Ако имате среќа, по овие 100 лесни чекории, детето ќе заспие. Ако немате среќа, повторете ги од почеток...
- Објавете дека е време за во кревет.
- Почекајте додека детето престане да плаче.
- Објаснете му дека спиењето не е казна.
- Објаснете му дека спиењето не е нов концепт.
- Објаснете му дека, да, ќе спие секоја ноќ.
- Земете го во раце вашето дете.
- Објавете дека сеуште е време за во кревет.
- Нека вашето дете знае дека нема да се јавите ако ве вика на име.
- Кажете му на детето дека е време да се качи по скалите.
- Гледајте го како се влече по скалите како полжав.
- Почекајте детето да престане да плаче.
- Земете го детето во раце.
- Качете го по скалите.
- Земете го погрешниот пар пижами.
- Повторно земете друг погрешен пар пижами.
- Објаснете му дека пижамите кои ги сака се во машината за перење.
- Објаснете му дека нема да перете вечерва алишта.
- Утешете го детето додека плаче.
- Објаснете му дека не се викаме по име во оваа куќа.
- Гледајте како детето се мачи да ги облече пижамите.
- Прашајте го детето дали може да му помогнете.
- Продолжете да гледате како детето се мачи.
- Гледајте го како се обидува долниот дел од пижамата да го стави горе.
- Утешете го вашете дете.
- Ставете му ги погрешните пижами.
- Кажете му дека е време да се измие заби.
- Објаснете ги предностите на денталната хигиена.
- Земете го во раце вашето дете.
- Однесете го во бањата.
- Ставете мала количина паста на четката.
- Наводенете ја четката.
- Кога вашето дете ќе ја отвори устата неколку милиметри, измијте му ги забите.
- Вашето дете ќе се обиде да плука во мијалникот, но ќе плука на плочките. Исчистете.
- Земете го детето во раце.
- Речете му на детето да земе 2 книги.
- Детето ќе ги земе двете книги со најдолги приказни.
- Прочитајте ја првата реченица од секоја трета страна во книгата.
- Одговорете на сите поставени прашања.
- Кажете му на детето дека е време за бакнеж за добра ноќ.
- На детето изненадно ќе му се припие вода. Дајте му.
- Детето ќе постави прашање. Одговорете.
- Кажете добра ноќ и бакнете го детето.
- Детето ќе сака да го прегрнете. Прегрнете го.
- Детето ќе ви каже дека му се кака и дека мора да оди во бањата.
- Одете со него во бањата за да изврши нужда.
- Детето може да се уплаши. Кажете му дека нема причина да се плаши.
- Детето ќе ви постави прашање на животот. Одговорете.
- На детето ќе му треба уште една прегратка и бакнеж. Дајте му бакнеж и прегрнете го.
- На детето ќе му се примочка. Однесете го во бањата и кажете му дека предмалку мочкаше.
- Детето ќе сака додаток за шољата за успешно да мочка.
- Ставете го додатокот на шољата.
- Детето ќе сака да ви раскаже 10-минутна приказна. Слушајте.
- Изгаснете ја ламбата.
- На детето ќе му текне дека го сака плишаното мече.
- Прашајте го каде е.
- Детето ќе ви каже дека е во автомобилот.
- Побарајте во дневната соба.
- Побарајте в кујната.
- Побарајте го градината.
- Погледнете во имотот на соседите.
- Откријте дека плишаното мече е под креветот на детето.
- Прашајте го детето дали знаеше дека е под креветот.
- Детето ќе каже дека му се вечера. Објаснете му дека е доцна за вечерање.
- Детето ќе плаче дека е гладно. Потсетете го дека јадеше пред еден час.
- Објаснете му на детето дека не смее да ве вика по име.
- Детето ќе сака да го прегрнете и бакнете. Прегрнете го и бакнете го.
- Детето ќе ви каже дека сака да му ја наместите перницата и јорганот. Наместете ги.
- Детето ќе ви постави неколку прашања. Одговорете ги.
- Детето ќе забележи дека крајот на јорганот му допира на лицето. Наместете го убаво.
- Детето ќе побара да го вклучите светлото во салонот. Вклучете го.
- Детето ќе побара уште една приказна. Кажете му дека нема повеќе приказни.
- Детето ќе праша каков е планот за утре.
- Кажете му на детето добра ноќ.
- Детето ќе каже дека нозете и задникот го чешаат.
- Намачкајте го со течна пудра.
- Ставете го детето во кревет.
- Наместете го јорганот правилно.
- Кажете добра ноќ.
- И детето ќе каже добра ноќ.
- Кога ќе ја фатите вратата детето ќе ви каже дека не носи чорапи.
- Одберете погрешен пар на чорапи.
- Повторно одберете погрешен пар на чорапи.
- Земете правилни чорапи.
- Ставете го правилниот пар чорапи обратно на нозете на детето.
- Ставете го правилниот пар чорапи обратно на нозете на детето.
- Ставете ги чорапите правилно.
- Искористете го последниот атом енергија за да се задржите на нозе.
- Кажете добра ноќ.
- И детето ќе каже добра ноќ.
- Пред да ја напуштите собата детето со најтажна фаца ќе ви побара вода.
- Дајте му чаша вода и замолете го да спие.
- Детето ќе побара да го измасирате.
- Масирајте го додека не ја чувствувате сопствената рака.
- Полека престанете со масирање. Станете. Обидете се да излезете од собата.
- Детето ќе ги отвори очите. Кажете му дека е време за спиење.
- Ако детето плаче, обидете се да бидете сериозни.
- Кажете добра ноќ.
- Преправајте се дека слегувате по скали, а всушност ѕиркајте од зад вратата.
- Молете се.
- Слезете по скали.Можете да се одморите 5 минути пред детето да ве викне назад.
Честитки!
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Стари македонски имиња за момчиња
Кога очекувате бебе, едно од нештата кои ви предизвикуваат возбуда, е изборот на името на новиот член во семејството. Ве...
4
10 вкусни овошни кашички за бебе
Направете сами сладок оброк за своето бебе! Домашните кашички се повкусни, поздрави, поевтини. Еве неколку предлози...
3
Рецепти за први оброци на бебето
После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителн...
3
Осип после висока температура
Розеола, исто така позната како шеста болест (exanthem subitum и roseola infantum) е вирусна болест кај мали деца. Се ка...
3