|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да влијаете на количината на мајчино млеко?

Редакција Рингераја, 24.5.2019
Да се има многу млеко за бебето! – помислата на такво нешто ви дава чувство на сигурност, сила, исполнетост, задоволство, компетентност и поврзаност со вашето бебе за што имате голема потреба
Клучни зборови:

image
/11


Многу мајки посакуваат да можат да отидат до аптека, да купат некој напиток за производство на млеко и да го дозираат според потребите на бебето. Има различни приказни за тоа што ја зголемува лактацијата: пиво, одредени чаеви, сокови, мед...а факт е дека и оние мајки кои го пробале сето ова, не можат со сигурност да кажат дека тоа им помогнало. Бидејќи не им помогнало. Вистината е, нешто далеку поприродно: колку бебето ќе изеде, толку млеко ќе се произведе. Тоа е единственото правило кое треба да го почитувате и за кое одамна се погрижила природата да функционира совршено. Како што не мора да се грижите дали вашиот организам ќе ги исфрли остатоците од сварената храна, исто така не се грижете дека вашиот организам ќе заборави да произведе млеко за вашето бебе. На вас останува само да се погрижите бебето често и активно да го доите, а најдобро е кога се раководите од неговите потреби.


Директни влијатели на производството на млеко

(Или поглед во мајчиното тело)

Хормон кој е одговорен за производството на мајчино млеко е пролактинот. Непосредно пред и после породувањето, вредноста на пролактинот е многу висока (10 пати повисока отколку пред бременоста), но млекото почнува да се произведува дури кога ќе  паднат вредностите на естроген и прогестерон, кои ги лачи постелката. Таа почетна висока вредност на пролактин е одговорна за почетокот на излачување на млеко. Вредноста на пролактинот се враќа во нормални вредности 2-3 недели по породувањето.

Секој пат кога бебето цица, со ритмичките движења ја стимулира брадавицата и тој импулс се пренесува  до мозокот на мајката, која реагира со повторно покачување на висината на пролактин. Пролактинот има највисока вредност околу 45 минути по доењето. Во текот на ноќта вредноста на пролактинот е нешто поголема бидејќи бебињата имаат обичај повеќе да цицаат во текот на ноќта. Кога пролактинот ќе дојде до дојките, клетките во нив кои произведуваат млеко – алвеоли – реагираат на тоа со ново производство на млеко.

Хормонот кој е одговорен  за отпуштање на млекото од дојките (или let down) е окситоцинот. Тоа е хормон кој содејствува во породилните болки, враќање на материцата во првобитна положба, оргазам и доење. Познато е дека при поголема концентрација на окситоцин, личноста на одреден начин се поврзува за друга личност која проживува исто искуство. Го викаат и хормон на љубовта бидејќи освен своите физиолошки влијанија има улога и на катализатор на меѓучовечки односи и на нивното запишување во мозокот.

Цицањето на бебето испраќа сигнал до мозокот на мајката да ја зголеми вредноста на окситоцин, така што неколку секунди – до неколку минути по почетокот на доењето окситоцинот предизвикува стискање на алвеолите и истискување на млекото надвор од дојките. Многу е важен бидејќи со тоа до бебето доаѓа последното, хранливо млеко, кое се чува во алвеолите.

Окситоцинот е за разлика од пролактинот, чувствителен на расположението на мајката. Тоа значи дека може да се оневозможи неговото лачење кога мајката е напната, под стрес, но и мајката може да го предизвика неговото лачење дури и ако бебето во моментот не цица – доволно е само да го слушне плачот на бебето, или да размислува дека го дои.

Од ова може да заклучиме дека според влијанието на овие два хормони, честото ставање на бебето на дојката и со помош на стимулација на брадавиците, ќе се поттикнат природните процеси на производство на млеко.

Следна состојка која го регулира производството на млеко е повратниот инхибитор на лактацијата (eng. FIL – Feedback Inhibitor of Lactation). Тој делува локално во дојката – која таа ќе се преполни, неговата висока концентрација во млекото во алвеолите го спречува понатамошното производство. Кога дојите се празни, неговото отсуство им допушта на алвеолите да произведуваат млеко. Тоа се вика автокрина или локална контрола на производството на млеко, за разлика од хормоналната односно ендокрина контрола на производство.

