|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да го воспитувате детето без ќотек

Редакција Рингераја, 25.8.2018
Живееме во поднебје каде „ќотекот е излезен од рајот“ и физичкото казнување е во многу голема мера сосем нормално на нашите простори. Но, психијатрите и психолозите предупредуваат дека тоа остава трајни последици кај детето
Клучни зборови:

image
/11


Во продолжение пренесуваме 10 совети од експертите за тоа како треба да се однесувате, за да го избегнете физичкото казнување, а притоа детето сепак да ја научи лекцијата.

1. Никогаш не заборавајте дека тоа е сепак само дете. Обидете се да се ставите во негова кожа. Ако можете да се потсетите на сопствениот начин на размислување кога сте биле на негова возраст, тогаш најдобро ќе можете да разберете како размислува. Во тој контекст и на наједноставен можен начин, обидете се да му објасните зошто тоа што го прави е погрешно.

2. Никогаш не заборавајте да го пофалите кога се однесува добро и правилно. Според неодамнешни истражувања, потребни се 5 до 7 пофалби за да поништат само една негативна критика. Затоа, користете ја секоја можност да го пофалите неговото однесување и потрудете се кога го укорувате, тоа да биде благо и во позитивен контекст. Наместо да го критикувате, појаснете му зошто или како би било подобро или правилно. Објаснете му дека не го укорувате, бидејќи кога нешто не знае – грешката не е страшна и е нормално да се згреши. Но нагласете му дека сега му објаснивте како треба. При тоа, никако не се заканувајте со физичка казна.

3. Внимавајте на сопственото однесување. Барем пред вашето дете. Нема да имате никаков ефект ако детето гледа однесување од ваша страна кое е сосем спротивно на она кое му го налагате. Запаметете дека вие сте моделот на однесување кое детето постојано го наблудува, проучува и се обидува да го копира.

4. Кога се обидува да ви каже нешто – слушајте внимателно. Да, често пати можеби само ви троши време, но неверојатно е колку многу можете да научите подобро да го разбирате своето дете. Освен тоа, ако редовно не го исслушувате, може да престане да ви дава повратни информации и да се затвори во себе. Ако не можете да го исслушате во моментот, замолете го да ви каже подоцна, објаснувајќи му дека во моментот имате важна и неодложна работа.

5. Создадете услови да ви каже што чувствува и размислува. Објаснете му дека тоа не е страшно и е нормално секој понекогаш да размислува погрешно. Ако размислува или чувствува погрешно, наместо да го укорувате, продолжете да поставувате потпрашања, за да дојдете до причината за таквото расмислување и обидете се да ја елиминирате таа причина. Така детето ќе го поправи своето размислување без всушност и да сфати дека вие всушност сте влијаеле на тоа.

6. Кога детето е бесно, уплашено или вознемирено, овозможете му да ги искаже тие чувства. Сите понекогаш имаат потреба „да се испразнат“. Подоцна, смирено разговарајте околу тоа.

7. Барајте објаснување за неговото однесување. Кога не се однесува како што треба, обврзно. Но, понекогаш барајте објаснување и за неговото правилно однесување. Ако до сега не сте практикувале да му барате објаснување за однесувањето, почнете со тоа што најпрво ќе побарате објаснување за одредено позитивно однесување. Така кај детето ќе развиете чувство дека тоа е нормален разговор и полесно ќе се отвори пред вас и тогаш кога погрешило.

8. Ако сте биле неправедни кон детето – извинете му се. Нема да ви се повреди гордоста, а со тоа ќе му укажете дека понекогаш и вие можете да згрешите, со што автоматски ќе сфати дека не е страшно да си ги признае сопствените грешки и да се извини кога погрешило. Ова исто така ќе ја зголеми неговата почит кон вас, бидејќи ќе согледа дека сте сфатиле дека сте биле неправедни кон него, а вашето извинување ќе му укаже на почит од вас кон него, што е пријатно чувство и во голема мера ќе ја ублажи горчината од вашата неправедна постапка.

9. Не ги решавајте сите проблеми наместо него. Но бидете му силна поддршка за да ги реши само. Поставувајте му прашања или кажувајте му што и како треба да направи за да ја постигне целта која ја посакува. На овој начин се постигнуваат серија позитивни ефекти. Учи да биде независно, учи како креативно да размислува, учи општи работи…

10. Детето е личност – тоа никогаш не го заборавајте. Иако вие сте родителот и треба да ја имате контролата, имајте во предвид дека детето има свои права, своја личност, свое достоинство и природно е да очекува тие да му бидат почитувани, посебно од неговите родители.

Се разбира, некогаш и покрај сите напори може да бидете вознемирени или да не помагаат овие совети. Во такви случаи пробајте да се само-контролирате броејќи до 10 пред да направите нешто. Наместо да го удрите детето, силно плеснете со рацете за да го добиете неговото внимание, а потоа одлучете кој од 10 совети е најприменлив во моментот. Ако чувствувате дека целосно ја губите контролата, побарајте од него да се повлечи во друга просторија. Така, вие малку ќе се смирите и ќе си ја вратите контролата, а детето ќе има време да размисли каде погрешило. Потоа со ладна глава, разговарајте за проблемот.

И запомнете – воспитувањето деца бара огромно трпение, но трпението е клучот кон воспитување полно со љубов и разбирање.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Совети за среќен живот
Еве некои совети како да им помогнете на своите деца да живеат посреќно во денешниот свет, исполнет со брзање, напнатост...
3
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Девојчињата прерано на штикли
Многу од производителите на чевли во својата понуда денес имаат и штикли за деца. Лекарите предупредуваат дека носењето ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?