Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Секој ден човекот од својот организам губи течности кои ги надокнадува со внесување на течности и храна. Во здрав организам процесот на губење и надокнадување на течностите е добро избалансиран, односно онолку течности колку ќе изгубиме, толку и ќе надокнадиме. Одредени минерали како што се натриум, калиум и хлор исто така земаат учество и се многу важни во одржувањето на оваа рамнотежа.
Кога ќе изгубиме повеќе течности отколку што имаме внесено, доаѓа до дехидрација.
Дехидрацијата може да биде условена од недоволен внес на течности, повраќање, дијареа, или нивна комбинација. Понекогаш претераното потење или уринирање, можат да доведат до дехидрација.
Причини за дехидрација
- Вирусна инфекција, која е кај децата најчест предизвикувач на висока температура, повраќање, дијареа и намалена желба за внесување на течности и храна. Најчести вируси кои доведуваат до ова се ротавирус и аденовирус.
- Потешки бактериски инфекции можат да бидат причина за намалена желба за внес на течности и храна. Некои инфекции како салмонела и ешерихија коли можат да предизвикаат повреаќање и пролив.
- Зголемено потење, заради висока надворешна температура и висока влажност на воздухот.
- Зголемено мокрење кај недијагностициран или лошо лечен дијабетес.
- Цистична фиброза или целијакија.
Знаци и симптоми на дехидрација
Вашето дете може да има еден или повеќе симптоми на дехидрација:
- знемиреност, иритабилност
- поспаност, летаргичност
- ладна или испотена кожа
- плачење без солзи
- суви усни или сув (обложен) јазик
- воспалени очи
- темно обоена мокрача
Кога е потребно да се побара помош од лекар?
Јавете се кај педијатарот доколку вашето дете
- одбива да пие раствор за рехидрација
- не престанува да повраќа
- не се опоравува и покрај сите напори
- во содржината на повратеното има траги од крв
- повраќа содржина со зелена боја
- има силни болки во стомакот
- има повеќе од 7 столици во тек на 24 часа
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?