Заради тоа е можно леватаи десната дојка на мајката да не произведуваат иста количина на млеко, туку зависно од тоа колку бебето ќе ја испразнува дојката. Од истата причина е можно дојките да се наполнат побрзо кога се празни, а кога се полни, производството на млекото да се намали.


Индиректни влијатели на производството на млеко

(Или што може да направи мајката за да го зголеми производството на млеко)

Постојат ситуации кога може да ви се чини дека вашето бебе има поголеми потреби за млеко, од она што вие можете да му го понудите. Тоа посебно се случува на попладне/навечер или неколку дена за време на т.н. скок во развојот. Ако мислите дека би требало да имате повеќе млеко, потребно е само да научите неколку методи и да почекате ден-два. Тоа може да ви се чини како многу долго време, но тоа чувство ќе го нема ако сте сигурни во успехот и ако верувате дека се е онака како што треба да биде. Бидејќи методите се втемелени на искуството на другите мајки и на научна основа, нема причина да не верувате во сопствениот успех.  Опуштете се, уживајте со своето бебе и верувајте во себе.


Како да го зголемите производството на млеко?

  • Зголемете ја фреквенцијата на доење, колку што сака бебето на цица. Притоа не смеете да заборавите и на ноќниот подој, без кој дојките можат да се преполнат. На многу мајки им е попрактично да спијат заедно со бебето во креветот. Освен практичноста, заедничкото спиење е добро и затоа што на тој начин помалку се уморувате, отколку во текот на ноќта да станувате од кревет за да го нахраните бебето. Вкупно би требало да имате околу 8-12 подои во текот на денот, но тој број нема горна граница, односно може да имате многу повеќе подои во текот на денот. Иако во нормални ситуации е доволна само една дојка, кога сакате да ја зголемите количината на млекото, можете на бебето да му ја понудите и другата дојка, откако сте завршиле со првата.
  • Немојте да ја ограничувате должината на подојот, ниту на сила да правите растојание меѓу подоите, туку препуштете му на бебето да одреди кога и колку ќе цица. Сите совети дека треба да поминат три часа од едно до друго доење се неточни во повеќето случаи. Тие можат евентуално да важат за хранење со шишенце, но мајчиното млеко е полесно сварливо, па бебето за кратко време е повторно гладно. Бебето има различни потреби во зависност од својот развој, вкус, апетит. Кога бебето има скок во развојот, има потреба почесто да цица, со што ќе се зголеми количината на млеко. Затоа бебето само треба да одреди кога и колку ќе дои.
  • Бидете сигурни дека положбата на бебето на дојката е точна. Брадавицата и поголемиот дел од ареолата треба да биде длабоко во устата, усните на бебето да бидат надвор, јазикот малку да се гледа меѓу долната усна и дојката и да не се слушаат никакви звучи на мљацкање. Правилната положба не смее да боли, освен во првите денови кога кожата на брадавицата е посебно чувствителна и тоа само во првите неколку секунди. Ако болката трае подолго, тоа значи дека положбата не е добра и треба веднаш да се смени. Кога бебето голта млеко, му се помрднуваат кожата на слепоочниците и ушите.
  • Немојте да чекате дојките да се наполнат  за бебето да се најаде. Во нив секогаш има млеко за бебето, дури и кога ви се чини дека се празни. Ако бебето почесто цица, не само што ќе се зголеми количината на млеко за неколку дена, туку бебето повеќе ќе добива на тежина бидејќи ќе го исцица последното и најхранливо млеко.
  • Освен што подоите мораат да бидат почести, мораат  да бидат е ефикасни. Бебињата кои не се дојат ефикасно, на пример спијат на дојката, треба да се поттикнат со контакт кожа на кожа, да се соблечат  (во топла просторија секако) или да се носат во марама за бебе за време на доењето. Ако бебето многу кратко цица ефикасно, а во дојките има уште млеко, обидете се со нивна компресија. Обавезно следете дали по неколку минути се појавил рефлексот за отпуштање на млекото – млекото само истекува надвор, а бебето голта со долги и еднолични движења. Со тој рефлекс на отпуштање на млекото дојките најефектно се празнат и бебето го добива масното млеко кое се чува во алвеолите.
  • Сето цицање кое му е потребно на бебето, мора да биде на дојка. Наместо на бебето да му понудите цуцла, понудете му дојка кога има потреба за цицање. Така дојките добиваат повеќе импулси за производство на млеко. Освен тоа, цицањето на цуцла, посебно цуцла од шише, може да предизвика бебето да научи погрешна но полесна техника и да настанат нови проблеми со доењето.
  • На бебето треба да му се дава исклучиво мајчино млеко. Секое додавање на вода, чај или адаптирано млеко, може да го поремети односот меѓу понуда и побарувачка на мајчино млеко, а може да поттикне и лоши реакции во организмот на бебето.
  • Поспаното и инертно бебе треба постојано да се поттикнува. Таквото бебе треба почесто да се стимулира. Добар начин за поттикнување на поспано бебе е неколкукратна промена на страната на доење за време на еден подој, но под услов едната дојка сигурно да се испразни до крај. Друг начин за ефикасен  подој на поспано бебе е после доењето бебето да се подигне да се прошета малку, евентуално да ждригне и потоа повторно да и се понуди дојката.
  • Ако бебето не сака да цица, измолзете се по подојот. Во некое доење бебето ќе исцица се и сака уште, а во некое доење не. На пример претпладне ви се чини дека има доволно млеко и бебето е задоволно. Тогаш можете да се измолзите по подојот. Ова важи за посебни случаи, на пример кога бебето е нервозно заради нешто, кога му излегуваат заби, кога мајката ќе го промени дезодорансот и слично.
  • Пијте доволно течности. Не премногу туку доволно. Тоа е отприлика една чаша за време на еден подој, колку да го задоволите сопственото чувство на ќед. Исто така пожелно е да не сте на диета. Ако сте гладни и жедни нема да се намали количината на млеко, но добро е да се храните здраво и да пиете доволно течности за да ја зголемите неговата количина.
  • Одморајте се. Тоа е можно ако често доите, на тој начин сте присилени често да седите или да лежите со бебето. Освен доењето би било добро да најдете нешто што ќе ве релаксира, барем неколку минути дневно.
  • Верувајте во себе, во своето млеко и во целиот природен процес на производство на млеко. Ако вашето бебе го доите ефикасно ќе имате доволно млеко. Мајките успевале да ги дојат своите деца и за време на војни, сиромаштија, лични трагедии. Вашето тело му овозможило се што му треба на бебето во текот на бременоста. Заради тоа нема причина да се плашите дека нема да успеете.

