|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да уредите модерна детска соба?

Редакција Рингераја, 9.1.2015
Еден од најзабавните делови за уредување во домот, сигурно е детската соба. Тука не мора да бидете многу сериозни, ниту да внимавате се да биде усогласено. Исто така, не треба да претерувате ниту со употребата на весели бои

image
/11


 

Секако дека можете до одредена мера да се обидете да го усогласите стилот на уредување на детската соба, со стилот кој преовладува во другите делови од домот, но ова е место каде е дозволено да се кршат правилата. Во детската соба можете да употребите бои кои никаде на друго место не сте ги употребиле. Допуштено е, дури и пожелбо, да цртате по ѕидовите, да лепите постери и да ставате необични слики.

 

1

 

Имајте на ум дека собата првенствено треба да му се допаѓа на вашето дете/деца, бидејќи тоа е нивното мало царство и место за бегање од светот на возрасните. Затоа дозволете им да лепат налепници ако сакаат, обезбедете им дел од ѕидот или вратата на кој е дозволено да се црта и да дадат сопствен печат на својата оаза. Важно е собата да биде функционална, да има место за одмор, игра и учење, ако се работи за ученик.

 

2

 

Водете сметка за висината на која стојат полиците и седалките, така што детето ќе може лесно да ги користи.  Практично е да се набават основни парчиња мебел како што се кревет, плакар, подвижни фиоки, полици и евентуално работно биро. Сето тоа можете постепено да го надополнувате.

 

3

 

Тепихот или топлата подна облога е многу важен дел од уредувањето на детската соба, бидејќи повеќето деца најмногу  сакаат да играат и да седат на подот. Тепихот би требало да биде доволно голем , лесен за одржување, од природни материјали, забавни мотиви и удобен за седење/лежење на подот. Доколку не сакате тепих во детската соба, подна облога од плута е здраво и удобно решение.

 

4

 

Обидете се да ги држите електричните уреди надвор од детската соба, што заради подобра контрола на количината на времето кое вашите деца го поминуваат на компјутер, таблет и ТВ, туку и заради намалување на зрачењето на местото каде детето спие.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
4
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
4
Стравовите на едногодишно дете
Со кои стравови може да се соочи детето на возраст од една година?
4
Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?