|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да изберете играчка соодветна на возраста на детето

Редакција Рингераја, 4.5.2010
На детето во текот на својот развој потребни му се различни играчки кои ќе го привлечат неговото внимание и затоа мораме да ги бираме според неговата возраст.
Клучни зборови:

image
/11


Купувајте играчки кои се соодветни за возраста на детето! Многу едноставни играчки брзо ќе му здодеат на детето, а оние кои многу бараат ќе му ја намалат самодовербата. На детето во текот на својот развој му се потребни различни играчки кои го интересираат и затоа мораме да ги бираме земајќи ја во предвид неговата возраст.

Возраст: До првата година

Бебето го истражува светот низ следење и движење. Играчките ги става во уста, запознава бои, материјали, звуци, како и различни форми. Соодветни играчки: меки играчки, играчки кои се вртат, оние кои може да се гризат, ѕвончиња, играчки за вода, топки, сложувалки од неколку делови, играчки кои детето ги турка или влече, автомобили, книги од материјали кои лесно се перат...

Возраст: Од 1-3 години

Детето е многу поподвижно, сака да ги имитира активностите на возрасните, создава - гради, составува, обликува различни материјали. Соодветни играчки: играчки кои се сложуваат една на друга, играчки кои ги турка или влече, автомобили, големи коцки, музички играчки, книги, кукли, детски алат, мини кујни и слично.

Возраст: Од 3-4 години

Детето интензивно ја истражува својата околина, ги испробува своите физички можности, во игра ги имитира луѓето и предметите, создава - сака да составува и да обликува од ситни делови и материјали. Соодветни играчки: бои и боички, магнетна табла, книги, сложувалки, играчки за составување, коцки, автомобили, спортски играчки, трицикл, коњ за лулање, автомобил кој го вози детето, различни костими, детски алат, мини кујни и слично.

Возраст: Од 4-6 години

Детето го интересира многу, испробува како работат одредени работи, сака да соработува со други деца во друштвени игри, игри со улоги, сака да гради, обликува, црта, ги испробува своите физички можности. Соодветни играчки: едноставни друштвени игри, сложувалки, коцки, автомобили, кукли, костими, пластелин, книги, боички, детски музички инструменти, двоглед, детски ножички за хартија, спортски играчки, детски велосипед.

Возраст: На 6 години

Го привлекуваат и посложени активности и игри, го интересира цртање, пишување, сметање, сака да ги имитира возрасните, го интересираат истражувачки, измислени игри. Соодветни играчки: друштвени игри и игри кои се играат надвор, конструкција на играчките, посложени сложувалки, кукли, едноставни помагала за рачна работа, играчки кои претставуваат вистински предмети, едноставен фотоапарат, електрични возови, книги, музички интрументи. 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крал Волкашин и Марко Крале
Македонски народни приказни
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Како да го промените разгаленото дете
Дали вашето дете е мало чудовиште? Ставете крај на бесот и барањата со овие наши совети.
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?