Кога ќе ви се причини дека количината на млеко се намалила, обидете се да се сетите дека една од причините е следна:

  • Поминале првите месеци по породувањето, за време на кое дојките биле тврди. Сега одеднаш се меки. Тоа е сосема нормално. Дојките во целиот долг период на доење во главно се меки, освен во првиот месец.
  • Вашето бебе е моментално старо околу 2-3 недели, околу 6 недели или околу 3 месеци и поминува низ т.н. скок во развојот односно фаза за зголемување на потребата за хранење. Тоа посебно може да се види на попладне, кога многу често цица. Тоа се нормални фази низ кои поминува секое бебе (некои порано, некои подоцна, со различен интензитет)
  • Подолго време никако не можете да се опуштите, немате помош во куќата, се нервирате за ништо или се занимавате со нешто друго за време на доењето. А притоа не сте свесни дека бебето не голта правилно, туку забрзано и нееднолично, што значи дека не проработил рефлексот за отпуштање на млеко и дојките не се празнат до крај. Сопрете ја гужвата која е околу вас. Кога доите, оставете се друго, посветете се на себеси и на бебето и уживајте во тоа. Толку посебен и важен чин го заслужува тоа.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нахранете го бебето со задоволство
Воведувањето на нова храна кај бебињата од шест месеци може да биде вистинска мака. Се' што е погусто од млекото е висти...
4
Совладајте ја нескротливата Ешерихија коли
Инфекциите на уринарниот тракт се едни од најчестите клинички симптоми, кои се многу почести кај женската популација поч...
4
Трудница оживеала напуштено бебе со подој
Марија Саша Кристенсен (25) вратила во живот доенче со сопственото млеко, кое го пронашла оставено во ров покрај патот в...
4
Фото: 24 најубави фотографии од доење
Погледнете ги овие прекрасни фотографии од доење. Сигурни сме дека ќе ви заигра срцето
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?