|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да направите тест за бременост?

Редакција Рингераја, 31.3.2014
Се прашувате себеси -Дали сум бремена? Дознајте кога да направите тест за бременост дома, како да ги прочитате резултатите и што потоа да направите? Прочитајте ја оваа статија во која е опфатено се' што треба да знаете за тестовите за бременост

image
/11


 

Кога ќе почнете да се обидувате да забремените, времето престанува да тече. Деновите ви се чинат како недели, бидејќи го чекате денот кога треба да направите тест. Но пред да отидете во аптека и да купите тест за бременост, прочитајте ја оваа статија во која е опфатено се' што треба да знаете за домашните тестови за бременост и на кој начин тие функционираат.

 

На кој принцип работи тестот за бременост?

 

1


Сите домашни тестови за бременост, независно од кој производител се, работат на ист принцип, со детектирање на хормоните за бременост во вашата урина.  Хемиската лента на прачката го детектира хормонот  - чевечки хорионски гонадотропин (hCG), кој телото почнува да го произведува по имплантација на ембрионот. Некои тестови, исто така, детектираат варијација на овој хормон, познат како hyperglycosylated hCG (H-hCG) кој започнува да се ослободува неколку часа по оплодувањето и може да се открие пред hCG, што укажува на бременост и пред да ви доцни менструација.

 

Кога да направите тест за бременост?

 

2


Сигурно сте гледале реклами  кои ве уверуваат дека може да направите тест за бременост 5-6 дена пред вашиот период. Но, повеќето бремени жени нема да видат две цртички толку рано.

Ако сакате точен резултат, почекајте барем еден ден да ви доцни периодот. за најточни резултати, чекајте седум дена.

 

Како да го направите тестот за бременост?

 

3


Најдобар периот од денот за да направите тест за бременост е со првата утринска мокрача. Во повеќето тестови за бременост има упатство да го ставите врвот на тестот под млаз на првата мокрача, а потоа тестот да го оставите на сува површина и да чекате неколку минути.  Во други тестови има упаство да ја соберете првата мокрача во стерилен сад и да го ставите врвот на тестот во него. Следете ги упатствата внимателно.  Исто така проверете дали на тестот не му е истечен рокот на употреба, бидејќи тоа може да влијае на точноста на резултатот.

 

Негативен, по позитивен тест на бременост?

 

4


Стравот од спонтан абортус предизвикува многу жени повторно да направат тест, дури и ако првиот им бил позитивен, за да бидат сигурни. Ако добиете негативен тест по позитивниот веднаш одете на преглед кај вашиот гинеколог.

 

Ако резултатот е слабо видлив?

 

5


Што значи бледа втора линја на тестот за бременост? Лажна позитивна линија е реткост, додека дури и бледа втора линија значи дека сте бремена. Почекајте 2-3 дена и повторете го тестот.

 

Што ако тестот е позитивен?

 

6


Изгледа ќе станете МАМА – во раце ги држите вестите на векот! Почекајте 14 дена и јавете се кај својт гинеколог за преглед. Можете да направите и тест преку крвта за да се уверите дека навистина сте бремена. Исто така, почнете да пиете фолна киселина. Исто така смислете сладок начин како да му соопштите на сопругот и семејството.

 

Што да направите ако тестот е негативен?

 

7


Ако добивте негативен тест, а се уште ви доцни менструација, повторете го тестот за неколку дена. Можеби тоа значи дека инплантацијата се случила подоцна. А ако добиете менструација, држете се храбро и обидете се следниот месец.


Среќно!

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бело прање или вагинален секрет - Што прет...
Што е бело прање? Ова е можеби најчестиот проблем кој жените го имаат често во текот на животот. Дознајте повеќе ...
4
Што значи крварење во средина на циклусот?
Spotting, или крварење во средина на циклусот е нормална појава и се јавува за време на овулација
4
Фото: Вака изгледа борбата за бебе!
Не постои нешто што жените не би направиле за да си го исполнат сонот да станат мајки. Секојдневно, голем број од нив по...
3
Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?