|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да разговараме со децата за смртта?

Редакција Рингераја, 20.10.2010
Кога ќе се појават прашањата за смртта, предизвикани од загубата на некој близок, или од детската љубопитност, можеби нема да знаете што да му одговорите на детето.

image
/11


 

 

 

Кога ќе се појават прашањата за смртта, предизвикани од загубата на некој близок, или од детската љубопитност, можеби нема да знаете што да му одговорите на детето. Нема правилни одговори. Најважно е да му објасните како стојат работите, внимателно, нежно и трпеливо, на наједноставен начин. Бидете подготвени на тоа дека детската реакција ќе биде различна од Вашата. Повторете го кажаното одново и одново и уверете го детето дека сте  до него за да му дадете љубов и поткрепа.

Ќе дадеме одговор на најчесто поставуваните прашања, поврзани со смртта.

Што значи зборотсмрт?

“Тоа значи дека човекот, или животното престанува да дише и телото повеќе не му работи." Тоа не се храни, не спие, не чувствува топлина и студ. Растенијата исто така умираат, како и секое живо суштество. Обично луѓето и животните умираат кога се многу, многу стари”

Кога ќе умреш?

Децата многу често го поставуваат ова прашање. Во почетокот можеби ќе се шокирате, но знајте дека детето всушност сака да Ве праша: “Ќе се грижиш ли за мене засекогаш?” Дури и ако не Ви го постави сосема јасно ова прашање, мудро е ако предвреме го успокоите “Сакам да знаеш дека ќе останам покрај тебе додека не остарам многу и додека ти не пораснеш”

Зошто плаче тета?

Ако му објаснивте дека тета плаче затоа што тетин умрел овој одговор ќе му биде непознат. Неговата претстава за смртта е многу ограничена, па потребна му е помош за да ги разбере емоциите на луѓето околу него. “Тетин умре и нема да се врати. Тета плаче затоа што тетин и недостига многу.”

Кога ќе се врати баба?  Ќе биде ли тука за мојот роденден?

И покрај тоа што говоревте дека смртта е вечна, запомнете, детето не може да разбере колкав е тој временски период. Објаснете му нежно и трпеливо “Не размислувај за тоа дека баба умре и нема да се врати. Таа нема да биде тука за твојот роденден, но ние ќе ги помниме деновите кога беше со нас”

Може ли баба да си земе нов дедо сега?

Бидејќи возрасните во повеќето случаи ги поправаат или заменуваат работите во секојдневието, детето ќе се прашува дали и починатите се заменливи – особено ако познаваат некого кој се премажил или преженил.

Внимателно кажете му ја вистината “Ако сака баба може повторно да се омажи некој ден. Но нејзиниот втор сопруг нема да може да го замени дедо. Дедо умре и нема да се врати”

Јас ли сум виновен/а?

Се случува детето да не Ве праша гласно за ова, но сигурно ќе си го постави тоа прашање. Малите деца се егоцентрични и веруваат дека нивните постапки и мисли влијаат на другите. Чувството на вина се среќава често и е очекувано, затоа уверете го, дури и ако не Ве праша: “Сакам да знаеш дека (оној кој умрел) не беше здрав. Никој од нас не е виновен за тоа. Така се случило”.

Дали (оној кој умрел) направил нешто лошо?

Уверете го детето дека не треба да размислува за смртта како за казна. “Не, не направил ништо лошо. Умре во сообраќајка и тоа беше ужасна несреќа, но не беше по негова вина и не направил ништо лошо ”

Се сеќавам дека тато ме гушкаше додека бев бебе

Ако детето со другите споделува спомени, кои не е можно да ги има, не го исправајте. Тоа означува дека човекот кој го изгубил е вистински за него и таквите сеќавања му носат голем внатрешен мир.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Леле, ми се скрши срцето! - упатство за де...
Зошто „Леле, ми се скрши срцето!“ е најдоброто упатство за учење на детската емпатија? Каква е пораката што Мила се обид...
5
Колку вкупно заби имаме???
Стоматолошката ординација Калајџи “Dental Care” во соработка со семејниот портал Рингераја.мк ќе спроведува здравствено ...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Великодушност
Великодушните луѓе ќе ја запомнат добрината која сте ја направиле за нив, а ќе ја заборават онаа која тие ја направиле з...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?