|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да се смирите кога ќе Ве разлутат децата?

Редакција Рингераја, 7.12.2010
Да не бев толку поспана и раздразлива, можеби ќе се смеев на нивната реакција, но овојпат ми се чинеше дека нивната единствена мисија е да ме налутат со својата непослушност.

image
/11


 

 

“Ако не престанете во оваа секунда, ќе ве однесам пред зоолошката градина и таму ќе ве оставам на посвојување”, викав по своите близнаци и нивните другари кога не сакаа да заспијат и во 2 часот по полноќ.  Тоа беше една од пижама забавите, кои им ги дозволував неколку пати во годината. Иако се доволно големи и знаат дека моите закани не се сериозни, сфатија дека сум лута и дека сум под стрес. Но тоа не ги спречи сите да почнат да викаат како животни од зоолошка градина.

Да не бев толку поспана и раздразлива, можеби ќе се смеев  на нивната реакција, но овојпат ми се чинеше дека нивната единствена мисија е да ме налутат со својата непослушност. Вдишав длабоко и сфатив дека мојот пристап ја предизвика нивната реакција.

Кога влегов во собата ги најдов како скокаат и се бесат по сите можни површини и се тепаат со перници, од уста ми излета реченицата на мојата мајка. Не само што во истата секунда се видов низ очите на моите деца, туку сфатив дека сум станала како неа, макар шо илјада пати се заколнав дека тоа никогаш нема да се случи.

Емоционално торнадо

Свесна сум дека тоа може да им се случи и на најдобрите родители. Но она што сите мораме да го сфатиме е дека нашиот бес кон децата не е само заради грижата за нив, туку се работи и за подлабоки чувства, односно за нашата потреба да имаме контрола над нив.

Кога ќе “пукнеме”и ќе кажиме работи кои не ги мислиме, очигледно е дека престануваме да бидеме разумни и почнуваме да реагираме како емоционално торнадо. Во тој момент сакаме да го контролираме однесувањето на детето со цел ние да се чувствуваме подобро, а детето да го промени своето однесување. Со цел да не станете онаков родител каков што не сакате да бидете и со цел Вашите дека да не Ви избегаат од раце заради Вашите неразумни и неконтролирани испади, припремивме за Вас совети како да се смирите во ситуации кои Ве доведуваат до лудило.

Кои ситуации ве вадат од контакт?

Анализирајте ги ситуациите во кои сте “пукнале” и сетете се што чувствувавте во тој момент. Бес? Беспомошност? Лутина? Што Ви се случи од физички аспект? На тој начин ќе можете да ги препознаете ситуациите и однапред да ги спречите. Во тој момент може да Ви помогнат неколку длабоки воздишки, броење до десет и неколку чекори наназад. Доколку експлодирате нема да постигнете ништо.

Што стои зад детскиот однос?

Кога ќе се разлутите заради тоа што детето не направило нешто според Вашите очекувања, обидете се да го анализирате неговото однесување и да ги најдете причините за тоа. Запомнете, Вашето дете не е проблем, Вашето дете има проблем. Обидете се да сфатите што стои зад таквото однесување и покрај тоа што мислите дека се што прави, прави за Вас да Ве разлути.

Бидете рационални

Дали Вашите очекувања се рационални, со оглед на годините и фазите на развој на Вашето дете?Иако тоа не значи дека морате да трпите непримерно однесување, сепак повремено ќе му попуштите на своето седумгодишно дете кои се привикнува на училиште, на петгодишното дете кое е гладно, или на тинејџерот кој е оптеретен со учење или несреќна љубов.

Преиспитајте ги своите стравови

Ако навиките на хранење на детето Ве потсетуваат на проблемите со исхраната на адолесцентите, или мрзеливоста за учење Ве потсетува на можен неуспех во училиште, време е да се запрашате зошто толку стравувате. Секако дека секое однесување на детето мора да има свои граници, но немојте сопствените стравови и фрустрации од Вашето детство и младост, да ги префрлате на детето.

Прифатете одговорност

Од детето не можете да очекувате да се однесува како зрела личност, ако Вие беснеете како незрел адолесцент. Вие морате со својот пример да му покажете на детето како се однесуваат возрасните, односно Вие мора да креирате образец на однесување.

Со нагласок на позитивното...

Многу е лесно секоја ситуација и однесување да се заврти во негативна конотација. Обидете се и негативните карактеристики да ги гледате со позитивно светло и направете си слика какво ќе биде Вашето дете кога ќе порасне. Ќе биде ли чувствително, упорно, самоиницијативно, лукаво...

Внимавајте на себе

Кога нивото на стрес е на горна граница, прогласете “time out” . Престанете да размислувате за расфрлените играчки, ненапишаните задачи...Земете воздух и смирете се. Понекогаш ќе Ви требаат само неколку минути, а понекогаш и повеќе. Тогаш ќе видите дека тие проблеми и не се толку важни.

 

 

Извор: Zena.hr

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Краток водич: Како да ја одржуваме облеката?
Знаеме ли што значат симболите на етикетите?
13
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?