|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да ја разбудите креативноста кај децата?

karas4training, 4.8.2015
Секој родител посакува неговото дете да го достигне својот максимален креативен и интелектуален потенцијал. Факт е дека креативните лица се пофлексибилни, полесно ги совладуваат пречките и гледаат можности таму каде што другите гледаат проблеми
Клучни зборови:

image
/11


 

Креативноста не е наследна карактеристика и не е талент кој само некои деца го поседуваат. Секое дете може да биде креативно доколку родителите вложуваат труд и создаваат услови за тоа да ја користи својата имагинација.

Преку неколку едноставни активности може да му помогнете на вашето дете да ја развие својата креативност:


1. Забавувајте се со игра „боја на денот". Изберете боја на денот, на пример црвена. Сè што ќе правите тој ден, препорачливо е да ја вклучува оваа боја.

2. Максимално одглумете улога. Независно oд улогата, адаптирајте го и гласот на својата улога и искористете реквизити кои ви се при рака. На овој начин ќе го поттикнете и вашето дете да го направи истото. Децата од претшколска возраст кои минуваат повеќе време глумејќи различни улоги се покреативни.

3. На детските прашања одговарајте со прашања. Децата по природа се љубопитни и поставуваат илјадници прашања. Нема ништо лошо веднаш да му го дадете точниот одговор, но на ваков начин со поставување прашање на прашање ќе го охрабрите да даде свое видување за непознатиот збор.

4. Поттикнете го да ги користи петте сетила. Заврзете му ги очите на вашето дете и побарајте преку допир да погоди каков предмет сте ставиле пред него. Или пак, поставете му предизвик да погоди каква храна сте ставиле во неговата уста додека му се врзани очите и затнат носот. Додека сте на прошетка, прашувајте го какви ароми се чувствуваат во воздухот околу вас.

5. Поставувајте му „отворени" прашања. Отворените прашања кои немаат стандарден одговор го поттикнуваат детето да размислува надвор од кутијата и да ја вежба својата креативност за да смисли соодветен одговор.

6. Подржете го и ако направи грешка. Грешките се составен дел од процесот на учење, но многу деца се плашат од нив, бидејќи често се проследени со исмејување. А стравот е голем непријател на креативноста. Децата кои се плашат од грешки, не размислуваат креативно. Не дозволувајте вашето дете да се разочарува. Кога ќе погреши нешто, дајте му можност да си ја поправи грешката или помогнете му да извлече поука. Истражувањата покажуваат дека повеќе учиме кога грешиме отколку кога нашите напори завршуваат со успех.

7. Зголемете му ја самодовербата и самопочита. Самоуверените деца полесно се изразуваат. Кога детето се почитува себеси, се гордее со своите размислувања и не ги крие во себе.
8. Дозволете му само да донесува одлуки. Поттикнете го детето самото да ја избере облеката, самото да одлучи што ќе јаде за вечера или кои предмети ќе ги вклучи во својата игра. Ако е поголемо, можете да му дозволите самото да ја декорира својата соба, или барем дел од неа.

9. Мотивирајте го да измислува приказни. Побарајте од вашето дете да измислува приказни или да довршува бајки кои вие ќе ги започнете. Така ќе си ја развива креативноста на забавен начин, а резултатот честопати ќе биде хумористичен и ќе ви измамува насмевки.

Поттикнувајте ја љубопитноста на вашите деца, зголемувајте ја нивната самодоверба, покажувајте ентузијазам и охрабрувајте ги да ја изразуваат креативноста.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кој тип на вежбање најмногу прилега во бре...
Бременост! Мислиме дека ова е периодот кога никој нема да ни замери што јадеме повеќе од вообичаено, некое кило плус нем...
2
5 брзи трикови за совршена фигура
Понекогаш ни сами не сме свесни колку со здрав начин на живот можеме да влијаеме на здравјето и да го промениме текот на...
2
Безбедно ли е да се спортува за време на б...
Убавата и цврста фигура е "фикс идеја" за повеќето жени. Тие се борат со вишокот килограми, почитуваат строги диет...
2
Брзото одење го продолжува животот
Пешачењето е едно од најдобрите работи што можете да направите за вашето здравје. Тоа е корисно за срцето, крвниот прити...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?