|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да му дадете лек на Вашето бебе?

www.zazdravje.com.mk, 4.11.2011
Лековите за децата, пред се оние најмалите, се прават во облик на сирупи или прашоци кои се раствораат. Дозирањето пред се зависи од тежината на детето, а лекарот ќе препише колку точно лек треба да му дадете на детето во една доза.

image
/11


 


Кон овие упатства треба строго да се придржувате!


Пред давање на одреден лек, треба да припремите шприц (без игла) или лажичка. Бебето треба да го подигнете во полуседечка положба и да го вшприцате лекот во устата – од страна, бидејќи така најдобро би го проголтало.

Доколку се случи детето да го исплука или да го поврати лекот веднаш после давањето треба да ја повторите постапката со истата доза на лек. Доколку бебето поврати после период од дваесет минути, не треба да го повторувате давањето на лекот.

Во случај детето да има висока температура, прво треба да му ја симнете температурата, па тогаш да го дадете лекот. Се препорачува лековите да ги дава мајката, поради добро проверената релација мајка и дете.

Треба да се избегнува давањето на лекот со шишенце, или со приборот со кое детето се храни. Доколку плаче или го избегнува давањето на лекот, постапката треба да ја одложите за подоцна. Најпрво треба да го смирите детето, па во игра да му дадете да го испие лекот. Никако не е добро насилно да ги давате лековите.

 

zazdravje

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Водич за спиење на бебиња | Што да очекувате?
Спиењето на бебето може да биде предизвик за новите родители. Додадете ја исцрпеноста од раѓањето и грижата за постарите...
4
Осип после висока температура
Розеола, исто така позната како шеста болест (exanthem subitum и roseola infantum) е вирусна болест кај мали деца. Се ка...
4
Што го намалува имунитетот кај децата?
Веќе започна периодот на настинки. Болките во грлото, кашлањето и отежнатото дишење се проблем на многумина
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?