|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да ја научите ќерката да биде дама?

Tamara Sorak, 7.5.2014
Вашата ќерка може да биде убаво воспитана, нежна, уредна и чувствителна девојка која никогаш нема да има проблеми во односите со другите – ваша дама со која ќе се гордеете... Кои жени се дами?
Клучни зборови:

image
/11


 

Дамите се жени кои водат грижа за своето однесување и имаат обзири кон другите. Нивната облека е секогаш чиста и убава, што не значи дека треба да биде скапа. Тие се нежни, одмерени, грациозни и мили, а нивното однесување е синоним за жена. Дамите имаат беспрекорни манири и не се злонамерни во односите со другите.

Се поставува прашањето како девојчињата стануваат дами. Најверојатно ги одраснала мајка која и самата е таква.

Иако не постои ништо лошо во тоа што некои девојчиња не сакаат како мали да носат фустанчиња и розева боја, што на фудбалските игралишта се подобри од многу момчиња од своето друштво и што побрзо би играле војна отколку принцези, девојчињата се сепак девојчиња и еден ден ќе пораснат во жени.

Затоа треба да им се објасни дека треба да бидат горди на тоа што се и никогаш да не заборават на сочувството, разбирањето, самопочитта и коректниот однос кон другите, како и тоа дека облеката не го прави човекот, туку само допринесува за подобар прв впечаток.

Дознајте како можете да му помогнете на своето девојче еден ден да стане дама:

 

Бидете добар пример

Најдобар начин за да го научите вашето дете да биде вистинска млада дама е и вие да се однесувате така. Децата учат според модел и ако вашата ќерка види дека и вие се однесувате и облекувате како дама, голема е веројатноста и таа да тргне по вашите стапки.

 

1

 

Внимавајте на зборовите

За секоја дама е важно однесувањето, а тоа подразбира и изговорените зборови. Тоа не значи дека треба да се воздржувате само од пцуење, туку и од озборување и обраќање некому на начин кој би можел да се смета за непристоен и злонамерен. Треба да се спомене дека тука спаѓа потценувањето на туѓиот авторитет.  Навиките и образецот на однесување се формираат на самиот почеток на животот, затоа внимавајте на секој збор.

 

2

 

Облека за дами

Облеката не го прави човекот, но ако обрнете малку повеќе внимание на облеката наменета за девојчиња во бутиците, ќе забележите дека тоа не е облека за малечките дами. Детските фустанчиња, панталони и кошули, претставуваат мала верзија на облеката која ја носат возрасните и често тие парчиња облека се неприкладни. Затоа внимателно размислете кога купувате. Најважно од се е облеката на девојчето секогаш да биде чиста и соодветна на временските услови.

 

3

 

Горда на својата женственост

Во денешно време жените можат да бидат силни независни и со голема самодоверба и да ја задржат својата женственост. И самите знаеме дека шармантните и грациозни жени оставаат силен впечаток. Затоа охрабрете ја да биде грациозна и љубезна во секоја ситуација.

 

4

 

Поработете на нејзините ставови

Ставовите кај малите деца се формираат рано, заради што е важно да разговарате со нив сериозно  и да им помогнете да изградат коректен став, пред да биде предоцна. Дури и ако вашето девојче е најубаво и најнамирисано на светот, никој нема да го забележи доколку е непријатно и негативно.

 

5

 

Однесувајте се внимателно

Духот на едно дете најлесно се нарушува со грубост. Секој родител мора да знае дека грубоста не дава резултат. Доколку вашето девојче сака да облече валкан фустан, објаснете и зошто тоа е лоша идеја, наместо да и го земете фустанот од раце и да ја расплачете.

 

6

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направи сам: Велигденска кошничка
Покрај сите овие предлози за тоа како да ги декорирате вашите велигденски јајца, редно е да ве инспирираме и со направи ...
4
Зошто е важно читањето сликовници?
Зошто е важна сликовницата за правилен развој на детето?
4
Избираме најубава творба: Илија Јовчев
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати наставничката на Илија ...
4
Официјален Регистар на педофили во Р. Маке...
Презентиран Регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија.
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?