|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да започнете успешно да доите?

Редакција Рингераја, 21.2.2012
Исплашени дека нема да имаат доволно млеко за своето бебе, младите мајки се обидуваат сами да го забрзаат процесот на лактација, па многу често прават грешки

image
/11


 

 

Многу мајки очекуваат дека веднаш по породувањето ќе воспостават лактација. Кај некои навистина доаѓа млеко по само неколку часа, а кај некои треба да поминат и неколку денови. Доколку не сте ги добиле сите потребни информации за успешен почеток на доењето, следете ги овие стручни совети :


Кога се очекува  надоаѓање на млекото?


Надоаѓањето на млекото е индивидуално, може да започне по неколку часа или по неколку денови по породувањето. Подготовката за доење започнува од втората половина на бременоста. Градите натежнуваат па мора да се носи памучен градник, кој нежно ќе ги придржува дојките. По туширањето со крпата треба добро да се избришат брадавиците. Така ќе се испупчат, ако се вовлечени и ќе се зацврстат. Пред породувањето може да се појави колострум (првото млеко).  Не треба  да се цеди, туку само да се одржува хигиената на градите.



Дали мајката треба да ја поттикне лактацијата со пиење на повеќе течности, ставање на топли облоги на градите и слично?


Неколку часа по породувањето бебето треба да се стави на градите – тоа е најдобар начин за да се стимулира лактацијата. Бебето најдобро знае да го направи тоа. Масирајте ги градите со нежни движења и измолзете ги пред секои доење. Така ќе го омекнете просторот околу ареолите каде се набрекнати млечните канали, а брадавицата ќе се испупчи и бебето ќе може подобро да ја фати. По доењето повторно испразнете ги градите.
Ако немате млеко, се препорачува ставање на топли облоги, но не подолго од 15 минути и непосредно пред доењето. Така ќе се рашират млечните канали, а млекото ќе надојде. Но во оваа ситиација морате добро да ги испразните градите!
Најдобро е да побарате помош од стручно лице, или лице кое има искуство со доење. Исто така консумирајте повеќе течности: топли пијалоци, супа, чај за доилки.



Што точно треба да прави жената за да спречи проблеми?


Дојките треба редовно да се празнат, да се ставаат ладни облоги и секако, бебето да се дои редовно. По доењето испразнете ги градите и продолжете со ладни облоги. Намалете го внесувањето на топли пијалоци. Пијте вода само кога сте жедни.



Како да се спречи појавата на рагади?


Негата на градите е многу важна и в бременоста, а посебно во периодот на доење. Бебето ставете го на дојката која е подготвена за доење, бидејќи така полесно ќе ја прифати брадавицата. Подојот не треба да се пролонгира, доволно е бебето да цица ефективно околу 20 минути. Така нема да дојдете до ситуација да ја гризе брадавицата и да се појават рагади. По подојот брадавиците намачкајте ги со млеко и оставете така да се исушат. Ставете градник до следниот подој. Ако бебето не ја прифаќа убаво брадавицата, тоа значи дека не се создава добар вакуум и дека ќе ја оштети брадавицата. Повторете ја постапката додека убаво не ја прифати дојката.



Како да се спречи појавата на маститис?


Маститисот се појавува кај жени кои имаат хиперлактација. Во тој случај градите треба редовно да се празнат, да се ставаат ладни облиги и да се редуцира внесувањето на течности додека не се воспостави рамнотежа. Ќе го препознаете по тоа што дојката ќе биде црвена, набрекната и врела. Понекогаш ќе добиете и покачена температура.



Што ако млекото не дојде и по два – три дена?


Во почетокот на бебето му е доволна сосема мала количина на колострум за подој. Бебето ретко се прихранува, исклучиво по подојот и тоа со адаптирано млеко, кое се дава со лажиче.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Љубовта меѓу мајката и бебето
Научниците кои се занимаваат со развојот на децата, откриле кои физиолошки и хемиски фактори допринесуваат во развојот н...
4
Кои домашни лекови влијаат на здравјето?
Иако кога сте болни или кога ви е благо нарушено здравјето, најчесто е подобро да одите на лекар, но сепак можете и да с...
4
Црвенило на газето
Многу бебиња страдаат од пеленски осип. Со помош на овие совети брзо ќе го совладате црвенилото на бебешкото газе.
3
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?