|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да неутрализирате тантрум на јавно место?

Редакција Рингераја, 4.7.2014
Вашето дете има тантрум на јавно место. Чувствувате дека сите гледаат директно во вас, а вие претпоставувате дека се прашуваат: “Зошто не може да го контролира нејзиното дете?”
Клучни зборови:

image
/11


 

За среќа, иако тантрумот изгледа засрамувачки, на сите родители им се има случено и сите разбираат дека децата го избираат најлошото време. Тоа не значи дека треба само да стоите таму и да го гледате вашето дете како еруптира. Постојат тајни начини како да ги неутрализирате дури и најголемите тантруми.

 

Завртете му го вниманието

Пред да ја напуштите куќата во торбата ставете предмети кои децата ретко ги гледаат. Кога детето има тантрум покажете му ја играчката, книгата, боенката, за да му го свртите вниманието. Кога тантрумот ќе запре, можете смирено да разговарате за целата ситуација.  Разговарајте со смирен тон и повторете му на детето како треба да се однесува додека е на јавно место. Никако не е добро да го оставите детето во лошо расположение, да викате по него, или да го тепате. Почекајте бурата да помине, па потоа разговарајте трезвено со детето.

 

Почнете да се смеете

Кога вашето дете ќе почне да глуми, тоа очекува негативна реакција од вас. Секогаш кога на тантрумот ќе реагирате со за него неочекувано однесување, мозокот на детето ќе ја преиспита ситуацијата и ќе ја префрли од емоционално на рационално ниво. За време на тантрумот ваша работа е да го натерате детето да размислува рационално и логично. Тоа ќе се случи при правилен сплет на околности. Смеењето за време на тантрумот е оној скок кој му треба на детето за да ги смири емоциите и да почне да ве слуша.

Друг бенефит од смеењето е што останатите ќе видат дека не губите контрола. Ако ви е важно што мислат другите, смеењето дава слика дека сте добро расположени и дека умеете да ја контролирате ситуацијата. Доколку изгубите контрола останатите ќе мислат дека  сте некомпетентни и импулсивни.

 

Воспоставете систем на стимулации, а не на мито

Митото има лоша репутација кај родителите, а за тоа постои добра причина. Поткупот за добро расположение го расипува карактерот на децата.  Како и да е, вие може да воспоставите систем на стимулации, за да го спречите детето да добие тантрум.  Ако му ветите на вашето дете наутро дека после ручек ќе одите во парк, може да го повлечете ветувањето за време на тантрум.

Сепак, не ја преминувајте линијата меѓу повлекување на ветувањето и заканите. Никогаш не му се заканувајте на детето со телесна казна. Вашиот најдобар залог за подобрување на соработката нека биде взаемната доверба и почитување.

Премногу родители се плашат  од тантруми на децата во јавност, па токму затоа тие се толку чести. Децата ја насетуваат вашата несигурност и тантрумот им е солиден план за да ве стават под контрола. Следниот пат кога ќе се соочите со губење контрола на детето во јавност, обидете се со некој од овие тајни техники, за да видите дали ќе функционираат. Обидувајте се додека не утврдите која техника функционира.

Ако имате сопствен начин на смирување на тантрумите на детето, советувајте ги другите родители со коментар на оваа статија.

 

Извор: familyshare.com

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Алергија на мобилен телефон?
Американските експерти откриле дека долгото држење на мобилните телефони може да предизвика алергиска реакција на никел.
3
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
3
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
3
Леле, ми се скрши срцето! - упатство за де...
Зошто „Леле, ми се скрши срцето!“ е најдоброто упатство за учење на детската емпатија? Каква е пораката што Мила се обид...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?