|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да освоите награда на Рингераја.мк?

Редакција Рингераја, 9.3.2013
Во понеделник, 11.03 во 08:00 часот започнува големо наградно натпреварување на Рингераја.мк! Се што Ви треба е за се зачлените/пријавите, да ги следите правилата и да имате натпреварувачки дух! ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

image
/11


 

ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ?

Дали сакате да победиме?

Дали сакате да бидеме први меѓу еднаквите Рингерајки од цел Балкан?

Учествувајте во наградната игра “Први меѓу еднаквите” на Рингераја.мк!

 

Важно е да се учествува!


Кој?
Учеството е отворено за сите членови на петте Рингераја портали (Ringaraja.net, Ringeraja.hr, Ringeraja.rs, Ringeraja.ba и Ringeraja.mk) и секој член собира поени за себе и за својата заедница, во својот домашен портал. Членовите мора да бидат логирани на домашниот Рингераја портал во текот на натпреварот, затоа што само така може да се додели соодветен број поени за извршената активност.

Кога?
Натпреварувањето ПРВИ ПОМЕЃУ ЕДНАКВИТЕ ќе трае од понеделник, 11. март, со почеток во 08:00 часот, до петок, 15. март со завршување во 16:00 часот. Секој ден ќе бидат поделени 5 награди за најуспешните од претходниот ден, а на крајот ќе бидат поделени 20 награди за најуспешните со вкупен број на поени од целата недела.


Како?
Целта на секој натпреварувач е да собере што повеќе поени секој ден, во сите пет дена колку што трае натреварувањето, за да ја зголеми можноста за освојување една или повеќе лични награди, а со тоа да и помогне на локалната заедница да собере што е можно повеќе вкупни поени за крајна победа. Членовите ќе собираат поени со активност на порталот (пр. нова тема на форум, коментари во форумите, креирање албум итн.) и со собирање Рингераини дрвца кои ќе бидат присутни во секое време на сите страници на порталот. Натпреварувачите ќе имаат пристап до информациите за нивниот напредок во секое време со табот по десниот раб на екранот (кликни за да се прошири), а исто така ќе им бидат на распологање и ажурирани дневни и вкупни резултати.

 

Листа на активности кои носат поени 

Во следната табела се наоѓаат активностите кои на натпреварувачите им носат поени во дневната и вкупната класификација. Секоја активност е кратко објаснета.

 

Регистрација на порталот

Корисникот кој за време на наградната игра ќе се регистрира како член на порталот  Рингераја.мк, добива 15 поени за зачленување, но не добива дополнителни поени за најава на порталот, бидејќи истите се вклучени во зачленувањето.

15 поени

Најава на порталот

Доколку корисникот се пријави најмалку еднаш дневно на порталот, добива 5 поени. За пријавен на порталот ќе се смета секој член кој во текот на натпреварувањето дневно ќе го посети порталот.

5 поени

Oтворање нова тема на форумот

За секоја новоотворена тема на форумот, корисникот добива  5 поени. Организаторот го задржува правото да го дисквалификува секој натпреварувач, за кој ќе утврди дека отворал нови теми исклучиво заради освојување на поени.

5 поени

Коментар на тема во форумот

Секој нов коментар на тема во форумот, без разлика на датумот на објава на темата (се сметаат и оние теми кои биле отворени пред да почне натпреварувањето) на авторот на темата му носи 7 поени. Коментарите од авторот во истата тема не се сметаат за добиени коментари, туку за дадени коментари (подолу – Даден коментар во форумот)

7 поени

Креирање нов албум

Секој нов албум на порталот, кој корисникот ќе го креира во текот на натпреварувањето, со најмалку 10 фотографии во него, носи 5 поени.

5 поени

Добиен коментар на албумот

Секој нов коментар на албумот кој го креирал корисникот, без разлика на датумот на објава (се сметаат и оние кои биле креирани пред да почне натпреварувањето) на авторот на албумот му носи 7 поени. Коментарите од авторот на албумот не се сметаат за добиени коментари, туку за дадени коментари (подолу – Даден коментар на албум)

7 поени

Запис во дневникот

Секој нов запис во дневникот за време на натпреварувањето кој содржи фотографија или видео и е видлив не само за авторот, туку за корисниците, носи 5 поени за натпреварувачот.

5 поени

Додадена фотографија во дневникот

Доколку натпреварувачот за време на натпреварувањето избере нова прифил фотографија за својот дневник, добива 3 поени. Се смета само првата промена на постоечката профил фотографија.

