|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да одгледате силна, самостојна ќерка?

Редакција Рингераја, 24.4.2013
Она што е најважно во односот меѓу мајката и ќерката, во текот на развојот – е да се откажете од инсистирање кон совршенство, а наместо тоа да и ја пренесете својата снага и самодоверба

image
/11


 

 

Мајките често сакаат нивната ќерка да биде совршена. Тежнеат кон тоа ќерката да има подобри оцени, квалитетни пријатели, повеќе вон наставни активности и уште многу друго. Променете го тоа.Тргнете од тоа што веќе го имате, а не од тоа што недостасува – и зборувајте за тоа што е најдобро за неа.

 

Излезете од рамката

Излезете од  рамката и немојте, кога е Вашата ќерка во прашање, да ја поттикнувате само интелегенцијата (или физичкиот изглед). Битни се и многу други работи: меѓучовечките вештини, нејзините интереси, идеи, мотивација, емпатија...Се тоа се одлики на квалитетна личност.

 

Можеби е тешко во нашата култура, но е изведливо

Да се одгледа девојка со голема самодоверба  во денешно време, е тежок предизвик. На Балканот сеуште постои размислувањето дека жените се за в кујната и за гледање на децата.

Постојат неколку начини како да се поттикне нејзината самодоверба и како да и помогнете да изгради силна личност која ќе се спротивстави на таквте предрасуди:

  • Поттикнете ја ќерката да ги изразува своите емоции и да не чувствува страв да проговори и да го каже своето мислење
  • поттикнете ги тие млади жени да не се втопат и да се борат против улогата која денес во општеството ни е наметната.
  • разговарајте со својата ќерка за нејзината вредност и за тоа какво мислење има за самата себе.
  • бидете медиски критичар – со ќерката разговарајте за некои прикажувања на телевизија, во весниците, на интернет и за тоа како се одразува на генералниот став за жената.
  • на Вашата ќерка многу ќе и помогне ако во куќата имате маж кој верува дека се жените еднакви со мажите во секој поглед.
  • запомнете дека децата учат со имитирање. Како родител бидете позитивен пример со своите ставови и однесување. Покажете и ја својата самодоверба и сочувство и научете ја како се решаваат конфликтите на мирен начин со обостран дијалог.

 

Не ги заборавајте основите

И за крај, во текот на воспитувањето немојте да заборавите на основните вештини кои ќе помогнат Вашата ќерка да израсне во зрела, квалитетна и силна личност, полна со самодоверба:

Контакт со очи – многу важна вештина која се занемарува во раната возраст. Научете ја својата ќерка кога разговара со некој друг да го гледа во очи, посебно ако е во прашање возрасна личност.

Авторитет – дајте и до знаење дека е потполно во ред да го каже своето мислење и да дава идеи и предлози кога е во група.

Поддршка – секогаш зборувајте и дека верувате во неа, бидејќи на децата им треба охрабрување и пофалба.  Дозволете и да прави грешки и да учи од нив и поттикнете ја следниот пат да го исправи тоа во што згрешила.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу напорна работа бидејќи тие се премногу мали за да ...
9
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
5
Направете сами: Креативни бебешки креветчиња
Во целата еуфорија околу исчекувањето на новиот член, важно е трезвено и совесно да пристапите кон уредување на неговото...
5
Што би променила во воспитувањето на децата?
Да можам да го вратам времето назад, сигурно како мајка би ги променила овие 9 работи!
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?