба на елекстронско рачунало во мојот живот, три години ослободување  од недостижните стандарди на перфекција и притисок на општеството да работиш се. Како што се ослободував од своите интерни и екстремни дистракции, бесот и стресот кои вриеја во мене почнаа да исчезнуваат. Со помал терет на грбот, можев да реагирам на грешките на моите деца посмирено, почувствително и поразумно.

Велев: “Тоа е само сируп од чоколадо. Кога ќе избришеме ќе биде како ново.” Се понудив да го држам лопатчето за ѓубре, додека таа ги собираше истурените житарици на подот.

А во моментите кога исцрпеноста и непрестаното кукање се закануваат дека ќе го одземат најдоброто од мене, би влегла во купатило, би ја затворила вратата и би си дала малку време да дишам и да се потсетам дека тие се само деца, а децата грешат. Баш како и јас.

Со тек на времето стравот, кој се гледаше во очите на моите деца, кога ќе западнат во неволја, исчезна. И фала Богу, станав засолниште во нивните тешки моменти, наместо непријател од кој треба да бегаат и да се кријаат.

Запомнете:

Важно е...дека не е доцна да престанете да викате

Важно е...дека децата простуваат – посебно кога ќе видат дека личноста која ја сакаат се обидува да се промени.

Важно е...дека животот е премногу краток за да се нервираме околу истурените житарици и изгубените чевли.

Важно е...без оглед што се случило вчета, денес е нов ден.

 

Денес можеме да избереме да реагираме мирно. И додека го правиме тоа, ги учиме децата дека мирот гради мостови – мостови по кои можеме да поминеме кога ќе имаме проблеми.

 

 

Смрт на перфекционизмот, слобода за родите...
Завршив со обидите да бидам совршена. Со обидите да бидам најдобра. Со обидите да бидам доволно добра
4
Децата нека се досадуваат за летниот распу...
Дали ги забавувате вашите деца со часови по танцување, часови по пливање, часови за готвење или тенис лекции за време на...
3
Зајакнете го имунитетот за 15 секунди
Руски доктор тврди
3
Рецепт за најубави балони од сапуница
Децата обожаваат да си играат со величествените балони од сапуница. Еве неколку рецепти за течност со која се прават нај...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Kozmetika
AnMari

Dali mlekoto za telo sozdava otrovi koi vleguvaat vo majchinoto mleko?

Da (0%)

Ne (100%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!