3 поени

Добиен коментар на дневник

Секој нов коментар на дневникот кој го креирал корисникот, без разлика на датумот на објава (се сметаат и оние дневници кои биле креирани пред да почне натпреварувањето) на авторот на дневникот му носи 7 поени. Коментарите од авторот на дневникот не се сметаат за добиени коментари, туку за дадени коментари (подолу – Даден коментар на дневник)

7 поени

Даден коментар во форумот

Секој коментар кој натпреварувачот ќе го даде на темите во форумот, носи 3 поени. Организаторот на натпреварот го задржува правото да го дисквалификува секој натпреварувач за кој ќе утврди дека дал премногу коментари со единствена цел за собирање поени.

 

3 поени

Даден коментар на албум

Секој коментар на албумите кој ќе го даде натпреварувачот, носи 3 поени. Организаторот на натпреварот го задржува правото да го дисквалификува секој натпреварувач за кој ќе утврди дека дал премногу коментари со единствена цел собирање поени.

 

3 поени

Даден коментар на статија

Секој коментар на некоја статија на порталот, кој ќе го даде натпреварувачот, носи 3 поени. Организаторот на натпреварот го задржува правото да го дисквалификува секој натпреварувач за кој ќе утврди дека дал премногу коментари со единствена цел собирање поени.

3 поени

Даден коментар на дневник

Секој коментар на дневник кој ќе го даде натпреварувачот, носи 3 поени. Организаторот на натпреварот го задржува правото да го дисквалификува секој натпреварувач за кој ќе утврди дека дал премногу коментари со единствена цел собирање поени.

3 поени

Статус на Моја Рингераја

Доколку во текот на натпреварот, корисникот барем еднаш дневно постави статус на својот личен профил – Моја Рингераја, добива 3 поени.

3 поени

Даден Facebook Like

Секој Facebook Like даден на содржините на порталот, носи 1 поен.

1 поен

Споделување на содржините- Facebook Share

Секој искористен Facebook Share, односно споделување на содржините, на натпреварувачот му носи 3 поени.

3 поени

Испраќање покана за пријателство

Кога натпреварувачот во текот на натпреварот ќе испрати покана за пријателство, му следуваат 5 поени. Натпреварувачите може да бараат пријатели со помош на Friend Finder во склоп на Моја Рингераја.

5 поени

Прифаќање покана за пријателство

Кога натпреварувачот ќе прифати покана за пријателство, добива 3 поени.

3 поени

Отворање анкета

За секоја нова анкета која ќе ја објави корисникот на порталот, добива 3 поени. Организаторот на натпреварот го задржува правото да го дисквалификува секој натпреварувач за кој ќе утврди дека објавил премногу анкети со единствена цел собирање поени.

3 поени

Пријава за уреднички newsletter

Корисникот кој за време на натпреварувањето се пријави за месечен уреднечки е-весник, добива 10 поени. Поените важат само за новите пријави.

10 поени

Пријава за е-новости за бременост

Корисникот кој за време на натпреварувањето се пријави за е-новости за бременост, добива 10 поени. Поените важат само за нови пријавувања.

10 поени

Пријава за е-новости за детски развој

Корисникот кој за време на натпреварувањето се пријави за е-новости за детски развој, добива 10 поени. Поените важат само за нови пријавувања.

10 поени

Рингераини дрвца

За време на натпреварот низ порталот случајно ќе се прикажуваат икони од Рингераино дрвце, кои натпреварувачот ќе може да ги собира со клик (претходно треба да е најавен на порталот). За секое Рингераино дрвце се добива 1 поен.

 

1 поен

Рингераина шума

За секои 100 собрани Рингераини дрвца (шума), натпреварувачот добива 15 поени бонус.

15 поени

Златно Рингераино дрвце

Златното дрвце не носи екстра поени, туку на натпреварувачот кој ќе го пронајде автоматски му носи дневна награда. Златното Рингераино дрвце ќе се појавува на порталот во непознато време и на непознато место. Членот кој прв ќе го пронајде добива награда.

награда

 

Наострете ги своите прсти, оставете ги за миг сите грижи, напијте се чаша натпреварувачки дух и бидете со Рингераја.мк!

 

НИЕ МОЖЕМЕ!

НИЕ НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКАМЕ РИНГЕРАЈА!

НИЕ ЌЕ ДОКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ НАЈДОБРИ МЕЃУ ЕДНАКВИТЕ!

 

Правилник на натпреварот

Награден фонд

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кејт Мидлтон објави дека има канцер
Принцезата од Велс (42) храбро објави дека се бори со болеста и оди на „превентивна хемотерапија“ - но ја уверува нација...
3
Добитници на награди - понеделник
Првиот натпреварувачки ден помина одлично! Имаме 11 добитници на награди и еден добитник кој ја пронајде АЛМИ кравичката...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?